Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Ако има корумпирани судии во Врховниот суд тогаш можете да замислете како е во другите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5204

„Што се однесува до лицето Блерим Рамадани можам да го кажам следново: ова не е прв случај, првиот случај се случил во 2016 година, а вториот случај во 2019 година. Ова е трет случај за кој што јас сум запознаен. Ме прашавте дали имам информација каде е? Знам каде е, а каде не е, не е во домашен притвор. Е сега прашањето е зошто е одлучено да биде во домашен притвор? Затоа што одлуката во 2019 година на Врховниот суд е многу јасна. Кога тогашното лице кое што било во екстрадициски притвор е ослободено. Повторувам, е ослободено. Зошто овој судија кој што во минатото е познат по многу контроверзни судски одлуки меѓу кои и онаа за насилниците и тепачите од „М-НАВ“ носи одлука која што го суспендира судското, како тоа е наречено, судската пракса и ја над синхронизира одлуката на повисок суд, а тоа е Врховниот суд. Тоа е прашање кое што треба многу озбилно да се разгледува“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде:

— реклама —

„Зошто ова прерасна во политичка тема е исто така прашање кое што треба да се разгледува и многу озбилно да се анализира и уште една потврда дека правосудниот систем во Македонија не за бадијала ужива 2 проценти доверба кај граѓаните. И се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава, а ако немаме правна држава, нема да имаме силна економија, ако немаме силна економија ќе нема пари во Буџетот за вакви проекти. Ова не требаше да биде тема“, изјави премиерот.

— реклама —

Премиерот Мицкоски упати и апел до сите граѓани да не дозволиме нашите соседи да ја користат нашата држава како прокси во покажување меѓусебни мускули.

— реклама —

„Јасна е судската пракса. Дали нас ни се допаѓа или не тоа е друга тема. Но Врховниот суд во 2019 година има донесено одлука со која што тогашното лице кое што е заробено како резултат на меѓународна потерница од Србија во екстрадиционен притвор е ослободено. Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика и инженеринг тоа е веќе друга анализа јас нема да ја коментирам. Има институција која сѐ уште е важечка се вика Судски Совет , а за кој знаете со какви контроверзии беше пропратен изминативе години, нека се занимаваат тие. Јас сум политичар иако сум и научен работник, професор на универзитетот, но сега сум политичар и немам право да коментирам судски одлуки. Ве молам да не дозволиме, повторно апелирам, нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку јас пред никого не поднесувам објаснување. Можеби еден ден пред еден кој што никој не го гледа“ објасни тој.

Во однос на прашањето дали постои задоволство од казните за спогодба на Иџет Мехмети и Наќе Георгиев. Премиерот Мискоски изрази задоволство што тогаш во техничката Влада, Министерството за внатрешни работи спроведе перфектна акција кога за првпат на дело покажаа дека имаме корумпирани судии во највисокото тело, тоа е Врховниот суд.

„И ако вие имате корумпирани судии коишто се во највисокото тело, а тоа е Врховниот суд, тогаш можете да си замислите што се случува надоле. Понатаму, во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија туку и лицето за кое исто така постои спогодба со обвинителството а тоа е Иџет Мехмети, ако не се лажам како претседател на Советот на јавни обвинители, ако не се лажам. Така што тука е јасна спрегата меѓу судско-обвинителскиот систем кај нас и затоа довербата ни е 2 проценти. Затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија од други тефтерчиња само овие се од Струмица, Бихаќка и од Речица. И се додека имаме тефтерчиња и се додека не се распуштат овие луѓе нема да имаме правна држава. Ќе повторам, ако нема правна држава нема пари во Буџетот, ако нема пари во Буџет нема вакви проекти“ дециден е премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 13 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 20 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања