Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Македонија тоне по животен стандард – инфлацијата достигна 4,5%, тврди СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека реалните економски показатели ги побиваат, како што велат, „лажните тврдења на власта“ за економски бум.

— реклама —

„Последните податоци за инфлацијата покажуваат дека, спротивно на уверувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, цените и понатаму растат, а куповната моќ на граѓаните се намалува,“ соопштија од партијата.

— реклама —

Според Државниот завод за статистика, годишната инфлација во октомври изнесува 4,5%, при што цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснале за 7%.

— реклама —

„Ова значи дека основните производи без кои не може ниту едно семејство – како лебот, млекото и зеленчукот – се сè поскапи,“ наведува СДСМ.

Цените на мало се зголемиле за 2,8% во споредба со октомври лани, а најголем раст има кај прехранбените производи (6,7%) и кај овошјето и зеленчукот (4,3%).

Партијата смета дека ова е доказ дека економските политики на Владата се промашени и без резултати, и дека сметката ја плаќаат граѓаните преку повисоки трошоци за живот.

„Платите и пензиите не го следат растот на трошоците. Животот секој ден станува поскап, а Владата не презема ништо,“ додаваат од СДСМ.

Во соопштението се вели дека во новиот буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените на храната, како што партијата претходно предлагала.

„На ВМРО-ДПМНЕ им одговара граѓаните да живеат полошо. Тоа е нивна стратегија за слабеење на народот и создавање евтина работна сила. Но граѓаните тоа го препознаваат,“ порачаа од СДСМ.

Тие додаваат дека ќе продолжат да предлагаат конкретни политики за повисоки плати, пониски цени и подобар животен стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 1 час

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 2 часа

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 17 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања