Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

КУЛТУРА

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Културните работници за Уставен: „Што се смени – составот или нарачката?“

Синдикатот на културата на Република Македонија со остра реакција по одлуката на Уставен суд од 8 април 2026 година, обвинувајќи за контрадикторно толкување и потенцијално уривање на работничките права.Во соопштението, Синдикатот посочува дека истиот член 66 од Колективниот договор за култура бил оспоруван и во 2021 и во 2026 година, но со различни правни позиции од страна на Судот. Според нив, во 2021 година Судот јасно утврдил дека колективниот договор е легитимен инструмент за уредување на правата на работниците, додека сега се доведува во прашање неговата законитост.„Не може да се споредуваат како иста категорија вработени кои се во различен институционален и правен режим“, наведуваат од Синдикатот, потенцирајќи дека законите прават јасна разлика меѓу државни и јавни службеници.Дополнително, реагираат дека Судот истовремено го оспорува колективниот договор затоа што „воспоставува сопствен модел“, но и самиот закон го оценува како недоволно прецизен, што според нив создава правна конфузија.„Се добива впечаток дека Уставните судии се порекнуваат самите себе“, се наведува во реакцијата.Синдикатот нагласува дека токму колективните договори треба да ги доуредуваат прашањата што законите не ги разработуваат, особено кога станува збор за методологијата и коефициентите за пресметка на платите.Оттаму предупредуваат дека ваквото толкување може да создаде опасен преседан, со кој би се довеле во прашање сите колективни договори во државата, доколку се оспоруваат затоа што предвидуваат поповолни права од законските.„Секој обид повисоко ниво на работнички права да се претстави како спорен е спротивен на основната логика на трудовото право“, порачуваат од Синдикатот, најавувајќи дека ќе инсистираат на почитување на основните правни начела во понатамошната постапка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrrsbn39od4sr3WTnz2Z

(Фото) „Културата е инвестиција, не трошок“ – Куновска за состојбата со културата во земјата

Поранешната пратеничка Софија Куновска на социјалните мрежи објави фотографија од фонтана, полна со пикавци. Таа посочува дека цената на ваквото однесување не се мери само во финансиски трошоци за чистење и одржување, туку и во влијанието врз децата, општеството и имиџот на државата. Во својата реакција, Куновска го прозва и министерот за култура, прашувајќи дали институциите се свесни за вистинската вредност на културата како инвестиција, а не трошок.„Знаете како се вика ова?Кој мисли дека министерот за култура знае, се лаже себе си.Ова се вика НЕКУЛТУРА. А знаете колку чини?Колку сето чистење, обновување на нашиот јавен простор, цената на растење на нашите деца во ваква средина, цената на живеење на возрасните во ваква средина, цената на оставање впечаток на секој посетител на нашата земја, што после ќе ја плаќа гранката туризам и економија и т. .н. До недоглед.Ова е само еден млимикронски дел од нашата КУЛТУРА-НЕКУЛТУРА.А каде е цената на КУЛТУРАТА-НЕКУЛТУРА кога станува збор за вредностите како што се почитување на различностите, семејни вредности, комуникациска култура, култура на здрава животна средина и т.н. Може ли некој да ги претвори во цифри сите убиства, насилништва, детски солзи, семејни страдања, комшиски пресметки, психофизички страдања и болести кои се последица од оваа КУЛТУРА-НЕКУЛТУРА?Љутков најмалку. Затоа и не знае ниту што ниту како треба да сработи.“КУЛТУРАТА Е ИНВЕСТИЦИЈА, НЕ ТОШОК.” -Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана“, напиша Куновска.

Коментари | пред 2 седмици

media-librarytvdr36d5lmak03OhcLy

Софија Куновска со жестоки обвинувања за Љутков: „Најсрамен министер за култура“

Актерката Софија Куновска упати остри критики кон министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оценувајќи го како „најсрамен министер за култура на сите времиња“.Во својата реакција, Куновска го обвинува Љутков за неспособност, некомпетентност и неодговорност, додавајќи дека, како што наведува, „подолго време ги множи со нула своите колеги“.„Дали некои институции ќе ја заменат својата улога на столб на правдата со улоги слични на неговата, ќе видиме“, посочува таа, алудирајќи на поширок институционален контекст.Куновска упати и апел до Уставен суд на Република Македонија да го зачува својот интегритет и да остане „громобран од политичките напастници“, повикувајќи на осуда на, како што наведува, самоволието на поединци.Во пораката таа ја цитира изјавата на Зоран Јанковиќ: „Културата не е трошок, културата е инвестиција“, потенцирајќи ја важноста на културниот сектор.

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryc1fobkt3ipfi3kfiar8

Оспорени платени отсуства и коефициенти: Шест иницијативи пред Уставниот суд, меѓу нив и договорот за култура

Уставен суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи 9. седница, на која ќе се разгледуваат шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права, како и гласање по еден предмет.Меѓу клучните точки на дневниот ред е предметот УЗ.бр.51, со кој се оспорува Колективниот договор за култура, поднесен од Томислав Стефков.Во иницијативата се наведува дека одредени членови од договорот не се во согласност со повеќе закони, вклучително и Законот за работните односи, Законот за култура и Законот за административни службеници, како и со членови од Уставот. Според подносителот, спорни се одредбите што предвидуваат подолги платени отсуства и различни коефициенти за пресметка на плати во културниот сектор, што, како што тврди, создава нееднаквост во однос на останатите вработени во јавниот сектор.Како пример се наведува можноста за платено отсуство до три години за докторски студии во странство, како и платено отсуство до шест месеци за магистерски и докторски трудови, што се смета за несразмерно во однос на законските ограничувања.Дополнително, во иницијативата се оспорува и постапката на донесување на договорот, со тврдења дека не бил доставен на мислење до надлежните институции пред објавување во „Службен весник“.На седницата ќе се разгледува и барањето за заштита на слободите и правата поднесено од Амар Мециновиќ, кој тврди дека како кандидат на Левица бил дискриминиран во изборната кампања за локалните избори во 2025 година, поради упатство донесено од Советот на АВМУ.Според него, со тоа му било ускратено правото на фер третман и пропорционално политичко рекламирање во медиумите, што, како што наведува, влијаело врз изборните резултати.Уставниот суд, исто така, ќе гласа и по предметот за Законот за изменување на Законот за платите на судиите, за кој веќе е поведена постапка за оценување на уставноста.Одлуките од оваа седница се очекува да имаат значајни импликации врз правата на вработените во културата, изборниот процес и правосудниот систем.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд

Синдикат на културата на Република Македонија информира дека денес Уставен суд на Република Северна Македонија ќе одлучува за судбината на Колективниот договор за култура, по иницијативата за оценување на неговата уставност поднесена од адвокат Томислав Стефков.Од Синдикатот посочуваат дека станува збор за клучен момент за културните работници, кои, како што велат, со децении чекале да ги добијат основните работнички права. Колективниот договор, нагласуваат, бил очекуван 30 години, преговаран 15 години, а неговата финансиска реализација започнала дури девет месеци по потпишувањето.Според СКРМ, токму во момент кога овие права конечно се обезбедени, се прават обиди тие да бидат поништени, што, како што оценуваат, претставува удар врз културниот сектор.Синдикатот најавува дека без разлика на исходот од одлуката, борбата за правата на културните работници ќе продолжи, нагласувајќи дека „срамот нема да биде избришан“.Во меѓувреме, СКРМ поднел жалба до Меѓународната организација на трудот, барајќи мониторинг на сите судски постапки поврзани со Колективниот договор, вклучително и денешната одлука на Уставниот суд.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Филмот „Малдорор“ на режисерот Фабрис ди Велц ја заокружува својата регионална кино-дистрибуција со три последователни проекции на 7, 8 и 9 април во Кинотеката на Македонија, со што домашната публика добива последна можност да го проследи ова наградувано остварување на големо платно.Филмот неодамна ја освои наградата од публиката во рамки на Јадранската мрежа на фестивали, доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград. По ова признание, „Малдорор“ од 19 март до 9 април се прикажуваше во повеќе градови од регионот на поранешна Југославија, меѓу кои Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, како и Битола, Охрид и Скопје.Станува збор за трилер инспириран од вистински настани во Белгија од средината на деведесеттите години. Приказната го следи младиот полицаец Пол Шартие, кој се приклучува на тајната единица „Малдорор“, формирана за следење на опасен сексуален престапник. По неуспешната операција и разочаран од ограничувањата на системот, тој започнува самостојна потрага по правда.Од Кинотеката на Македонија го опишуваат филмот како силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите, при што се отвораат прашања за правдата, моќта и слабостите на институциите.„Малдорор“ е замислен како прв дел од планирана трилогија на ди Велц, која ќе ја обработува темната страна на белгиската историја. Светската премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Венеција.Критичарите го истакнуваат интензитетот и атмосферата на филмот, споредувајќи го со криминалистичките приказни од американската кинематографија од 70-тите години, особено со делата на Сидни Лумет. Се нагласува дека режисерот успева вистинските настани да ги претвори во сложена и повеќеслојна приказна за судирот меѓу личната и институционалната правда.Филмот се опишува и како амбициозно и повеќеслојно остварување за Белгија во деведесеттите години, кое ги прикажува слабостите на институциите и колективните трауми, инспирирано од случајот на Марк Дитру.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryg8juc06h8dfr7SZjS3T

СКРМ: Колективниот договор не се чепка – тоа е изборена правда

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остра реакција порача дека Колективниот договор не смее да биде предмет на измени или укинување, оценувајќи дека станува збор за „изборена правда“ и едно од најголемите достигнувања на културните работници во изминатите децении.„Колективниот договор не се чепка.Тоа не е документ. Тоа е изборена правда.Најголемата победа на културните работници во последните 30 години.Секој обид за негово разнебитување = директен удар врз културата.СКРМ не преговара за достоинство. СКРМ го брани“, велат од Синдикатот на културата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Љутков реагира: Раководството на СКРМ шири дезинформации и избегнува дијалог

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагираше на постапките на министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го дека работи против интересите на вработените и Колективниот договор за култура.Од Синдикатот оценуваат дека министерот води двојна политика – јавно го брани договорот, а во институциите, како што тврдат, работи на негово дискредитирање.Во врска со ова, министерот Љутков на социјалните мрежи објави реакција, која ви ја пренесуваме во целост:Раководството на СКРМ веќе подолг период свесно и тенденциозно пласира неточни информации во јавноста, со јасна намера да создаде погрешна слика дека јас, како министер за култура, делувам против интересите на културните работници. Ваквиот пристап е неодговорен и претставува обид за манипулација на јавноста и инструментализирање на културниот сектор за политички цели.Јас, како министер за култура, во ниту еден момент не сум ги довел во прашање правата на културните работници. Напротив, континуирано и активно се залагам за реален, а не декларативен социјален дијалог. Тоа е потврдено преку бројни иницијативи за состаноци и отворена комуникација, кои од страна на СКРМ често се игнорираат или одбиваат.Фактот што колективниот договор е истечен веќе четири години е сериозен институционален проблем. Овој застој не е резултат на недостиг на волја од моја страна, туку на однесувањето на раководството на СКРМ, кое наместо конструктивен дијалог, избра конфронтација и создавање на кризи.Дополнително, нивното јавно пласирање информации поврзани со судски процеси пред тие да бидат донесени претставува сериозен обид за притисок врз независноста на судството и создава неприфатлив преседан.Поднесените иницијативи пред Уставниот суд се дел од демократскиот и институционален процес. Уставниот суд е единствено надлежен да ја оценува уставноста на правните акти, а не синдикални раководства кои се обидуваат да преземат таква улога.Доколку дојде до поништување на Колективниот договор, тоа ќе биде директна и неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ. Јас лично се надевам дека до таков исход нема да дојде, но фактите јасно покажуваат дека Колективниот договор повеќепати е оспоруван пред Уставниот суд како директен резултат на нивниот пристап, кој наместо решение, произведува блокади и нови проблеми.Синдикалните организации мора да се вратат на својата основна функција заштита на правата на работниците и да се воздржат од политичко делување, притисоци врз институции и мешање во процеси кои не се во нивна надлежност.Обидите моето институционално делување да се претстави како „предавство“ се неосновани, навредливи и политички мотивирани. Вистински проблем претставува токму користењето на културните работници како инструмент за лични и политички пресметки.Културните работници не смеат да бидат заложници на раководство кое наместо да работи во нивен интерес, систематски шири дезинформации, создава поделби и ја попречува можноста за конструктивни решенија.Прашањето за финансиските импликации не е негирање на права, туку прашање на одговорно и одржливо управување со јавните финансии. Секој колективен договор мора да биде реален, спроведлив и во согласност со буџетските можности.Зголемениот буџет за култура е конкретен доказ за мојата посветеност како министер кон подобрување на условите во културниот сектор, преку мерки и политики, а не преку празни декларации.Потребно е враќање на професионалниот дијалог и прекин на политичките манипулации. Културата заслужува стабилност, институционална зрелост и партнерство, а не притисоци и лажни наративи.Со почит,Министер за култура,Зоран Љутков

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryletriei6lnfn3ERk1rU

Љутков ја „погребува“ културата, наместо заштита тој застана против културните работници, реагира Синдикатот

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагираше на постапките на министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го дека работи против интересите на вработените и Колективниот договор за култура.Од Синдикатот оценуваат дека министерот води двојна политика – јавно го брани договорот, а во институциите, како што тврдат, работи на негово дискредитирање.„На владината седница се доставени податоци, анализи и листи на предмети со една цел – да се прикаже Колективниот договор како незаконски и неуставен“, наведуваат од Синдикатот.Тие посочуваат дека во расправата доминирале аргументи за можни буџетски импликации од судски постапки, наместо правни аргументи.„Прашањето на уставност и законитост се темели на фискални проценки, а не на Уставот и законите“, реагираат од Синдикатот.Во реакцијата се потенцира и дека ваквиот пристап претставува „прикриена цел“ за укинување на правата на културните работници, кои, како што велат, повеќе од три децении чекале на ваков договор.Синдикатот го обвинува Љутков дека со своите постапки се обидува да избегне одговорност.„Ова не е реформа, туку обид за бегање од одговорност. Неговите одлуки ќе останат запаметени како срамен преседан“, се наведува во реакцијата.Воедно, тие предупредуваат дека конечниот збор ќе го има Уставниот суд, од кој очекуваат да ја потврди уставноста на договорот.„Останува да видиме дали на 8 април Уставниот суд ќе постапи согласно своите надлежности или под притисок на финансиски импликации ќе ги врати вработените во културата назад“, порачуваат од Синдикатот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Синдикатот на културата реагира: Разрешувањето на директорот на Театар Гостивар е реваншизам на министерот Љутков

Синдикатот на културата реагира по разрешувањето на директорот на Националната установа Театар Гостивар, обвинувајќи за реваншизам од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Од СКРМ велат дека разрешувањето доаѓа откако во оваа институција биле донесени правосилни судски пресуди во корист на вработените во културата и нагласуваат дека судските одлуки мора да се почитуваат.„Правосилните судски пресуди во корист на СКРМ и вработените во културата беа донесени во Националната установа Театар Гостивар.И токму таму, вчера, по брза постапка беше разрешен директоротСега основано се поставува прашањетоДали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониранПравосилните судски пресуди мора да се почитуваат. Платите на вработените во Театар Гостивар мора да бидат исплатувани согласно судската одлука без разлика дали тоа му се допаѓа на министерот или неМинистерот претходно разрешуваше Управни одбори, кога носеа Одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори донесат одлуки по негова желба. Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него.Кога ја имаш власта се можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината!Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина.А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат.По нив мора да се постапува, министре.И тука не се декларира никаква политика како што велите,туку судска одлука министре!“, велат од Синдикатот на културата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryletriei6lnfn3ERk1rU

Синдикатот на културата ќе поднесе кривична пријава против Љутков и директори на културни институции

Синдикатот на културата информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство на прес-конференција ќе го објави поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.На прес-конференцијата јавно ќе биде објавено поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поради постоење основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик и „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Според наводите во пријавата, министерот Зоран Љутков во текот на 2025 година свесно и спротивно на закон носел упатства и давал насоки за пресметка на платите на вработените во културата, со што незаконски воспоставил нова методологија за пресметка на плати. Со ваквите постапки, министерот директно ги дерогирал Општиот колективен договор за јавниот сектор и колективните права на вработените, и свесно ги ограничил нивните законски права од работен однос.Со ваквото постапување, министерот извршил сериозен упад во системот на работнички права и владеењето на правото, ставајќи се над законите и колективните договори.На прес-конференцијата ќе бидат објавени и кривични пријави против директори на институции од културата, кои спроведувајќи ги незаконските насоки дадени од министерот, постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Јавноста ќе биде информирана и за нови судски пресуди донесени во корист на вработените во културата, кои дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките со кои се кратат правата и платите на културните работници.Синдикатот на културата јасно порачува дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат правата на работниците ќе биде институционално и јавно оспорена“, велат од синдикатот.

Македонија | пред 1 месец

media-library1kgkcg4mfjof4yaynAm

Алис Винокур за Анџелина Џоли: Моќна, а кревка – бунтовна ѕвезда во срцето на Холивуд

Француската режисерка и сценаристка Алис Винокур, авторка на филмот „Couture“, ја опишува Анџелина Џоли како „огромна ѕвезда“ која, иако работи во самото јадро на холивудскиот систем, истовремено „се бунтува против авторитетите“ – и токму поради таа внатрешна осаменост и поинаквост ја смета за особено силна актерка и личност.Разговорот, доаѓа во пресрет на ексклузивните кино-проекции на „Couture“ на 8 март (Денот на жената), а потоа и неговото редовно прикажување од 12 март. Филмот е поставен во Париз, под светлата на Неделата на модата, но во фокусот не е гламурот туку трудот „зад сцената“ и невидливите раце што го создаваат спектаклот.Винокур објаснува дека не ја привлекувала модата како фасада, туку просторот зад кулисите: темпото што ја дроби човечката мерка, занаетите, телата во работа, нервозата на времето што истекува и женските приказни кои, и кога се неми, се жилави. За да ја пронајде таа вистина, таа поминала околу една година во набљудување и истражување на светот на ревиите – од шминкери и кројачи, до манекенки далеку од пистата, во нивната интимност меѓу две појавувања.Во „Couture“ се испреплетуваат судбините на три жени. Џоли ја толкува Максим – позната американска режисерка која пристигнува во Париз за работа, но дознава дека има рак на дојка и мора да се соочи со стравот, телото и иднината. Паралелно со неа стојат Ада – ново лице во манекенството кое бега од однапред запишана судбина, и Анжел – шминкерка што работи во сенка, зад блесокот на пистите. Филмот, според Винокур, ја носи „тивката отпорност“ како главен тон: една борба што не вреска, туку трае.Говорејќи за соработката со Џоли, Винокур нагласува дека сакала да ја покаже „кревкоста што се крие зад моќта“ на актерката. Таа додава дека Џоли веднаш пронашла лична врска со приказната поради семејната историја со рак на дојка, како и сопствената превентивна двојна мастектомија. Режисерката посочува и дека Џоли целосно се нурнала во ликот и, за потребите на улогата, учела француски – јазик што дополнително ја врзува хероината со градот и културниот контекст на филмот.„Couture“ е замислен како филм со „видливи шавови“ – колажна структура во која кадрите одекнуваат едни во други, а темата за „шевовите“ се прелева од модата во медицината, од кројот во хируршката прецизност. Во таа паралела, Винокур ја гради идејата дека телото и животот се нешто што понекогаш мора да се преправи за да може повторно да се оди напред.

Магазин | пред 1 месец

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Oколу 25 милиони евра ќе бидат распределени во културата, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави:„Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата.“

Македонија | пред 2 месеци

ljutkov

СКРМ со остра реакција до министерот Љутков: Задоволен е тој од себе, но дали се задоволни работниците во културата?

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остро соопштение реагира на изјавите на министерот за култура Зоран Љутков, кој од собраниската говорница изрази задоволство од, како што ја нарече, „победата“ по одлуката на Апелациониот суд во Битола, поврзана со една од судските постапки што ги води СКРМ.Од Синдикатот посочуваат дека, за разлика од министерската интерпретација, судската одлука е јасна и недвосмислена – предметот е вратен на повторно судење, што, како што нагласуваат, е вообичаена судска пракса и не претставува поништување на пресуда во корист на Министерството.СКРМ потсетува дека секогаш постапувал одговорно и информирал јавноста дури по официјален прием на судските одлуки, и иронично констатира дека овојпат министерот очигледно бил побрз од нивната пошта. Воедно, Синдикатот го потсетува Љутков на периодот кога биле донесени првите пресуди во корист на културните работници, кои, според нив, тој ги игнорирал и тогаш тврдeл дека не бил запознаен со нив.„Тие пресуди вешто ги релативизиравте, баравте алиби и тврдевте дека судиите биле партиски наклонети, сведувајќи ги судските одлуки на политичка волја“, наведуваат од СКРМ, прашувајќи реторички дали оваа одлука, која веднаш била јавно истакната од министерот, сега одеднаш е прифатлива затоа што одговара на неговата волја.Синдикатот нагласува дека нема намера да ги игнорира судовите и пресудите, туку напротив – ќе продолжи јавно да ги коментира, бидејќи јавноста има право и обврска да дебатира за општествените процеси, вклучително и за судските одлуки. Од СКРМ додаваат дека е сосема очекувано дел од постапките да продолжат пред Апелациониот и Врховниот суд, а доколку е потребно и пред Судот за човекови права во Стразбур.Членството на СКРМ, како што се наведува, е свесно дека станува збор за долг и исцрпувачки процес, но и уверено дека правдата на крајот ќе биде на нивна страна, по што ќе се бара и јавно и судско утврдување на одговорноста.„Дотогаш, министре, дозволете да Ви честитаме за задоволството што го покажувате. Но од вашата работа треба да бидат задоволни сите вработени во културата, а не само Вие“, порачуваат од Синдикатот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8lr9pkl5nglg2N9k8ki

Драмата во МОБ продолжува: Синдикатот на културата пробува да допре до Љутков за итно да реагира

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) излезе со официјален став по вчерашните јавни изјави и случувања во Националната опера и балет, поврзани со дисциплинската постапка против обоистката Татијана Петрушевска и реакциите на директорот на институцијата, Оливер Арсовски.Од СКРМ информираат дека внимателно ги следеле сите настани, вклучително и прес-конференциите на двете страни и јавните реакции на уметниците од оркестарот, при што нагласуваат дека биле директно споменати во јавноста и поради тоа чувствуваат институционална и морална обврска да ја појаснат својата улога и постапување.Синдикатот појаснува дека правната помош не била понудена самостојно или без повод, туку била побарана директно од Петрушевска, по што правниот тим на СКРМ утврдил сериозни и груби прекршувања на постапката, со елементи на непочитување на Законот за работни односи, Законот за култура и релевантните колективни договори. Документите што СКРМ ги објави, како што се наведува, се дел од активна постапка започната со моментот на суспензијата и забраната за пристап до институцијата.Во соопштението се укажува и на постапувањето на синдикалната организација при Оркестарот на МОБ, која, според СКРМ, требало најпрво да се обрати до централниот синдикат, а потоа јавно да реагира. Наместо тоа, реакцијата била објавена преку официјалната страница на институцијата, со содржина која, според СКРМ, создава впечаток дека ставот на синдикатот бил избрзан и донесен без консултација.СКРМ потенцира дека ниту една нивна јавна позиција не е индивидуален став, туку се носи со согласност на Советот на СКРМ, во кој членуваат претседателите на сите синдикални организации, вклучително и претставници на Оркестарот при МОБ. Очекувањата дека синдикатот треба да врши поединечни консултации со секој член пред јавна објава ги оценуваат како неосновани.Синдикатот нагласува дека не навлегува во причините за покренување на дисциплинската постапка, туку инсистира дека секоја постапка мора да се води строго согласно законите и колективните договори. Според СКРМ, јавните изјави на директорот се контрадикторни, бидејќи не е јасно како едно лице може да биде суспендирано, со забрана за влез и со намалување на платата за 50 проценти, а истовремено да се тврди дека не станува збор за казна.Во соопштението се потенцира дека суспензијата е исклучителна и привремена мерка која мора да биде правно и фактички оправдана и пропорционална, а секое отстапување од овие принципи го доведува во прашање легитимитетот на мерката. Дополнително загрижува, како што се наведува, јавното коментирање и навестување оставка на синдикален претседател од страна на директор на јавна установа, што според СКРМ претставува директно мешање во синдикалната автономија и кршење на синдикалните права.СКРМ очекува Министерството за култура, како надлежен орган, активно да се вклучи и да обезбеди почитување на законите, колективните договори и уставно загарантираните синдикални права, предупредувајќи дека рамнодушноста во вакви случаи значи фактичко заземање страна.Синдикатот порачува дека нема да молчи пред самоволие, институционална незаинтересираност и кршење на законите, нагласувајќи дека законот мора да важи еднакво за сите, или престанува да биде закон. СКРМ најавува дека ќе продолжи решително да ги брани работничките и синдикалните права, со цел да се обезбеди законски и правичен исход во интерес на уметниците, институцијата и јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrtt3n01tp0i97dq9Jay

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

Татијана Петрушевска, прва обоистка на оркестарот на Национална опера и балет, каде што работи повеќе од 30 години, јавно обвини за системски притисоци, мобинг и незаконски постапки врз уметниците и вработените во институцијата, посочувајќи дека состојбата кулминирала по доаѓањето на директорот Оливер Арсовски.Петрушевска изјави дека преку поддршка од Синдикатот на културата, таа и нејзини колеги писмено се обратиле до министерот за култура со барање за итна заштита од, како што наведе, континуирани притисоци, уцени и закани, особено кон жените уметници.„Како уметник, 30 години безпрекорно ја извршувам својата работа. Но, во последната година јас и моите колеги сме изложени на тортура. Сето тоа кулминираше со забрана за мој влез во МОБ и со казна од 50 проценти намалување на платата во наредните шест месеци. Тоа е спротивно на процедурите и надвор од ингеренциите на директорот, кој сам не може да донесува такви одлуки“, изјави Петрушевска.Според неа, ваквите одлуки се доказ за насилнички однос и обид за демонстрација на надмоќ. Таа посочи дека уште од првиот момент кога притисоците кулминирале, во нејзина заштита застанале првите инструменталисти на оркестарот, со цел да се смири тензијата, но, како што рече, диригентот, инструиран од директорот, продолжил со заканите.„На состанок беше кажано дека додека е жив нема да престане да ме гони мене – жена, обоист и докажан уметник. Закани добиваа и колегите кои застанаа во моја одбрана. Со највулгарен речник ни се обраќаат секојдневно. Денес, 15 години по првото директорување на Арсовски, сценариото се повторува. Јас, како жена и прв обоист, бев избрана за мета на мобинг“, рече Петрушевска.Таа побара од Министерство за култура итно да преземе мерки и да обезбеди заштита за неа и за сите колеги и колешки кои, како што наведе, се изложени на секојдневен мобинг. Воедно изрази сомнеж дека министерот ќе реагира соодветно, имајќи ја предвид, како што рече, нивната соработка од 2016 година.„Ќе го повикам и премиерот итно да ја истражи состојбата во МОБ, која не е само институционално, туку и меѓучовечки целосно девастирана“, додаде Татијана Петрушевска.

Македонија | пред 2 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Синдикатот за култура алармира: „Плата нема“ – Министерството ги крши законите и ги остава вработените без примања

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што вели, системското прекршување на правото на плата за вработените во културниот сектор. Во јавно објавено соопштение, Синдикатот обвинува дека Министерството за култура и туризам упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, оставајќи ги вработените без исплата за месец мај.Според Синдикатот, Министерството дава телефонски насоки за пресметка на платите што се спротивни на Колективните договори и важечката законска регулатива, без притоа да даде каква било писмена потврда. Тие велат дека кога институциите бараат писмен документ како основа за таквите постапки, добиваат закани – дека „нема да земат плата со месеци“.„Безобразието оди дотаму што, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, предупредува Синдикатот во својата реакција.Во објавата се повикуваат и на конкретни законски одредби од Законот за извршување на буџетот, со кои, според нив се потврдува дека одговорноста за законитоста на исплатата ја сносат исклучиво Министерството за култура и директорите на институциите, а не Министерството за финансии – кое, како што наведуваат, се користи само како изговор.„Јасно е дека Министерството за култура и туризам, односно министерот за култура и туризам, како и директорите кои постапуваат согласно неговите насоки, се единствено одговорни за кратењето на правото на плата на вработените во културата“, стои во соопштението на Синдикатот на културата.Тие бараат итна исплата на платите согласно одлуките на Управните одбори. Доколку Министерството повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар, Синдикатот бара јавно да се објават конкретните одредби што би го поткрепиле тоа тврдење.Во знак на протест, Синдикатот ја прекрсти институцијата во „Министерство за (култура) и туризам – Плата нема“, алудирајќи на, како што велат, хроничната пасивност на министерот и институционалната негрижа кон културните работници.

Македонија | пред 9 месеци

stojcevska-ljutkov

Вие бевте министерката која нѐ направи загубари, ѝ рече Љутков на Стојчевска откако го праша за платите во културата

Ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша сегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, дали и сега мисли дека колективниот договор е незанкоски, но и дали поради негово отсуство од Македонија платите за вработените во културата не се исплатени на време. Тој рече дека бил во Македнија и дека не бегал.„Можеби вас ќе ви биде прв и последен пат што поставувате прашање, ама јас постојано ќе ве потсетувам за поморот кој го оставивте во културата. Никогаш не сум рекол, иако сум бил и член на СКРМ, дека овој колективен договор е незаконски. Секогаш сум кажувал дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпишал министер кој поима немал што потпишува и не знаел дека ќе нѐ донесе до момент да земаме 90 отсто плати, 10 отсто програмски активности. А кога нема поддршка од Министерството за финансии, средствата треба сами да си ги обезбедиме“, рече Љутков.Тој рече дека претходно се крателе пари од програми, за да има за плати.„За првпат не скративме од програмските активности, а институциите продолжија да работат, првпат по потпишување на колективниот договор. И во 2025 година го предвидовме истото, по оваа пресметка, нема да се крати од програмите и ќе има плус од 40 отсто во некои институции. Кога некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, оти по седум години првпат почнавме со реформи. Вие бевте министерката која нѐ направи загубари. Фелата не коментираше за ништо друго, вие од партиска говорница коментиравте. За поединците и неработниците нема да зборувам. Кога почнуваме да работиме за вас има проблем“, додаде Љутков и најави нов колективен договор.Реплицираше Костадиновска-Стојчевска.„Нема да одговарам на вашите навреди, ги слушнавте реакциите. И рековте на Сања дека 'дрндупка културата'. На ребаланс парите кои ги добивте за инспекторатот за македонски јазик не ги употребивте, џабе имате директорка. Лани ја имавте најголемата програма и ја завршивте годината, и со мојот буџет ја завршивте годината. Мило ми е што од вас слушнав, тој што го потпишал не знаел што потпишува, на штета е на културата и е недоречен. Зборувате за долгови, а кажете ми ги имавте на завршна сметка? Не. Од програма никогаш не се кратело во култура. Можете да споредите. Вие на сам почеток рековте дека културата треба да институционална, дека независната сцена треба да биде тргната настрана. Ако за вас најголема реформа е продажбата на културното наследство, жалам!“, рече таа.

Македонија | пред 11 месец

toni-mihajlovski

Тони Михајловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура - ќе играме престава заради публиката

Актерот Тони Михајловски, упати остри критики за состојбата во културата. Го спомена и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков за кој напиша „јаден он и јадна култура сосе туризам“. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден.„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината“, напиша Тони Михајловски и додаде:„Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан. Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар. Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам. Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата. И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-22-at-13.52.01

(Видео) Го исвиркаа Љутков и порачаа „ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улциите“ - вработените во култура лути оти пак немаат плати

Министерот за култура Зоран Љутков ги остави вработените во културата без плата за време на велигденските празници. Токму поради оваа причина денес беа организирани протести пред министерството за култура.„Храбро се бореа да зачуваат една специфична традиција, традиција на протести во април на културните работници. Како и секоја година и оваа, министерот се појавува како инструмент во нивните раце, а овојпат е културен деец, кој се самоопредели дека е ненадлежен, кој со едно извинување по свршен чин не го поправи самиот чин“, рече Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура, а присутните извикуваа „уа, уа!“.Тие порачаа дека бараат крај на понижувањето.„Културата нема да молчи, нема да се плаши, ние сме културата, ние сме гласот кој не можете да го загушите. Културата не е ваш проект, културата е народот, културата сме сите ние тука, кулутрата е отпор. Ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улица“, додаде Атанасовска.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-kultura-5

Вработените во културата ќе слават Велигден без плата, Министерството чека пресметки од колегите во Финансии

Вработените во културата останаа без плати за најголемиот христијански празник, Велигден.„За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок. Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и сл. Цел март и почетокот на април наративот насочуван спрема вработените во културата беше дека платата која ја земаме е незаконска, потоа неуставна, дека КД за култура е истечен, дека е штетен, дека вработените треба сами да се откажат од своите права. Следеа и стандардните игри со пресметките за плата, кои институциите ги направија според законите и колективните договори, но кои не беа прифаќани од Министерството за култура и беа враќани назад. Според КД за култура платата требаше да се исплати до 10ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15ти. Вчера беше 17ти и последен работен ден пред продолжениот викенд во очи на најголемиот Христијански празник Велигден, а плата за сите културни работници немаше. Нема никакво официјално образложение зошто, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми. Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како министерство на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата „како и до сега“, за да не доцнела, па „ќе сме се договарале за понатаму“, велат од Синдикатот на културата на Македонија.Од Министерството за култура и туризам велат дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.„Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам“ велат оттаму.

Македонија | пред 1 година

unesko_paragvaj_gajda

„Традиционална изработка и свирење на гајда“ впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.Мултинационалната номинација, поднесена од РС Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на денешната сесија на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, Република Парагвај.Ова е важен момент во македонската култура бидејќи дури по 7 години нашата држава впишува уште едно нематеријално културно добро на листите на УНЕСКО, со што вкупниот број на впишани заштитени добра од нашата држава е 6, од кои веќе 2 заеднички со Република Турција.Номинацијата беше подготвена со меѓусебна координација на македонскиот тим, составен од претставници од Управата за заштита на културното наследство и од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, и експертскиот тим на Министерството за култура и туризам на Република Турција.Впишувањето на добрата на листите на УНЕСКО претставува обврска за државите, но и можност за промоција на националното богатство во глобални рамки и зачувување за идните генерации.Сесијата на Комитетот има цел да ги промовира целите на Конвенцијата, да обезбеди насоки за најдобри практики и да даде препораки за мерки за заштита на нематеријалното културно наследство. Со годинашната сесија на Комитетот претседава Н. Е. Ненси Овелар де Горостиага, амбасадор и постојан делегат на Република Парагвај во УНЕСКО, и на неа учествуваат претставници од земјите членки, невладини организации, културни институции и други учесници од целиот свет.Потсетуваме дека Република Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО во 2013 година со впишувањето на „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет маченици во Штип“, потоа „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 г.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и на Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 г.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита.На сесијата присуствуваше делегација од нашата држава во состав: г-ѓа Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и м-р Ивона Опетческа-Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра и национално контакт-лице за Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.Македонската делегација на маргините на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО оствари повеќе неформални средби, и тоа со делегациите на Норвешка, Словенија и на Камерун, како и со Ненси Овелар де Горостиага, амбасадор и постојан делегат на Република Парагвај во УНЕСКО. Претставничките од Македонија, Честоева и Опетческа-Татарчевска, остварија средба и со генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, при што фокусот беше ставен на актуелните теми поврзани со Охридскиот Регион.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“: Уметноста може да ја надмине секоја пречка

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност.Министерот Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека нејзиниот придонес во македонската музичка култура е бесценет, а нејзиното музицирање покажува дека уметноста може да ја надмине секоја пречка.„Бескрајно ѝ благодарам за нејзиниот придонес во македонската музичка култура и ѝ посакувам да продолжи вака успешно да создава, да биде голем афирматор и промотор на македонската култура“, рече министерот Љутков, кој упати и честитка по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.„Министерството за култура и туризам продолжува да работи на зголемување на застапеноста на лицата со посебни потреби во областа на културата. Наша заложба е лицата со посебни потреби да се вклучат во општествениот и културниот живот и со дарбата или талентот што ги поседуваат, да станат учесници во градењето на културното живеење на нашата држава“, истакна Љутков, кој ги поздрави заложбите на Здружението „Абилитис нет“ (Abilities Net) за организацијата на овој настан, апелирајќи до сите здруженија на граѓани и во иднина да аплицираат на конкурсите на Министерството за да се обезбеди поголема застапеност на културни содржини за овие лица.„Министерството за култура и туризам и институциите од областа на културата се отворени за соработка и за иницијативи, со една заедничка цел – да го унапредиме културното живеење на лицата со попреченост, да градиме заеднички вредности, да градиме општество на еднаквост“, рече министерот Љутков.На манифестацијата „Ability awards“, што се одржа во хотелот „Хилтон“, организаторот додели награди во 10 различни категории на 10 поединци и 10 компании кои постигнале најголем успех во светот на инклузијата, изгласани од страна на публиката.

Магазин | пред 1 година

rabotilnica_borba-protiv-nelegalni-aktivnosti_zastita.1

Станчевска-Ѓоргова на работилница: Се фокусираме на безбедносна заштита на културното наследство

Државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на тридневната работилница која е посветена на примената на законодавството во Северна Македонија за засилување на борбата против нелегалните активности насочени кон културното наследство.Станчевска-Ѓоргова упати благодарност за заложбата и поддршката за реализација на оваа работилница, што произлегува од успешно одржаната обука во јули годинава во Скопје во рамките на проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, и Канцеларијата во Сараево.„Со проектот, чија примарна цел е координација и интегриран пристап меѓу сите чинители во борбата со нелегалната трговија со културното наследство на регионално и на меѓународно ниво, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност и обединетост за заштита и зачувување на културното богатство што го поседуваме“, истакна пред присутните државната секретарка во Министерството за култура и туризам.Нагласувајќи дека учесниците на претходната работилница дојдоа до заклучок дека на национално ниво не се преземени сите мерки за координиран и интегративен пристап кој ќе обезбеди поголема безбедносна заштита на културното наследство, Станчевска-Ѓоргова информираше дека се започнати активности насочени кон зајакнување на институционалните капацитети и втемелување меѓуресорска мрежа, преку која координирано ќе се преземат активности за спречување на уништувањето на културното наследство. Таа најави дека во претстојниот период, Владата и ресорното Министерство ќе дадат фокус на засилување на безбедносната заштита на културното наследство.„Со зацврстување на капацитетите за борба против нелегалните активности со културни добра, применувајќи јасни законски одредби, работилницата ќе придонесе за создавање меѓуресорска мрежа во која ќе дејствуваат Министерството за култура и туризам, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Царинската управа, заводите, музеите, галериите и конзерваторските центри“, рече Станчевска-Ѓоргова, акцентирајќи дека значајна компонента во борбата со нелегалната трговија со културното наследство, но и во спречувањето и казнувањето незаконски активности против културното наследство, се и обвинителствата и надлежните судови.Таа ја посочи и имплементацијата на меѓународните конвенции од областа на заштитата на културното наследство.„Ќе нагласам дека нашата земја, кандидатка за членство во Европската Унија, демонстрира сериозна посветеност во почитувањето на меѓународните конвенции, како и на други важни европски документи од областа на заштитата на културното наследство“, рече Станчевска-Ѓоргова.На отворањето на работилницата, присутните ги поздравија и Алма Мрган-Слипичевиќ од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.Тридневната работилница е посветена на градење капацитети за подобрување на законодавните рамки за културното наследство за различните категории на клучни институционални партнери и други национални чинители. Присутни се домашни експерти, претставници од: Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи (т.е. полициската служба), Царинската управа, Јавното обвинителство и судството, како и стручни лица вработени во заводите, музеите, галериите, конзерваторските центри и експерти од релевантните невладини организации.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-kultura-5

Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за Град на културата за 2025 година

Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во РС Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 22.11.2024 г. во 14:00 часот, заклучно со 22.12.2024 г. во 14:00 часот.Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.„Град на културата“ во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентираше богата програма и издржан програмски концепт, со различни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања