Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто Артан Груби би бил загрозен во затвор, но рече дека станува збор за класифицирани, строго доверливи документи до кои директорот на затворот „Скопје“ нема пристап. Според него, мерките ги одредуваат обвинителството и судот, а куќниот притвор може да биде заменет со ефективен. Тој обвини дека „прокси ботови“ на СДСМ го користат револтот за куќниот притвор и шират тези за наводен пакт со Владата и спасување на ДУИ. Мицкоски рече дека ќе го „држи за збор“ Венко Филипче и оцени дека опозицијата е вознемирена од тоа што може да следува, негирајќи логика за каков било договор со Груби.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап  директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби.

Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука, рече Мицкоски во гостување на Дневникот на ТВ Сител.

— реклама —

Како што рече, прокси ботови на СДСМ се обидуваат да го искористат револтот на граѓаните за пуштањето на Груби во домашен притвор откако претходно воделе кампања дека Владата го пуштила Груби да избега пред 14 месеци, кога се појавил на ГП Блаце - дека Владата ја спасува ДУИ, а дека куќниот притвор е по налог и пакт со Владата.

Мицкоски рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.

— реклама —

Како што рече,  „ќе го држи за збор Венко Филипче“ за она што завчера го кажал на ТВ Сител за наводно постоење политички договор со ДУИ.

Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.

Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде по политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува.... Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав - дека големите одлуки се носат во тишина, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања