Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски до СДСМ: Предвремени избори се непотребни, но внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library3r08te71nhftclSMcYi

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба говореше и за актуелни политички теми.

Во врска со локалните избори, тој истакна дека резултатите од првиот круг, според бројот на освоени градоначалнички и советнички места го потврдија водството и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тоа покажува дека народот има надеж и очекувања што партијата нема да ги изневери.

— реклама —

Од друга страна, опозицијата, како што рече, доживеала историски дебакл и сега се охрабрува со нереални пресметки за пратенички места.

„На опозицијата ќе и оставаме време да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да оди на предвремени избори, кои да бидам директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат, може и да им се оствари“, рече Мицкоски.

— реклама —

Во врска си уставните измени, рече дека главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот?

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да попушти кога се во прашање интересите за македонскиот идентитет и државата.

Мицкоски рече дека опозицијата е подготвена да прифати и да отстапи повеќе и дека токму преку таквите отстапки се обидува да остане дел од политичкиот живот, без да размислува за долгорочната штета по државата и идните генерации. Мицкоски нагласи дека единствената пречка за реализирање на таквите намери е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи, која, според него, ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за загрозување на македонскиот идентитет и државност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Уште една партизација на МТВ – Мицкоски си го постави пријателот за директор

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

СДСМ: Митева и ВМРО-ОКГ повторно покажуваат дека не разбираат основна работа

Македонија | пред 5 часа

media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Кузмановска: Европската Унија е единствениот реален пат за подобра иднина на младите

Македонија | пред 5 часа

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања