Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната и креативната економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Potp.-Memorandum-so-Britanski-Sovet-1

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорката на канцеларијата на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сирс, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за периодот 2024 – 2027 година, кој е важен чекор кон зајакнување на соработката во областа на уметноста, културата и креативната економија.

Со потпишувањето на Меморандумот се реафирмира 30-годишното партнерство и пријателство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, а со тоа и можноста за поголема достапност на програмите на Британскиот совет во нашата земја и засилени кампањи за нивна афирмација.

— реклама —

„Потпишувањето на овој меморандум е потврда за добрите односи меѓу канцеларијата на Британскиот совет и Министерството за култура и туризам. Соработката ќе овозможи размена на знаења и искуства, како и реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава“, рече министерот Љутков.

— реклама —

Министерот изрази уверување дека Меморандумот ќе отвори нови можности за културна размена и соработка помеѓу уметниците и нагласи дека тој ќе биде платформа за иновации и креативност, а тоа ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена. Таквата соработка ќе им овозможи на уметниците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.

Со Меморандумот е предвидено да се спроведуваат проекти и активности во следниве области: градење капацитети за професионалци, филм, музика, визуелни уметности, театар, игри, технологија, културно наследство, дизајн, архитектура, мода и издаваштво.

Директорката Сирс очекува потпишувањето на Меморандумот за разбирање и улогата на Британскиот совет да придонесат за продлабочување на културните врски и за зголемување на иницијативите за реализација на значајни проекти.

„Овој меморандум за разбирање го означува почетокот на една нова ера во нашата соработка со Северна Македонија. Ќе бидеме непосредно вклучени во дополнителното зајакнување на енергичната креативна економија на земјата, особено во контекст на претстојните големи настани кои ќе понудат единствена можност да се прикаже талентот на Северна Македонија на пошироката сцена. Посебно сум задоволна што нашето партнерство доби нов замав благодарејќи на министерот Зоран Љутков и со нетрпение очекувам ова да биде првиот од многуте проекти што ќе ги реализираме заедно“, изјави Сирс.

Амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Н. Е. Метју Лосон, кој присуствуваше на потпишувањето, рече дека овој документ е значаен чекор за долгорочна и продуктивна соработка меѓу двете земји.

„Особено сум горд и се радувам што присуствував на денешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Британскиот совет и Министерството за култура и туризам. Ова е потврда за продлабочување на нашите културни врски и британско-македонските односи. Одбединетото Кралство има многу да понуди во однос на креативните економии и развој на овој сектор во земјата. Заедно ќе работиме кон реализирање на многубројни проекти со поддршка од Британскиот совет и во соработка со Министерството за култура и туризам”, истакна амбасадорот Лосон.

Очекувањата се дека Меморандумот ќе придонесе за продлабочување на културните врски и за зголемување на заедничките иницијативи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Културните работници за Уставен: „Што се смени – составот или нарачката?“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytvdr36d5lmak03OhcLy

Софија Куновска со жестоки обвинувања за Љутков: „Најсрамен министер за култура“

Коментари | пред 2 седмици

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд

Македонија | пред 2 седмици

media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Магазин | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања