Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Луфтханза“ укинува 20.000 летови поради скапото гориво, до Европа стигна аларм дека може да остане само со резерви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 часа -

Свет
Lufthansa

„Луфтханза“ ќе укине околу 20.000 кратки летови летово за да ги намали трошоците поради наглиот раст на цените на горивото. Дел од откажувањата се поради гасење на неисплатливата „Ситилајн“ (се повлекуваат 27 авиони) и работни спорови. Кризата е поврзана со нарушено снабдување со нафта по блокадата на Ормутскиот теснец, што веќе ги крева цените на билетите. ИАЕ предупреди дека Европа може да има резерви на авионско гориво за само шест недели. Компанијата очекува заштеда од 40.000 тони гориво до октомври и најави реорганизација на мрежата и повлекување дел од флотата на долги релации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Германскиот авио-превозник „Луфтханза“ најави дека ќе укине околу 20.000 летови на кратки релации во текот на летната сезона, како дел од мерките за намалување на трошоците поради наглиот раст на цените на авионското гориво.

Од компанијата информираат дека дел од откажувањата се резултат на гасење на неисплатливата флота на „Ситилајн“, од каде се повлекуваат 27 авиони, но и на тековните работни спорови со вработените.

— реклама —

Одлуката доаѓа во услови на глобална енергетска нестабилност, откако снабдувањето со нафта од Блискиот Исток е сериозно нарушено поради блокадата на Ормутскиот теснец. Ова веќе се рефлектира и врз цените на авионските билети, кои почнуваат значително да растат.

Дополнително предупредување стигна и од Меѓународната агенција за енергија, од каде посочија дека Европа може да остане со резерви на авионско гориво за само шест недели, што ја засилува неизвесноста во секторот.

— реклама —

„Луфтханза“ наведува дека со намалувањето на летовите до октомври ќе заштеди околу 40.000 тони гориво. И покрај тоа, од компанијата тврдат дека кратењата претставуваат околу еден процент од вкупниот капацитет и дека патниците ќе имаат пристап до глобалната мрежа, особено за долги релации.

Паралелно со кратењата, се спроведува и реорганизација на европската мрежа – се укинуваат нерентабилни линии од Франкфурт и Минхен, додека се зајакнуваат летовите од Цирих, Брисел и Виена.

Во рамки на реструктуирањето, компанијата најави и постепено повлекување на дел од флотата за долги релации. Два авиони „Боинг 747“ ќе бидат приземјени за зимската сезона 2026/2027, а четири „Ербас А340-600“ целосно ќе бидат повлечени од употреба до октомври годинава.

Овој потег се смета за јасен сигнал дека кризата со горивото веќе има директни последици врз авио-индустријата, со ефекти што ќе ги почувствуваат и патниците низ Европа и пошироко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Патничка откри скриен оддел во авион, многумина се изненадени што има внатре

Магазин | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

(Видео) Авион се судри со противпожарно возило во Њујорк

Свет | пред 4 седмици

media-librarynl85hd2eoef72iTzc1t

Зошто двајцата пилоти на ист лет никогаш не јадат исто јадење?

Магазин | пред 4 седмици

media-library6u2vkmkev8o992g6IfL

Патничка почина на лет од Хонгконг до Лондон, пилотот продолжил со 12 часовниот лет

Магазин | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања