Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГРУБИ

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор на Артан Груби

Кривичниот суд одлучи да му ја продолжи мерката куќен притвор за осомничениот Артан Груби. Надлежен јавен обвинител побарал од судот продолжување на истата мерка во следните 30 дена.Груби беше уапсен минатиот месец на граничниот премин Блаце при влез од Косово. Ексвицепремиерот е осомничен за проневера тешка осум милиони евра во Државна лотарија. Полицијата го однесе во затворот Шутка, но ЈО предложи притворот да му се замени со куќен притвор, поради индиции дека му е загрозена личната безбедност и безбедноста на неговото семејство. Кривичниот суд го прифати предлогот, дополнително со 24-часовен надзор што ќе го спроведува МВР.

Македонија | пред 6 дена

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска обвини дека СДСМ бил „сојузник на криминалот“ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и затоа, како што рече, партијата силно го брани.Според Петрушевски, опозициската партија не поставила ниту едно пратеничко прашање до Владата поврзано со Груби, а пратениците од СДСМ, како што тврди, ја напуштиле собраниската сала кога било спомнато неговото име. Тој оцени дека поранешни високи функционери на СДСМ се во „паника и хистерија“ поради можни искази што Груби би можел да ги даде во Обвинителството.Петрушевски изјави дека во СДСМ се свесни за потенцијалните последици од евентуалното сведочење на Груби и затоа го бранат, додавајќи дека доколку тој „прозбори“, дел од поранешните функционери би можеле да се соочат со обвиненија.Тој го повика Јавното обвинителство да ги истражи, како што рече, сите индиции и сомнежи што ВМРО-ДПМНЕ досега ги изнесувала во јавноста.

Македонија | пред 1 месец

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

СДСМ со остра реакција оценува дека случајот со куќниот притвор на Артан Груби се претворил во, како што наведуваат, „циркус пред очите на целата јавност“, тврдејќи дека одлуките на институциите се дел од однапред договорено сценарио.Од партијата обвинуваат дека Обвинителството, кое според нив е под контрола на премиерот Христијан Мицкоски, ја оправдувало одлуката за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.„Само неколку часа подоцна, директорот на затворот ‘Шутка’, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше Обвинителството, тврдејќи дека ниту АНБ ниту МВР воопшто не извршиле безбедносна проценка“, наведуваат од СДСМ.Партијата посочува дека премиерот Мицкоски во телевизиско гостување изјавил дека станува збор за класифицирани информации кои не можат јавно да се соопштат, додека, како што велат, сега се појавуваат тврдења дека „странски служби“ уште пред една година доставиле предупредувања, а формална безбедносна проценка од АНБ и МВР не била изготвена.„Кои се тие странски служби? И ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, врз основа на што Обвинителството донело одлука за куќен притвор? Ако нема проценка, како тогаш се тврди дека била класифицирана?“, прашуваат од СДСМ.Според опозициската партија, контрадикторните изјави околу постоењето на безбедносна проценка – дека имало, па немало, дека била доверлива, па дека не постоела – претставуваат дополнителна потврда дека случајот е однапред договорен и режиран.Од СДСМ оценуваат дека целата ситуација го нарушува кредибилитетот на институциите и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем, барајќи целосна транспарентност и јасни одговори за основот врз кој е донесена одлуката за куќен притвор.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап  директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби.Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука, рече Мицкоски во гостување на Дневникот на ТВ Сител.Како што рече, прокси ботови на СДСМ се обидуваат да го искористат револтот на граѓаните за пуштањето на Груби во домашен притвор откако претходно воделе кампања дека Владата го пуштила Груби да избега пред 14 месеци, кога се појавил на ГП Блаце - дека Владата ја спасува ДУИ, а дека куќниот притвор е по налог и пакт со Владата.Мицкоски рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.Како што рече,  „ќе го држи за збор Венко Филипче“ за она што завчера го кажал на ТВ Сител за наводно постоење политички договор со ДУИ.Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде по политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува.... Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав - дека големите одлуки се носат во тишина, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfbmmq0k2d4ukc5XhxFP

„Треба да има домашен притвор и за кравите, кој им гарантира безбедност и дека нема да завршат во месара?“, кравите и Груби се топ тема

Драматични сцени, трчање по планини, инспектори, полиција и крави што и понатаму слободно се движат низ кривопаланечко – вчерашната акција во Крива Паланка отвори тема за коментирање.По обидот на АХВ и МВР да ги приберат животните, на терен се случуваше вистинска „вестерн“ атмосфера, со реакции од сопствениците и хаотични моменти што ги забележаа и камерите. А истовремено, реакции имаше и за враќањето на Артан Груби и куќниот притвор поради негова „небезбедност да седи во затвор“Во продолжение ви ги пренесуваме реакциите и коментарите од социјалните мрежи за овие случаи.

Коментари | пред 1 месец

media-librarynuo6gdiq5k6pejDDU6O

Агонијата за одредени лица допрва почнува, не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми, вели Мицкоски за Груби

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека власта постигнала договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без логика и основа.„Ги забораваме проски ботовите и актуелната опозиција СДСМ кои ставаат равенство и велат дека власта се договорила со Артан Груби. Ова е политичка теза во изминатите денови. Ајде да видиме што е суштината, а што е политичкиот инженеринг“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека токму Груби, според него, бил еден од најгласните негови политички противници, потсетувајќи на јавни напади, како и на случајот со дронови над куќата на неговата сестра, кои биле претставени како негов скриен имот.„И по некоја чудна логика излегувам како претседател на Владата и се договарам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека нема никаква логика“, рече премиерот.Според него, тезите на опозицијата се менувале од ден на ден – од тоа дека тој лично „пуштил“ некого, до наводен договор меѓу него и Груби по судската одлука.„Бегалецот е обезбеден од органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – судската власт. Тоа нема врска со Владата“, нагласи Мицкоски.Тој додаде дека во јавноста се создава хистерија, слично како, според него, во други случаи кога се ширеле сценарија за економски колапс или мигрантска криза.„Процесот сам по себе ќе даде одговор. Времето работи на нивна штета“, изјави премиерот, додавајќи дека ја разбира револтираноста на граѓаните, но дека извршната власт нема надлежност да се меша во одлуките на судството.Во контекст на промените во обвинителството, Мицкоски изрази очекување дека со новото раководство ќе се гарантира независност и заштита на правдата, оценувајќи дека за одредени лица „агонијата допрва почнува“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата партија се единствените кои, како што наведуваат, покажуваат страв поради наводна поврзаност со корупција и криминал на структури блиски до СДСМ. Од партијата порачаа дека граѓаните треба да бидат спокојни, нагласувајќи дека „правда мора да има“ и дека институциите треба целосно да профункционираат.Во партиското соопштение се наведува дека, според нив, завршило времето на политички нарачани пресуди, при што се алудира на изборот на судии и обвинители во минатото. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека, како што велат, „нема скандал или корупциски случај“ без поврзаност со поранешниот премиер Зоран Заев и со Венко Филипче, обвинувања за кои не се приложени докази во соопштението.Партијата ја обвини СДСМ дека со денови, како што наведуваат, создава медиумска врева околу случајот со запленета марихуана и актуелните случувања поврзани со поранешниот функционер Артан Груби, тврдејќи дека опозициската партија се наоѓа во паника поради можни сведочења.Во соопштението се поставуваат прашања дали СДСМ стравува од евентуален исказ на Груби и дали, според ВМРО-ДПМНЕ, тој би можел да инволвира и други политички функционери. Дополнително, од партијата го обвинија Филипче дека давал неточни изјави во врска со негови наводни познанства со лица поврзани со фирмата „ЦБД Медплант“, повикувајќи се на фотографии кои се појавиле во јавноста.ВМРО-ДПМНЕ порача дека владеењето на правото мора да важи за сите и дека секој што го прекршил законот треба да одговара пред институциите. Од СДСМ засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за случајот со Груби: „Сам се пријавил, ама од бегство“

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, со саркастична реакција го коментираше образложението во случајот со Артан Груби.„‘Сам се пријавил, ама од бегство’ е најновиот правен изум, нечуен и невиден досега уште од Римското право, а успешно измислен вчера од страна на предметниот обвинител и судија во случајот со Артан Груби“, напиша Апасиев.Тој во објавата ги повика, како што наведе, „колегите професори по кривично право“ веднаш да го патентираат и да го објават во научен труд со импакт-фактор, алудирајќи дека таков труд би им бил потребен „за реизбор, по новите критериуми на министерката“.Реакцијата на Апасиев е дел од пошироката политичка дебата што се води околу мерките и постапувањето на обвинителството и судот во предметот поврзан со Груби.

Коментари | пред 1 месец

media-library7g8rilpphp7h0fsYpKs

Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била госторпимлива за лице кое е на црна листа на САД

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните премини, а за кој имаше  меѓународна потерница уште од декември 2024 година. По однос на ова Милошоски вели дека во Собранието во земјава немало никаква информација за него, иако според него, Груби самиот ја проценил ситуацијата дека нема да има промени во власта во земјава. Како што вели тој, станува збор за функционер кој се најде на црната листа на САД, и затоа ниедна земја не би била гостопримлива да му овозможи престој.„Политички ако се разгледа самото негово однесување, па и ако се поврзе со однесувањето на ДУИ во изминатиот период. Веројатно во изминативе 12  или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени во однос на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после поразот нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски.Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку како што вели тој, се работи за функционер којшто се најде на црната листа на САД. „Било која земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена таквото гостопримство да му го овозможи бесконечно. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап на таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.Милошоски порача дека власта смета оти е време за одговорност, без да прејудицира како ќе започне или заврши процесот. Тој вели дека немало никаква информација во однос на предавањето на Артан Груби.„Во Собранието не сме имале таква информација, но политичките проценки што сме ги имале вака како владеачко мнозинство, особено после изборите и во Косово информирањето таму на една постабилна влада со која што господинот Груби, можам  да кажам ете и нема некои најдобри релации, проценките беа дека порано или покасно ќе се појави пред органите на прогонот“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library4dmre2e8cfhsea0U6XW

(Видео) Снимка од апсењето на Груби на Блаце

Утрово на ГП Блаце беше уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби.„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, информираат од МВР.Тој е приведен за кривично дело „проневера во службата“ во Државна Лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари.

Македонија | пред 1 месец

grubi-41

ВРЕДИ до ДУИ: Првото нешто што треба да го направи овој „СПАК“ е да побара екстрадиција на Артан Груби

ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на „локален СПАК“ (Албанско специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја „откриле Америка“. Но, прашањето што веднаш се поставува е дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.Според коалицијата Вреди, корупцијата има познати лица како што се Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во Фондот за здравствдно осигурување (ФЗО), Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и „многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи“, се наведува во соопштението на Вреди.Вреди, се потенцира во соопштението, го поздравува овој „СПАК“ на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња.„Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ. Ако овој ‘СПАК’ е сериозен, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи. Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „”СПАК за фејсбук’, а не за правда“, велат од коалицијата Вреди.

Македонија | пред 1 месец

artan-grubi

Истрагата ќе ја завршат, ама него го нема: Македонија не успева да стигне до Артан Груби

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е практично завршена и дека се чека единствено на неговата екстрадиција. Како што истакна во гостување во „360 степени“ на МРТ 1, сите докази се собрани, вклучително и финансиската истрага, но Обвинителството не располага со информација каде се наоѓа Груби, бидејќи тоа не е во нивна надлежност.Во однос на наодите од извештајот на Европската комисија, каде се нотира дека „корупцијата останува распространета во многу области и претставува сериозна загриженост“, Коцевски смета дека за ефикасна борба против корупцијата мора да се создадат вистински услови – истражители, истражни центри и форензичари кои ќе ја водат работата.На прашањето дали Обвинителството го дава максимумот, Коцевски тврдеше дека институцијата работи „повеќе од максимумот“, и дека јавноста добро ги знае сложените случаи со кои се соочуваат обвинителите.Посочувајќи ја реакцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски – дека МВР поднесува кривични пријави, а Обвинителството селективно постапува – Коцевски одговори дека таквата констатација е неточна.„Јавното обвинителство постапува неселективно. Доказ за тоа е и предметот за Кочани, каде работевме по пријави на МВР“, рече тој, додавајќи дека Министерството поднело околу 14.000 пријави, а вкупниот број од сите институции и граѓани надминува 20.000.Според Коцевски, Обвинителството работи на крајниот праг на своите капацитети.„Со околу 70 обвинители помалку од потребното, а претходно и со сто помалку, ние работиме во рамките на можностите – и повеќе“, нагласи тој.Коцевски се повика и на законската обврска: Обвинителството мора да постапува по секоја кривична пријава и да прибира докази врз кои ги носи одлуките.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_6193

Мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син.Зира Груби која напиша дека се чувствува благословено, напиша:,,Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството на сите други заедно, кога твоите дела се спомнуваат затоа што сите ги правиш горди и ги правиш да се сеќаваат со години кога Албанците се чувствуваа застапени, кога видоа како даден збор се реализира, а кога не успеваат да се приближат до работата, сакаат да уништат и уништат сè што постигна.... Јас, мајка ти погорда од кога и да е, ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРТАН и се молам да имаш добро здравје, а оваа политичка одмазда и прогон како во време на комунизмот да ја има судбината на тој систем на прогон и дека вистината ќе победи по Божја волја. Никогаш не заборавај дека те сакаме. Животот е исполнет со тешки времиња и добри времиња. Учи од се што можеш и стани човекот што знам дека можеш да бидеш”, напиша мајката на Артан Груби.

Коментари | пред 9 месеци

IMG_6190

Груби по шест месеци се јави преку “Фејсбук”

Експрвиот заменик претседател на Влада и човек од доверба на Али Ахмети, Артан Груби кој веќе шест месеци не е достапен за македонските институции денеска се огласи на социјалните медиуми по повод неговиот роденден.Груби сподели роденденски честитки од негови блиски пријатели и роднини. Се работи за прва негова активност по исчезнувањето, а објавата не содржи никаква информација за тоа каде се наоѓа или кога ќе се врати.Тој објави фотографија со уште една машка особа, двајцата се во црвени маици, а на грбот пишува-Албанија.Артан Груби во декември мунатата година се најде на американската црна листа. Веднаш потоа преку долг Фејсбук статус најави повлекување од политиката и јавниот живот за да побегне преку легален граничен премин поради аферата за криминал во Лотарија.

Коментари | пред 9 месеци

grubi-ahmeti-1

„Бомбите“ за ДУИ се чуваат во сефот на Груби, тоа е терор за партиските функционери, вели Хајредини

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој е во бегство поседува „бомби“ (прислушувани разговори) за раководството на ДУИ, а тие „бомби“ му се дадени токму од поранешниот премиер Зоран Заев, тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини.„Бандата, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е терор за поранешните и сегашните партиски функционери. Овој разумен страв произлегува од тоа што еднаш, во времето на бомбите, сите прислушувани разговори на ДУИ, вклучително и на Али, Заев му ги предаде на Артан. Како што е познато, од стотиците објавени закани за бомби, и покрај предупредувањата, не беа пронајдени бомби за челниците на ДУИ, иако сите тврдат дека ги има во изобилство, а добро се чуваат во приватниот сеф на Артан Груби. Со нив може да уценува, да влева страв и да диригира со своите кадри“, пишува Хајредини.Во нова објава, Хајредини посочува дека само со враќањето на Груби ќе може да се почне со расчстување на криминалот и корупцијата.„Само со враќањето на Груби од егзил може да започне демонтажата на првата линија на одбраната против епидемијата на криминал и корупција која долги години е неказнета“, напиша Хајредини.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

„Ахмети е во постојан контакт со Груби“

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми“, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во неговото влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи“, рече Меџити.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi

Груби остана без работа, нема да предава новинарство оти го избкраа

Артан Груби доби отказ и повеќе не е професор по новинарство на Универзитетот во Тетово.Тој бил вработен 13 години, но бидејќи беше државен функционер, работното место му беше во мирување. Кога ДУИ ги изгуби изборите, тој немаше повеќе функција и се врати на работа во август 2024 година.Бидејќи е во бегство, а полицијата го бара со меѓународна потерница, отказот му е пратен по пошта и на е-мајл.За него е почната и кривична постапка во предметот „Државна лотарија“. Ден пред претресите, Груби ја напушти Македонија и отиде за Косово. На фејсбук пиша дека е чист како солза и дека ќе се врати веднаш штом семејните обврски завршат. Но тоа не се случи. Потоа, МВР почна да го бара преку меѓународни канали. Последно, Изет Меџити, вицепремиер, кажа дека Груби се наоѓа во Албанија. Али Ахмети прво соопшти каде е Груби, па потоа, се премисли и рече дека не знае.„Не сум го сретнал Артан Груби. Тој е добро, неговата локација е секако во албанските простори, тоа е процес кој мора да има епилог. Aртан Груби не избега од Македонија. Артан Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, да ги почитува законите, но не во одмаздничката и селективна правда“, рече Ахмети.Потоа, Ахмети кажа дека не знае каде е Груби.На 9 декември 2024 година, Груби се најде на т.н. црна листа на американскиот Стејт департмент од каде посочија дека заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Македонија | пред 1 година

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Откако стана бегалец, Груби на пат да остане и без работа: неговото непојавување ќе му донесе отказ

По 13 години работен ангажман на Тетовскиот универзитет, Артан Груби е на пат да добие отказ. Причината е неговото отсуство, откако замина од Македонија, па се распиша потерница по него бидејќи е осомничен за сторени злоупотреби, со што стана бегалец. Груби е доцент на Правниот факултет, на отсекот новинарство.Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство на професорот без да даде појаснување.-Од минатата недела не е на факултетот што е непочитување на обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Почнавме постапка со соодветни мерки. Ќе ја објавиме конечната одлука како Универзитет наскоро, изјави Емрули за „Алсат“.

Македонија | пред 1 година

grubi-ageler-4

А каде е Груби?

Веќе 15 дена трае „приватната посета“ надвор од земјата на поранешниот заменик-претседател на Владата Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница во врска со злоупотребите во Државната лотарија во вредност над 8 милиони евра. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на новинарско прашање дали има информација каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби, рече дека не се занимава со таа работа.„Се обидувам да се апстрахирам од дневна политика. Тоа е работа на органите на редот. Вчера видов една изјава на неговиот лидер дека тој знае и мислам дека треба набрзо да се повика, да се праша каде е и да се преземат мерки и да биде повикан и да дојде да одговара пред органите на редот“, рече Гаши.Сепак, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека веројатно се наоѓа некаде на албанските простори. И за да биде уште поконтроверзно, според Ахмети, Груби не избегал, иако дури еден полицаец беше суспендиран од работа токму поради бегството на Груби.„Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го сретнал, добро е. Неговата локација сѐ уште е некаде на албанските простори. Тоа е процес што треба да добие епилог. Артан Груби не е избеган од Македонија. Артан Груби е подготвен да одговори пред органите на правдата, да ги почитува законите, но не со одмазничка и селективна правда“, изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ.По денешните реакции и барања што стигнаа од премиерот Христијан Мицкоски, но и од опозицискиот СДСМ тој да каже каде се наоѓа Груби, Ахмети во изјава за ТВ 21 тврди дека нема контакт со ексвицепремиерот.„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата меѓу Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и господинот Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“, изјавил Ахмети за ТВ 21.Прашан за коментар за вчерашната изјава на Ахмети, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти се надева дека таа ќе допре до Обвинителството и дека лидерот на ДУИ ќе биде повикан да даде одговор ако знае каде се наоѓа Груби, кого го ослови како бегалец од правдата.„Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во која ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот, ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. На секој во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии во последните седум години. Истите тие без кои не можеше да биде поставен ниту обвинител, ниту судија, ниту да поминат квалификации преку Академијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

izet-m

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, остро реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неговиот партиски колега Артан Груби, кој по ставањето на црната листа на САД и прогонувањето од страна на македонските органи за истрага, се сомничи дека се наоѓа скриен во албанскиот простор.„Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата! Не ја дампирајте албанската просторија со печатот на корупцијата и не вклучувајте ја во криењето на обвинетите за корупција и злоупотреба на службената позиција,“ напиша Меџити.Тој нагласи дека албанскиот простор треба да остане симбол на гордост и достоинство. „Личностите од црниот список на САД не смеат да ги прават албанските држави заложници на правдата и да ги вклучуваат во нивните злоупотреби. Ова е срам за политиката и политичарите албанци во Северна Македонија“, заклучи Меџити.Неговиот одговор следува по критиките кон политиките на ДУИ и улогата на партијата во заштитата на личности вклучени во корупциски скандали.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети ретерира, сепак не знаел каде е Груби

По вчерашната изјава дека Артан Груби се наоѓа на албанска тетиторија, лидерот на ДУИ и пратеник, Али Ахмети денеска ретерира, не знае каде се наоѓа неговиот прв соработник.„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и господинот Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“, изјави Ахмети за ТВ 21.Вчера за косовските медиуми, Ахмети јасно кажа дека Груби се наоѓа на албанска територија. Ахмети побара правдата да не биде селективна и одмаздничка.Груби е осомничен за проневера во Државна лотарија.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi-dui

Обвинителство крева раменици за распит на Ахмети, сметаат дека они немаат што да го викаат, а МВР можат ако сакаат

Откако Али Ахмети застана во одбрана на бегалецот Артан Груби, а вицепремиерот Иџет Меџити побара лидерот на ДУИ да биде повикан на разговор - Обвинителството ја префрли топката. Тие сметаат дека тоа не треба да го прават, напротив, им посочуваат на МВР како институција која трага по Груби, да го викне Ахмети на разговор, ако сметаат дека треба.“Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална и меѓународна потерница за осомниченото лице.Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот”, велат од Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Ахмети го брани Груби: Не побегна, си зема одмор од папараците и јавноста

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, застана зад својот близок соработник иако како партија се оградија од Груби.За време на неговата посета на Косово, каде што учествуваше на прием организиран од Рамуш Харадинај за ветераните на ОВК, Ахмети изјави дека Груби, не побегнал од Македонија, туку се наоѓа на „албанските простори“.Според него, Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, но само пред судски процес кој не е „одмазднички или селективен“, како што посочил .Според Ахмети, товарот и стресот што го носи една ѕвезда како Артан Груби во Македонија е голем и повика на разбирање од јавноста.

Македонија | пред 1 година

grubi-41

Груби нема албанско државјанство, Тошковски му најави дека ќе го најде, а од него ни трага ни глас

Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош.„Артан Груби нема албанско државјанство“, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.Истовремено, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели: „Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава“.„Пријатно бев изненаден од изјавата на предметното лице во насока на тоа дека истото е на приватен или службен пат и дека само кратко ќе се задржи во друга држава, не во државата која го хранела долг временски период. Се уште се надевам дека тоа лице ќе покаже доблест и одговорност, но и дека навистина е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди онаа фраза која што ја изјави дека е чист како солза и дека навистина не сторил ништо на штета на државата и граѓаните. Јас најодговорно тврдам, согласно сите докази кои што ги имаме собрано до сега, и сите оние факти кои што се утврдени во рамки на овие предистражни и истражни постапки, нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза“, рече Тошковски.И по десет дена нема ни трага ни глас од поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство откако надлежните го осомничија за криминали поврзани со случајот Државна Лотарија.По него распишана е и меѓународна потерница но МВР до сега нема информации каде тој се наоѓа.Груби земјава ја напуштил на 15 декември преку граничниот премин Долно Блаце со помош на полицаец, кој му дозволил да помине без контрола.

Македонија | пред 1 година

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

ДПМНЕ го пушти Груби за избега и целосната одговорност е кај нив, вели Кузеска

„Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.Линк до видео:

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања