Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Министерката за кулутра без извинување, ама со појаснување: Слободата на уметникот никој не може да ја ограничи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
273633972_363168599145964_2659252397836795879_n

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска чија изјава наиде на осуда и барање за оставка, се појаснува што сакала да каже. Таа не се извинува, но смета дека е погрешно сфатена.

— реклама —

„По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти.

— реклама —

ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!

— реклама —

Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”

Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.

Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Oколу 25 милиони евра ќе бидат распределени во културата, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 месец

ljutkov

СКРМ со остра реакција до министерот Љутков: Задоволен е тој од себе, но дали се задоволни работниците во културата?

Македонија | пред 1 месец

media-library8lr9pkl5nglg2N9k8ki

Драмата во МОБ продолжува: Синдикатот на културата пробува да допре до Љутков за итно да реагира

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrtt3n01tp0i97dq9Jay

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања