Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Манасиевски: Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање опозициски фронт, Заев и Башановиќ со директни насоки и упатства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 часа -

Македонија
media-library1vlept802nt58DpEC4b

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ, заедно со Александар Саша Димитријевиќ, имале средба во Скопје за формирање и насочување на „опозициски фронт“ во Србија, по инструкции од Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Тој го истакнува Ратковиќ како меѓународен секретар на српската СДС и коосновач на „Отпор!“, и обвинува дека македонската СДС се става во служба на партија во друга држава и дека без дистанцирање од Заев нема да се стабилизира.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра.

— реклама —

Имено, станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според јавно достапните информации, знаеме дека е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која инаку е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДС на Заев.

Зошто е важен господинот Јован Ратковиќ, затоа што станува збор за човек кој е еден од основачите на движењето „Отпор!“ од Србија, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот.

— реклама —

Според јасните инструкции и насоки од Башановиќ и Заев, тројката составено од Бранко Ружиќ, Јован Ратковиќ и Александар Саша Димитријевиќ, се имаат сретнато на средба во Скопје на која било дискутирано за натамошните дејствија на овој таканаречен опозициски фронт во Србија.

Почитувани граѓани,

За жал, СДС се става на услуга на друга партија во друга држава, додека нивната партија во Македонија има рејтинг кој се мери на една шака.

СДС предводена од чиракот на Заев, Филипче и неговиот послушник Димитријевиќ, за жал се распаѓа поради послушноста кон врховниот лидер Заев, чиј доказ е неговиот пречек на роденденот на СДС.

Се додека СДС не се дистанцира и огради од Зоран Заев, нема да застане на нозе“, додава Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh0oo2gq3vu7sdzaVYIE

Манасиевски: Честит 1 април - денот на Филипче и СДС 

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library5p1ne36l4dbvfnx11c5

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycve45r9fs14tckKkEST

Манасиевски: По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Заев – Башановиќ во Грција

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryuo6e2atnin10cjJARvv

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања