Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Манасиевски: Честит 1 април - денот на Филипче и СДС 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryh0oo2gq3vu7sdzaVYIE

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, со ироничен тон, вели дека „официјално ќе има мигранти“ и дека СДС и Венко Филипче биле во право. Тој набројува дека нема зголемување на пензии и плати, нема намалена инфлација, ниту најевтино гориво, и дека нема напредок во Реформската агенда. Потоа саркастично ги фали Заев и Филипче за „успешно водење“, вакцини, цени на струја и горива и ЕУ преговори, завршувајќи со честитка за 1 Април – „денот на СДС“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија ќе има. СДС и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„На овој важен датум, мораме да признаеме и дека нема зголемување на пензиите за пензионерите, нема зголемување на платите за работниците и нема намалување на инфлацијата, немаме најевтино гориво во регионот и Европа.

— реклама —

Денес, мораме да признаеме дека Филипче и СДС се потполно во право. Немаме напредок во Реформската Агенда и не сме лидери на Балканот во овој сегмент. Ние немаме визија како се води држава, но затоа ги слушаме советите на Зоран Заев и Венко Филипче кои, мораме да признаеме, навистина успешно ја водеа државата.

На ваков ден мора да си признаеме, лидери како Заев и Филипче – Македонија немала. Чесни и патриоти луѓе. Луѓе кои никогаш не згрешиле на македонскиот народ. Луѓе кои секогаш стојат на зборот и секогаш  го исполнуваат. Немаат ниту една дамка во овие изминати години кои може да се поврзат со Венко Филипче, Зоран Заев или со СДС.

— реклама —

Денешниот датум не потсеќа дека Заев и Филипче секогаш мислеа на граѓаните, а не на тендерите. Тие први носеа вакцини во ковид кризата, први намалија цени на електричната струја во енергетската криза, први намалија цена на горива кога пред некоја година дивееја цените во светот. Да потсетиме дека тие отворија  преговори со ЕУ, и дека датумот е на маса и само се чека потпис на документот.

Почитувани граѓани,

За крај, дозволете да го честитам први април – денот на СДС“, вели Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1vlept802nt58DpEC4b

Манасиевски: Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање опозициски фронт, Заев и Башановиќ со директни насоки и упатства

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycve45r9fs14tckKkEST

Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryuo6e2atnin10cjJARvv

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања