Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лукоил прогласи „виша сила” на огромното нафтено поле во Ирак поради санкциите на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns
YouTube/Print Screen

поред информациите на Reuters, рускиот нафтен гигант Лукоил прогласи „виша сила“ за испораките на нафта од своето огромно поле Западна Курна 2 во Ирак. Ова е показател дека санкциите на САД почнуваат да влијаат врз меѓународниот бизнис на вториот најголем производител на нафта во Русија.

Ова законски го ослободува Лукоил од договорните обврски, но не значи автоматски целосно запирање на испораките. Сепак, ирачката државна компанија за маркетинг на нафта (SOMO) веќе откажа три товари на Лукоил закажани за испорака во ноември.

— реклама —

Доколку причините за „вишата сила”не се отстранат во рок од шест месеци, Лукоил ќе го запре производството.

Сега ниикој не знае дали нафтата ќе продолжи да се вади, но Ирак ги замрзна плаќањата кон Лукоил по воведувањето на санкциите. Лукоил поседува 75 проценти од акциите во полето Западна Курна 2, кое произведуваше повеќе од 480.000 барели нафта дневно.

— реклама —

САД воведоа санкции врз Лукоил минатиот месец како дел од желбата на администрацијата на Трамп да го зголеми притисокот врз Москва за прекин на војната во Украина. Лукоил реагираше со објавување планови за продажба на своите средства во странство, вклучувајќи ја и Западна Курна 2.

Компанијата ја прифати понудата на групацијата Гунвор, но договорот пропадна по острата реакција од Министерството за финансии на САД, кое го нарече Гунвор „марионета на Кремљ“, што го натера Гунвор да ја повлече својата понуда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистан и САД разговараат за нова рунда преговори меѓу Иран и Америка

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 23 часа

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 1 ден

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања