Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Маж ја тепал бремената сопруга: 14 пријави за семејно насилство за еден ден, четворица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
semejno-nasilstvo

Во последното деноноќие се евидентирани 14 пријави за семејно насилство во Скопје, Гостиварско, Кавадарци и Охрид, со повеќе случаи на физички напади, закани и агресивно однесување меѓу сопружници, партнери и други членови на семејството. Полицијата лишила од слобода четири лица, меѓу кои за напад врз невенчана сопруга со остар предмет во гостиварско, напад врз сопруга во Кавадарци, закани со остар предмет кон син во Скопје и напад врз бремена сопруга во Скопје. Се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

14 пријави за семејно насилство во последното деноноќие, четири лица се лишени од слобода во Скопје, Кавадарци и гостиварско

— реклама —

На 09.03.2026 во 16:10 часот во ОВР Гостивар, 35-годишна жена од Кичево пријави дека, поради претходно недоразбирање, нејзиниот поранешниот сопруг Е.И. ѝ упатувал закани и агресивно се однесувал кон неа.

— реклама —

На 09.03.2026 во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.

— реклама —

На 10.03.2026 во 04:00 часот ОВР Гостивар, 44-годишна жена од гостиварко пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.

На 10.03.2026 во 00:55 часот во гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(21) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.

На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале.

На 09.03.2026 во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 65-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна сопруга.

На 09.03.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга. Исто така, на 10.03.2026 во 01:00 часот, 37-годишна жена пријави дека претходниот ден во домот била нападната со тврди предмети од нејзиниот 46 - годишен сопруг.

На 10.03.2026 во 04:30 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека од месец септември 2025 година досега, во скопско, нејзиниот сопруг С.А.(36) ѝ упатувал закани, а на 07.03.2026 физички ја нападнал.

На 10.03.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријави дека на 09.03.2026 во домот во скопско била физички нападната од нејзината снаа Е.С.(28).

На 09.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека на 08.03.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А..

На 09.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријави дека на 08 и 09.03.2026 во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот 33-годишен вонбрачен партнер. Исто така, во 17:30 часот, 33-годишен маж пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка.

На 09.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж пријави дека на 07.03.2026 во домот на подрачјето на Центар, неговата партнерка И.К.(36) го нападнала со тврд предмет.

На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б.(68) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет на неговиот 35-годишен син.

На 08.03.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(31) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата бремена 30-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 12 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 15 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 17 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања