Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-1

,,Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој што е од особена важност, затоа што допира едно значајна тема, која што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани.

— реклама —

Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што лежи во сржта на на нашата мисија.

— реклама —

Пристапот до безбедни, ефективни, висококвалитетни и достапни лекови не е само приоритет на здравствената заштита - тоа е основно право што силно влијае на нашата колективна благосостојба и нашите заложби да го подобриме квалитетот на животот на секој еден поединец.

— реклама —

Оваа Влада, постигна значајна пресвртница со проширувањето на Позитивна листа на лекови по пауза од повеќе десет години. Ова е доказ за нашата посветеност и проактивен пристап и желба за континуитет во справувањето со еден од најитните предизвици во нашиот здравствен систем. Сепак, иако овој преземен чекор означува напредок, нашите заложби не завршуваат тука. Предизвиците со кои се соочуваме бараат континуирана работа, секојдневна посветеност и решителност.

Приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски потешкотии. Наша должност да ги заштитиме граѓаните и да му служиме на нашиот народ.

За да ги надминеме постоечките предизвици и да ја постигнеме посакуваната мисија, мораме неуморно да работиме. Мораме да ја зајакнеме соработката на сите институции од Владата и да ги вклучиме сите релевантни партнери. Негуваме подлабока соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за дигитализација, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински помагала, дирекцијата за е-здравство и другите клучни чинители.

Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постоечките предизвици и да спроведеме одржливи решенија.

Нашата заедничка цел е да изградиме здравствен систем кој вистински ја одразува нашата посветеност за подобрување на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин.

Работејќи заедно со посветеност, решителност и јасност, можеме да ги надминеме предизвиците пред нас и да создадеме иднина во која пристапот до основните лекови не е само стремеж, туку реалност за сите.

Изразувам лична благодарност до сите национални институции и поединци за посветеноста и соработката во овој витален потфат, како и до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во развојот на здравствениот систем на нашата земја.

Заедно, го кроиме патот кон поздрава иднина за секој наш граѓанин. Државата да создава за секој еден граѓанин.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 12 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 15 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 22 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања