Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КУЛТУРА

ljutkov-sobranie-1

Од годинава светот го одбележува Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство, при што ја истакна неговата вредност како духовно богатство на еден народ и сведок за неговиот идентитет и опстојување.Тој потсети дека за да се заштитат нематеријалните културни вредности од глобализацијата и од брзите општествени промени, УНЕСКО во 2003 година ја усвои Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, нагласувајќи ја неговата важност како основа на културната разновидност.Минатата година, при одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од донесувањето на Конвенцијата, 17 октомври беше прогласен за Меѓународен ден на нематеријалното културно наследство, со што уште еднаш беше потврдена заложбата на државите членки за подигнување на свеста за зачувување и промоција на нематеријалното културно наследство во меѓународни рамки.Денеска, кога за првпат светот го одбележува овој ден, министерот Љутков ги истакна досегашните искуства на нашата држава: Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО, и тоа: „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет Маченици во Штип“ (2013 год.), „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 год.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 год.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко“ – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита. Тој искажа уверување дека досегашните позитивни искуства и овие впишани нематеријални добра и во иднина ќе бидат предизвик за експертите кои го проучуваат нематеријалното културно наследство, затоа што тоа ни припаѓа на сите нас, но и на целото човештво.На настанот, организиран од Комисијата за култура и туризам при Собранието го отвори претседателката Саранда Имери-Стафаи, а говореа и Антониjо Милошоски, потпретседател на Собранието, Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам и акредитирана експертка на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, Сулејман Рушити, директор на НУ Гостиварски театар и Ивона Опетческа-Татарчевска, национална координаторка за нематеријално културно наследство.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз.На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот оркестар на НОБ, под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, изведе композиции од: Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј настап ја збогати уникатната можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурна размена и промоција на македонската уметност во светот.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

СКРМ бара денеска да биде исплатена платата за август за вработените во „Охридско лето“: Односот на Министерството за култура е крајно нехуман

„Министерството за култура и туризам, ги спори прекувремените саати на вработените во НУ Охридско лето, кои за време на фестивалот ги одработиле, но сега само за месец август, откако истите им ги исплати по планот за месец јуни и јули. Август, како и јуни и јули оваа година не се поразлични од ниту едно лето претходните 10-15 години наназад. Денес тие 20 вработени во Охридско лето, прават сѐ, односно ја вршат целата работа околу организацијата на фестивалот што не е малку, имајќи ја предвид програмата и посетеноста на фестивалот“, соопшти Синдикат на културата на Република Македонија.„Сегашниот однос на Министерството за култура и туризам со неисплаќањето на августовската плата, а со тоа оставајќи 20 луѓе со дел од нивните семејства без здравствено осигурување е за осуда и е крајно нехумано и непрофесионално, правејќи проблеми за ситуација која со години е непроменета и функционира.Го молиме Министерот за култура и туризам, да застане на страна на вработените, да им ја исплати платата, а со тоа и здраственото осигурување за месец август и сега веќе и за месец септември, а доколку понатаму утврди дека постоеле неправилности соодветно да ги санкционира, за што ќе ја има и поддршката на СКРМ. Вработените не се должни да ги трпат меѓуинституционалните недоразбирања и процеси кои можат да траат уште долго“, додава Синдикат на културата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-nob-1

Љутков: Ќе дадеме голема поддршка за „живата култура“ и за санација на објектот на Националната опера и балет

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја.Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример, како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет.„Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми“, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.„Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси“, рече министерот Љутков. Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани.Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа, а особено во делот на т.н. културна дипломатија.Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори.Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Љутков: Културните и креативните сектори се основа за мобилност меѓу земјите од Западен Балкан

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска учествуваше на тркалезната маса посветена на културните и креативните сектори, а во рамките на министерската средба посветена на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура.Министрите за култура од Западен Балкан дискутираа за предизвиците и иницијативите поврзани со: заштитата и промоцијата на материјалното и нематеријалното културно наследство како ресурс за инклузивен, економски и одржлив развој, потребата за градење капацитети и професионални вештини во оваа област, особено во однос на управувањето со ризикот во време на климатски промени.Културното наследство и неговото ставање во функција на одржлив економски и социјален развој, според Љутков, отвора низа можности за соработка и размена на знаења и искуства меѓу Западен Балкан и Европската Унија.– Земјите од Западен Балкан, со поддршка од меѓународните организации, веќе соработуваат во областа на заштитата на културното наследство, а кај нас добар пример на автентична конзервација и презентација на културното и природното наследство и остварување на економско-социјалниот потенцијал претставува Музејот на вода во Заливот на коските на Охридското Езеро – рече Љутков.– Климатските промени на глобално ниво, пак – додаде тој – се сериозни предизвици кои наметнуваат нови пристапи за заштита на културното наследство. Во тој контекст, како што рече, новите стратегиски документи за културно наследство го опфаќаат и делот за влијанието на климатските промени врз археолошките локалитети и сите други заштитени објекти и културни целини.Министрите за култура разменија информации и искуства и за успешните иницијативи поврзани со регионалната соработка и мобилност на уметниците и културните професионалци, а воедно ги изнесоа и своите предлози за регионална и европска соработка.Како предуслов за поширока соработка на уметниците во регионот, вклучувајќи ја и нивната мобилност, беше посочена поголемата афирмација и користење на поволностите што произлегуваат од потпишувањето на билатералните договори. Во тој контекст, беше потенцирано и значењето на програмата „Креативна Европа“ и нејзините иницијативи и акции „Ај-портунус“, „Културата ја движи Европа“ и „Изведбена Европа“, но и на европските мрежи кои подетално ги третираат прашањата поврзани со мобилноста.Во однос на мобилноста на уметниците, Љутков ја потенцираше и важноста од прогласувањето на Скопје за европска престолнина на културата за 2028 година.– Свесни сме дека сите ние во нашата држава имаме исклучителна одговорност во реализацијата на активностите што ќе следуваат, а со цел да го претставиме Скопје во европско светло. Активностите во овој процес несомнено ќе ги стимулираат и ќе ги поддржат мобилноста на уметниците и размената на знаења и искуства на културните професионалци, но и на професионалците од сродните релевантни сектори со нивните колеги од регионот, Европа и пошироко – рече министерот.Според Љутков, Министерската конференција е уште една потврда дека регионот на Западен Балкан и евроинтегративните процеси се високо во агендите на актуелните и на идните политики на Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-18-at-11.44.51

(Видео) Културните работници кои немаат плата отидоа кај Бисера за да тргаат маски: Време е за акција

Вработените во културата си ги бараат платите за март, која им доцни три дена. Тие на прес-конференција ја споделија нивната загриженост дека за неколку дена ќе останат без здравствено осигурување. Си ја бараат платата за 12% покачена, како што било ветено.?t=4389„Како беше ветувано покачување на платите за март, ако тоа не е усогласено со Минситерството за финансии? Кој е виновен за колапсот во културата? Време е за акција за да се обезбеди секој културен работник не да ја добие само платата, туку и почитта. Од утре почнуваат протестите пред Министерството за култура, нема да запрат додека не се добие платата за март со предвиденото покачување“, прашуваат од Синдикатот на културата.Според нив, ова е исмевање на сите вработени во културата и ја загрозува егзистенцијата.За оваа тема, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска зборуваше во живо во „Претрес со Ландов“.?t=4190

Македонија | пред 1 година

sarena-revolucija

Преку годишната програма Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Бисера Костадиновска Стојчевска направи целосен хаос со годишната програма во културата. Преку членовите на комисиите кои се уште се непознати во јавноста, а се потпишале на скандалозната програма, Костадиновска Стојчевска доделиле десетици илјади евра на тотални анонимуси“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Па така, средства ќе добијат анонимни лица и фирми блиски до Костадиновска Стојчевска и власта, а на сметка на тоа видно намалена им е финансиската поддршка на реномирани манифестации кои имаат децениска традиција.Пари од министерството ќе добие здружението за култура, уметност, спорт и рекреација АРТАЛ од Тетово за Меѓународен фестивал „Меридианс“, (6- та едиција) односно од 300.000 денари во 2023 година, годинава за реализација на 7-та едиција му се одобрени финансиски средства пет пати повеќе, односно 1.400.000 денари, за разлика од манифестацијата Рацинови средби која што е втора најголема книжевно поетска манифестација која што има традиција 60 години од 600.000 денари од 2017та година па наваму е падната на мизерни 86.000 денари поддршка од министерството.Дополнително скандалозно е што додека министерството за култура дава смешни 500.000 денари за театарска претстава во најголемата македонска национална установа, истовремено доделува 900.000 денари за шкртаниците од времето на Шарената револуција. Министерството за култура бришењето на шкртаниците од Шарената револуција, го оценуваат како проект и дава 900.000 денари на човек фирма.Ова покажува дека критериумите за распределба на проекти и средства наместо стручни, се чисто политички.Јавно ја прашуваме Костадиновска Стојчевска зошто одредени манифестации и лица се фаворизирани, на сметка на другите кои се очигледно оштетени?Не постои сектор кој владата на СДС и ДУИ не го уништи.Со СДС и ДУИ во македонската култура никогаш не било полошо.Важно е владата на СДС и ДУИ да замине час поскоро.Македонија мора да се менува.

Македонија | пред 2 години

362262903_758372606293822_5000372430606032572_n

Министерството за култура нема да ги финансира Илинденскиот коњанички марш

Во пресрет на 120-годишнината од големиот македонски празник Илинден, вчера низ улиците на општина Аеродром се одржаа последните подготовки на Илинденската коњаница, која оваа година по 45-ти пат традиционално ќе маршира до Крушево.На подготовките присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека овие настани кои се од големо значење за македонската култура и традиција, секогаш ќе добиваат поддршка од него и Општината.„Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.Оваа година, откако Министерството за култура одлучи да ја запре поддршката за здружението „Илинденски коњички марш 1978“, единствен генерален спонзор и финансиски покровител на настанот е Општина Аеродром.

Македонија | пред 2 години

273633972_363168599145964_2659252397836795879_n

Министерката за кулутра без извинување, ама со појаснување: Слободата на уметникот никој не може да ја ограничи

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска чија изјава наиде на осуда и барање за оставка, се појаснува што сакала да каже. Таа не се извинува, но смета дека е погрешно сфатена.„По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти.ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми“.

Македонија | пред 3 години

bisera-kostadinovska-kultura

(ВИДЕО) Министерката за култура ги налути уметниците на кои им кажа како да творат

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето дали точката во Билатералниот протокол со Бугарија ќе значи и цензура на творештвото, вели дека авторите треба да творат слободно, но „во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“.„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“, вели министерката.Во македонската јавност се појавија дилеми во врска со тоа што, според Протоколот, претставува говор на омраза и кој ќе го утврдува. Членот 16 од македонскиот Устав ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот.„И впрочем, што е говор на омраза? Дали историската вистина е говор на омраза?, прашува во прилогот на Гласот на Америка на македонски јазик писателот Петар Андоновски.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања