Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Маѓар до Фидес: Нема да заборавиме што направивте, ќе го пожнеете тоа што сте го посеале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Петер Маѓар, победник на изборите во Унгарија со партијата Тиса, му порача на Фидес дека ќе мора да сноси одговорност за последиците од 16-годишното владеење на Виктор Орбан, нагласувајќи дека „ќе го пожнеат тоа што го посеале“. Тој најави борба против корупцијата и реформи на системот, критикувајќи ги јавните медиуми како пристрасни и пропагандни и ветувајќи независен радиодифузен сервис. Најави и мерки за деблокирање ЕУ средства, вклучувајќи приклучување кон Европското јавно обвинителство.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, упати порака до партијата Фидес, наведувајќи дека таа ќе мора да сноси одговорност за политиките што ги водела во изминатите години.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Маѓар порача дека раководството на Фидес не може да се огради од последиците од своето владеење.

— реклама —

„На раководителите на Фидес им порачувам: колку и да се правите дека ништо не се случило, знаеме што ѝ направивте на нашата татковина и на унгарскиот народ. Не се сомневајте ни за момент – ќе го пожнеете тоа што сте го посеале“, напиша тој.

Магјар на изборите оствари убедлива победа со својата партија Тиса, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Според оценките, станува збор за еден од најголемите политички пресврти во поновата унгарска историја, по кој се очекува формирање нова влада.

— реклама —

Неговата кампања беше насочена кон борба против корупцијата и реформа на системот изграден во изминатата деценија, со силна поддршка од урбаните гласачи и помладите генерации.

По изборната победа, Маѓар за првпат гостуваше во унгарските јавни медиуми, каде остро ги критикуваше државните телевизиски и радиопрограми, нарекувајќи ги пристрасни и пропагандни.

Тој најави дека ќе бидат воспоставени независни и објективни медиуми и дека ќе се преиспита работата на јавниот радиодифузен сервис.

Во своите изјави, Маѓар оцени дека во изминатите години државните медиуми функционирале како пропаганден систем и најави длабоки реформи во медиумскиот простор.

Тој исто така најави мерки за деблокирање на средствата од Европската Унија, вклучувајќи приклучување кон Европското јавно обвинителство, зајакнување на независноста на институциите и враќање на автономијата на универзитетите.

Според неговите проценки, претходната власт годишно трошела околу 600 милијарди форинти за пропагандни активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1inqppkbqmcq4usy8Jp

Мaѓар со порака до Нетанјаху: „Ако влезе во земјата – ќе биде уапсен“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library7k2l68qh265k6j6nMSU

Маѓар со тешки обвинувања: Орбан наводно му помагал на Фицо со мигранти

Свет | пред 5 дена

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Јудит Варга негира дека напишала книга за екс-сопругот Петер Маѓар

Свет | пред 1 седмица

media-library6qv6iih4b2u76MjG3Ix

(Видео) Маѓар му мавтал на Орбан од тераса на претседателската палата – тој не го забележал, бил зафатен со читање

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања