Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Ако коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryjpob45mseo9c5cUQdqF

Мицкоски одби да ги коментира тврдењата на СДСМ за мигрантите, оценувајќи ги како неконструктивни и насочени кон создавање лажна перцепција и штета на Владата. Посочи дека Владата ќе се фокусира на приоритетите и потребите на граѓаните. Тој истакна дека Владата е „сериозна“ и ги антиципира кризите, наведувајќи помош за соседите со ресурси, евтино гориво и логистичка поддршка. Додаде дека Македонија денес е поинаква од периодот на СДСМ и ДУИ, кои според него ја пропуштиле шансата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање-какви се вашите коментари во однос на наодите од опозицијата по однос на темата за мигрантите дека Венко Филипче алудира на тоа дека ќе дојдат економски работници, изјави:

— реклама —

Видете, јас се обидувам некако во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите коишто доаѓаат од СДСМ, бидејќи се изјави коишто се стихијни, дифузни и немаат никакво значење, т.е. имаат единствено значење, а тоа е преку креирање на лажна перцепција и растурање на пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата, бидејќи нивните изјави никогаш не се конструктивни. Туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи, се вика, како да нанесете штета на Владата којашто се бори во услови на криза и предизвици.

 Во ред, тие одбрале таква стратегија, таа е лажна, погрешна стратегија. Но, ќе се повикам на онаа позната Наполеонова изрека којашто вели дека: „можеби не треба да му се помага на противникот кога греши“. Така што ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата.

 Ние сме сериозна Влада. Влада којашто се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако навремето коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза кога се потребни агрегати за генерирање на електрична енергија, кога ќе треба од зоната на воени дејства да пренесеме странски држави, односно државјани на нашите соседи, тоа да го направиме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво.

 Така што сега гледаме поинаква Македонија од онаа којашто беше ограбена, понижена и на колена од неколку години во времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, шансата ја пропуштија, така што им треба многу време да поминат во опозиција за да сфатат дека грешат“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања