Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Драчево ќе добие ново училиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4756

„Секогаш е задоволство да се биде дел од нешто убаво, нешто што започнува да се гради. Трет ден уште едно ветување исполнето пред граѓаните, граѓаните во Кисела Вода, во Драчево ќе добијат објект после 100 години училиште. Стариот објект е стар точно 100 години. Јас би сакал да посакам многу деца да го користат овој нов објект, бидејќи децата се нашата иднина и сè што правиме во нашите животи правиме за дечињата, да бидеме горди на тие што ќе нè наследат.

— реклама —

Продолжуваме офанзивно, со жестоко темпо на реализирање на ветувањата. Би сакал да напоменам дека инвестицијата е поголема од 1,5 милиони евра, средства обезбедени од централниот Буџет. Јас му честитам и на градоначалникот што ги подготви документите и сето она кое беше неопходно да биде подготвено.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден во доцните часови имав состанок со министерката за финансии, денеска продолжуваме да работиме, го подготвуваме ребалансот и можам да кажам дека во ребалансот ќе бидат обезбедени дополнителни шест милијарди денари за општините. Тоа е малку повеќе од тоа што планиравме, бидејќи цениме дека огласот би бил некаде во месец август за општините, а веќе од септември да почнат тендерите за градба, за да се фати есенската градежна сезона. Иако тоа претставува една третина од годината, средствата се малку повеќе од една третина. Од оние 15 милијарди кои ги предвидуваме од буџетот за реалокација кон општините, не се пет милијарди, туку се шест милијарди денари.

— реклама —

Со домаќинско работење можело. Деновиве ќе работиме и на уште едно ветување кое го кажавме, а тоа е во првата година линеарно зголемување на пензиите за пензионерите. Жестоко работиме на реализирање на ветувањата, бидејќи тоа што сме се обврзале пред граѓаните тоа и ќе го испорачаме. Министерката кажа дека главен приоритет ни е да обезбедиме за сите основци да имаат книга пред себе на 1 септември, ќе дадеме сè од себе и за средношколците тоа да го направат, да имаме и за нив. Сè што можеме и што е во наша моќ, тоа ќе го направиме, бидете сигурни, доста беа порази. Мора да почнеме сите заедно да победуваме, за да може на оние кои ги градиме овие објекти да имаат пристојна и достоинствена иднина“, истакна премиерот Мицкоски на почетокот на градбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски" во Драчево, Општина Кисела Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 16 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања