Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Макрон бара забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години уште од септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
makron

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од својата влада да ја забрза законската постапка со цел забраната за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години да стапи во сила веќе во септември, на почетокот на следната учебна година, објави Associated Press.

— реклама —

Во видео-обраќање емитувано на француската телевизија BFM-TV, Макрон истакна дека побарал активирање на забрзана процедура за законот навреме да биде усвоен и потврден во Сенатот. „Мозоците на нашите деца и тинејџери не се на продажба. Емоциите на нашите деца не се на продажба и не смеат да бидат предмет на манипулација – ниту од американски платформи, ниту од кинески алгоритми“, порача Макрон.

— реклама —

Најавата доаѓа само неколку дена откако и британската влада сигнализираше дека размислува за слична забрана за помладите тинејџери, во рамки на построги мерки за заштита на децата од штетни содржини и прекумерна изложеност на екраните. Според податоците на француското здравствено надзорно тело, секој втор тинејџер во Франција дневно поминува од два до пет часа на паметен телефон. Истражувањата покажуваат дека околу 90 проценти од децата на возраст од 12 до 17 години секојдневно користат интернет преку мобилни уреди, а 58 проценти активно се на социјалните мрежи.

— реклама —

Во извештаите се нотирани сериозни негативни последици поврзани со ваквата употреба, меѓу кои намалена самодоверба и зголемена изложеност на содржини поврзани со ризични однесувања, како самоповредување, злоупотреба на психоактивни супстанции и самоубиство. Неколку семејства во Франција веќе поднесоа тужби против платформата ТикТок, тврдејќи дека штетни содржини придонеле за самоубиства кај нивните деца.

Од кабинетот на Макрон за АП појаснија дека видеото било упатено до пратеничката Лор Милер, која е покровителка на законскиот предлог што треба да се најде на јавна расправа. „Забрануваме социјални мрежи за деца под 15 години и ќе ги забраниме мобилните телефони во средните училишта. Тоа е јасно правило – за тинејџерите, за семејствата и за наставниците“, нагласи Макрон.

Како пример, француските власти ја посочуваат Австралија, каде по воведувањето забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години биле укинати околу 4,7 милиони кориснички сметки на деца. Иако таа мерка предизвика жестоки јавни дебати за приватноста, технологијата и менталното здравје, таа стана поттик и за други држави сериозно да размислат за воведување слични ограничувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI

Скандал во Париз: масони, разузнавачи и полицајци дел од криминална мрежа

Свет | пред 10 часа

media-libraryeioifuilc1u60A0h4tT

Спречен напад со експлозивна направа пред банка во Париз

Свет | пред 2 дена

francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Франција ќе ја удвои својата хуманитарна помош за Либан на 17 милиони евра

Свет | пред 1 седмица

media-library607i740ijcjg51heXED

Макрон бара „демократски штит“ против мешање во изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања