Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Македонија подготвува најстрог закон за пушење досега: целосна забрана во јавни простори и високи казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx
unsplash/Reza Mehrad

Министерството за здравство го објави новиот Предлог-закон за заштита од пушење, со кој се воведуваат најобемните рестрикции досега за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутун и никотински производи. Законот, кој треба да стапи во сила на 1 март 2026 година, има за цел да ја намали високата стапка на пушачи во земјава — која изнесува околу 45% од возрасната популација.

Со новите одредби се забранува производство, увоз и продажба на сите никотински производи со ароми и вкусови – меѓу нив ментол, овошни и билни варијанти, како и течности за електронски цигари. Министерството посочува дека овие производи особено ја поттикнуваат зависноста кај младите.

— реклама —

Законот воведува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простори, како и во приватни возила доколку внатре има дете. Исклучок се дозволува само на отворени балкони и тераси кои се отворени од најмалку три страни и немаат прегради од стакло или најлон. Пушењето ќе биде забрането и во објекти за сместување, угостителски локали, пазари, јавен превоз и административни институции.

Се предвидува и целосна забрана за рекламирање и промоција на тутунските производи, како и ограничување на прикажувањето на пушење во филмови, серии и интернет-содржини, освен ако тоа не е уметнички оправдано и проследено со здравствено предупредување.

— реклама —

Продажбата на цигари на парче, преку автомати или онлајн ќе биде забранета. Продавниците ќе мора да ги чуваат производите во затворени шкафови без осветлување, а информациите за цените ќе се даваат само преку листa со азбучен ред.

Надзорот ќе го вршат повеќе институции – Пазарниот, Санитарниот и Трудовиот инспекторат, како и МВР.
Физичко лице затекнато како пуши на забрането место ќе се казни со 150 до 300 евра, односно 100 евра при плаќање на лице место. За правните лица казните изнесуваат од 2.000 до 5.000 евра, а инспекторите ќе можат и привремено да забранат вршење дејност до три месеци.

Министерството за здравство објаснува дека ваквите мерки се неопходни бидејќи директните здравствени трошоци за лекување на заболувања предизвикани од пушење надминуваат стотици милиони денари годишно, а целта е „да се заштити јавното здравје и да се намали една од водечките причини за смртност во Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања