Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мајка на загинато дете во пожарот во „Пулс“ побара одговорност и од двајца актуелни функционери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library39p4goi9fas0cVgWCUr

На денешната седница на Анкетната комисија во Собранието, посветена на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, збор зеде Марија Петрушова, мајка на една од жртвите. Таа пред пратениците и претставниците на институциите ја опиша борбата за расветлување на случајот како „борба за иднината на сите деца во државата“.

Петрушова укажа дека трагедијата од 16 март, во која згаснаа млади животи, не може да се гледа одвоено од серијата институционални пропусти што, според неа, ја оставиле без заштита младата публика во клубот. Таа праша зошто одговорност не се бара и од актуелниот министер за економија и од раководството на Државниот пазарен инспекторат, институции кои, како што рече, имаат надлежности во делот на контрола на работата на угостителски објекти.

— реклама —

Во обраќањето, Петрушова посочи дека во случајот се вклучени повеќе институции – од МВР, БЈБ и локалните полициски структури, до инспекциските служби, УЈП, ДЗСИ, општинските служби и приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, кои имале обврска да обезбедат минимални стандарди на безбедност.

„Секој граѓанин мора да се запраша – што се случува со нашите животи ако вакво нешто може да се повтори? Каде е безбедноста што државата треба да ја гарантира? Ние сме овде за да бараме правда. Не можеме да останеме безгрижни. Нашето барање е овој случај да се третира како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот. Она што го доживеавме претставува системска опасност за сите граѓани.

Надлежност за случајот имаат МВР, БЈБ, СВР Штип, ОВР Кочани, инспекторката за економски криминал при ОВР Кочани, градоначалникот и општинските инспектори, ДПИ, Министерството за економија, УЈП, ДЗСИ, Агенцијата за обезбедување ‘Рубикон’ и низа други институции. Наместо да ги заштитат, системот ги остави нашите деца на немилост во објект кој работел незаконски и без соодветни безбедносни стандарди. Оваа трагедија е резултат на системски пропусти и негрижа.“

— реклама —

Присутните членови на Комисијата по говорот најавија дека продолжуваат со собирање информации и документација за институционалното постапување пред и по пожарот во „Пулс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања