Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГРУБИ

grubi-4

Груби ќе го тужи Лефков: „Тој е многу гласен, ја заменува храброста со гласноста“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст да излезе од говорницата и да го клевети истото и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае дека ќе се соочи со правни последици за тоа што го зборува, рече Груби.Вицепремиерот Груби се надева дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе дадат придонес да го поддржат проектот и ќе имаат и тие дел во изградбата на автопатите.„Се надевам дека новите ветришта кои дуваат во ВМРО ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме заеднички да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија. Многу сум радосен за позитивната атмосфера која владее во нивната партија“, посочи тој.Левков претходно го обвини Груби за местење на тендер за коридорите и за тоа дека треба да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои се тендерирани се за фирма загубар да може да го добие тендерот.

Македонија | пред 3 години

BDI-Cair-10

Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека сите спортски реквизити кои ги има во кабинетот во Министерството за политички систем не се купени со пари на јавни набавки, туку дека му се донирани.- Голчето ми е дадено од Фудбалската федерација на Македонија, баскетот ми е поклонет од Перо Антиќ, а ракометната топка од Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт која ќе биде дел од Министерството за политички систем и ќе ги претставува интересите на сите групи, рече Груби.Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Алихмети, рече дека во неговата канцеларија стои и позлатеното пенкало со кое го потпишал договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д.

Македонија | пред 3 години

20230307213535

Не гледам ништо неморално, eдноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, вели Груби

Сме станале општество со хистерични реакции за се и сешто. Ова го истакна првиот вицепремиер Артан Груби во телевизиско гостување на 24 Телевизија по објавувањето на фотографиите на кои тој заедно со пет министри играат фудбал во неговиот кабинет во ВладатаТој вели дека нема ништо спорно во играњето фудбал во канцеларијата, и посочуваше дека идејата било да покажат дека се одличен тим, дека се сложни заедно, дека се млади и полетни и желни за резултати. Воедно Груби истакна дека со овие фотографии сакале да покажат дека само што започнале со работа.- Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто - реагира првиот вицепремиер Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.– Не беше во работно време, но и да беше. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе првпат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет,… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутираваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно – објасни Груби во вчерашното гостување на 24 Телевизија.Тој вели дека во сегашната опозиција нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал.Груби попладнево објави статус на Фејсбук, покажувајќи како со своите петмина колеги – министри од ДУИ играат со топка во неговиот владин кабинет. Кабинетот е опремен со сите реквизити за релаксација

Македонија | пред 3 години

grubi

Се задолжуваме со нови кредити, за да враќаме долгови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груби

Вицепремиерот Артан Груби во емисијата “Клик Плус” на ТВ21 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се извор на корупција, и дека сегашната владејачка коалиција морала да подига кредити за да се вратат долгови создадени од нив.„ВМРО-ДПМНЕ е извор на корупција. Тие измислија коруптивни зделки за да се збогатат на товар на граѓаните. Ги гледате денеска по судови. Го измислија проектот Скопје 2014, комплетно коруптивен проект. И што правиме ние денес? Се задолжуваме со нови кредити за да враќаме долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груби.

Македонија | пред 3 години

grubi

ВМРО-ДПМНЕ најави нови докази за богатењето на фамилијата на Груби

Артан Груби е фатен жив за скандалот со купувањето на деловен простор на неговиот брат во центарот на Скопје по багателна цена, вели ВМРО-ДПМНЕ„Првиот вицепремиер Груби е испашен и нервозен бидејќи е фатен во чист криминал, па за тоа со сите сили врши притисоци во Јавното обвинителство за да не се отвори предмет за овој случај.Сепак институциите треба да се надминат и охрабрат и да истражат, како е возможно во строг центар на главниот град да се купи деловен простор од 127 метри квадратни за само 100 илјади евра. Или за 5 пати пoевтина цена од пазарната.Дали Груби добил повластена цена и која е причината за оваа повластица за првиот вицепремиер за деловниот простор кој го купил неговиот брат.Исто така остана нејасно, а институциите мора да дадат одговор дали плаќањето било во кеш за да се избегне потеклото на пари или пак за некое друго ветување за стекнување на друга корист.Очајничките обиди на Артан Груби за дефокус кои преку неговите интернет портали ги користи, не поминуваат. Јавна тајна е дека Груби има свои портали, кои претходно биле на негово име, за пресметка со неговите неистомисленици и политички противници.Седиштето и центарот за координација на овие артанови портали е токму во министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.Иако институциите со денови молчат за овој скандал, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во објавувањето на докази за енормното богатењето на фамилијата на првиот вицепремиер Артан Груби.Во текот на денешниот ден ќе објавиме нови сомнeжи, но и дoкази за тоа како преведувачот од амбасада и неговото семејство станаа едно од најбогатите фамилии во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби: Кога ќе ми каже Ахмети да седам дома, ќе седам дома

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Канал 5 истакна дека кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе му каже да седи дома, ќе седи дома.Ваквата изјава следува по прашање во врска со барањето на „Огнената група“ за негово разрешување.„Кога Ахмети ќе ми каже седи дома, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б. Јас не се оптоварувам со мојата функција“, вели Груби.

Македонија | пред 3 години

grubi

Груби со понуда до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ: Нека гласаат за уставни измени и одиме одма на избори

Првиот вицепремиер, Артан Груби вечерва излезе со понуда до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за уставните измени и да одат на предвремени избори.-Еве понуда во живо до ВМРО-ДПМНЕ. Знам дека и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сложат со ова да одиме на седница на Собрание со две точки на дневен ред. Првата точка да биде уставни измени, а втората да биде распуштање на Собранието и предвремени избори. Бујрум, нека влезат, нека гласаат за уставни измени и одиме на избори, рече Груби во „Само интервју“ на Канал 5.Прашан дали е можно да се спојат претседателските со парламентарните избори, Груби рече дека ќе видат.– Ќе видиме дали ќе се спојат, една година разлика, од денеска па до март 2024 година, посочи Груби.

Македонија | пред 3 години

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Како семејната фирма на Груби со 4 години по ред загуба купила имот од пола милион евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата кај Артан Груби станува се поочигледна после секој аргумент кој покажува дека неговие блиски луѓе трупаат енормно богатство во време кога сите граѓани осиромашуваат. Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар, вели ВМРО-ДПМНЕ„Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се секнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Централниот регистар 4 години по ред работела со загуби.Како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73%?Дали Артан Груби ја користел својата позиција во Владата да и овозможи повластици на семејната фирма? Како фирмата на Груби стекнува толкав луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Груби: Ние сме Ахметисти, Ахметовскиот феномен секогаш победува

Артан Груби од ДУИ, вчера во Теарце изјави дека поддржувачите на ДУИ се поддржувачи на Ахметовскиот дух. Тој рече дека феноменот Ахметисти се студира од многу политиколози.„Вие сте приврзаници, поддржувачи на Ахметовскиот дух. Ахметовскиот дух кој денеска се студира од политиколози, читате колумни секој ден од македонски и странски автори каков е Ахметовскиот феномен кој победува војни, мир, победи и на избори, за 42 години по ред. Ахметовскиот дух цело време бараше војна, се бореше за правда, слобода и еднаквост и кога војната дојде тие избраа мир“, вели Груби.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби потпишал обештетувања за четворица поранешни бранители

Потписот на првиот вицепремиер Артан Груби стои во одлуката на Владата за обештетување на четворица поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Документот што го обезбеди Алсат е од седницата на Владата на 25 мај 2022 година и освен што го задолжува Министерството за финансии да изврши исплати на четири лица, го задолжува и државниот правобранител да се откаже од извршните постапки против обештетените. Алсат ја обезбеди сумата со која е обештетен секој поранешен бранител. На секое решение за обесштетување стои потписот на првиот вицепремиер Груби.Вредност на обештетувањеСашо Величковски 541.194 денари - 8.800 евраДимче Манчов 416.588 денари - 6.770 евраМарјан Величковиќ 496.743 денари - 8.000 евраЗоран Ангеловски 362.894 денари - 5.900 евра Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Се огласи Груби за објектот на Средното медицински училиште во Тетово

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби се повлече и сега стариот објект на Средното медицински училиште во Тетово ќе остане во владение на општината.-Наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, напиша Груби на социјалната мрежа Фејсбук.Тој вечерва тврди дека во одлуката објектот да се отстапи на Агенцијата за катастар на недвижнисто немало никаква тенденција. Појаснува дека тоа било побарано уште кога градоначалничка на Тетово беше Теута Арифи.-Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше Теута Арифи. Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето. Агенцијата за катастар го повтори барањето оваа година со образложение дека постојат простории кои не се користат. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената агенција за да им служат на граѓаните на Тетово, напиша Груби.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби им ја одзеде училишната зграда на гимназијалците од македонска настава

Со одлука донесена на 20 јули оваа година, а потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби, се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар, објави СДК. Македонските ученици од тетовската гимназија сега учат во два објекти од старото медицинско училиште, па ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. На ваквата одлука остро реагира градоначалникот на Тетово Билал Касами кој вели дека ова е само одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово.„Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училиштен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква претходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава. Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување“, изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 3 години

dfasdfasdf

„Во држава изградена врз етничка основа постојат само племиња“, „На ДУИ им е во опис да шират омраза кон се македонско“, жестоки реакции за исвиркувањето

Професорката Мирјана Најчевска и пратеникот од Левица Борислав Крмов, се меѓу првите кои се јавија со реакција по видеото на кое се гледа како дел од публиката ја исвиркува водителката додека таа зборува на македонски јазик.Најчевска смета дека вака не се гради современа држава.„Државата која се базира на колективитети изградени врз етнича основа не може да биде современа демократска граѓанска држава која ги штити права на поединците. Во ваквата држава нема индивидуи. Постојат само племиња и племенска заштита“, напиша таа.Крмов смета дека е нормално за ДУИ да шират омраза кон се што е македонско.„Со големоалбанска и етно-шовинистичка матрица, ширењето омраза кон се што е македонско, на ДУИ им е во опис на работно место. Шовинизмот и омразата на ДУИ се 'борба за човекови права', додека барањето заштита на Македонците од асимилаторските политики на соседите е 'национализам'“, напиша тој.Бројни осуди имаше и од граѓаните на социјалните мрежи.

Коментари | пред 3 години

skenderbeg-prosalva

ВИДЕО: Водителката на „рамковниот фестивал“ исвиркана кога зборуваше на македонски јазик

На синоќешната прослава по повод 21-годишнина од Охридскиот рамковен договор, која се одржа на плоштадот Скендербег, водителката која читаше на македонски јазик беше исвиркана од страна на публиката.На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат свирежи додека се чита најавата на македонски јазик.Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто Груби ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена 100 илјади евра од буџетот на ова Министерство.

Македонија | пред 3 години

grubi-4

„Во Тетово ќе се произведуваат електрични возила, Владата ќе субвенционира 130 милиони евра“, тврди Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила во Тетово.„На годишнината на Охридскиот мировен договор, во Сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места, напиша тој.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

Груби јавно го пофали Ахмети: Тој направил повеќе за Косово отколку за Македонија

Нашиот лидер Али Ахмети направил повеќе за Косово, отколку за С. Македонија и врз основа на овој факт, Ахмети не може да направи или да мисли ништо лошо за Приштина, изјави македонскиот вицепремиер Артан Груби за ТВ Еуроњус од Албанија.На гостувањето во емисијата Балкански муабети на новинарот Франко Ерго, за која Груби објави и на својот профил на Фејсбук, зборуваше за односот помеѓу високите функционери на ДУИ и за Косово.На прашањето дали преку иницијативата Отворен Балкан Ахмети и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ, двајцата Албанци, му прават штета на Косово, Груби рече дека Ахмети направил повеќе за Косово, отколку за Македонија и дека врз основа на овој факт, Ахмети не може да направи или да мисли ништо лошо за Косово, пренесуваат медиуми на албански јазик.Освен тоа дека Ахмети направил повеќе за Косово отколку за Македонија, Груби истакнува дека во четири земји „доминираат албанските елементи“.– Косово во која било регионална иницијатива е четврта земја со Албанци, a го имате Един, мене и Али, го имате и Дритан. Во четири од шесте земји на Западен Балкан доминираат албански елементи и не можат да дозволат Косово да биде оштетено и дискриминирано, истакна Груби.Тој додаде дека Косово би имало многу можности и придобивки од Отворен Балкан.– Можете да учествувате како набљудувач, како што тоа го прави Дритан, можете да одлучите дека билатералните договори се само билатерални. Косово може да ги потпише тие договори за слободно движење на луѓе и стоки за да си помогне и да си помогнеме меѓусебно, меѓу Приштина и Скопје, Приштина и Тирана, изјави Груби.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заев и Груби договориле деградација на Агенцијата за млади и спорт, вели Кираџиева

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, вели координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева.„Со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците. Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија!Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега.Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад.Го повикуваме директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука!Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото“, додава таа.

Македонија | пред 3 години

FVCqOLeXoAADSjt

Откако Рама нѐ прогласи за „идна западна Бугарија“, Груби сподели фото и напиша: Респект

Македонскиот вицепремиер и министер Артан Груби со фотографија го поздрави Еди Рама, кој Македонија ја претстави „западна Бугарија“. Кратко откако јавноста се бунтуваше за ваквиот пристап на албанскиот премиер, македонскиот вицепремиер му одадде почит.„Респект“, напиша тој споделувајќи фотографија од Рама, Ахмети и него на маса како се смејат.Во коментарите, Груби доби круни, албански знамиња, но и коментари како „Криминaлец“, „Наркос“, „Еди е одличен“.Фотографијата доаѓа неколку часа откако цела јавност се крена на нозе по коментарот на Рама, на кој македонскиот премиер Димитар Ковачевски се смееше.Сепак, останува нејасно дали коментарот на Груби каде изразува почит кон Рама се однесува на неговиот потег каде со невкусна шега ја навреди Македонија. Истиот доаѓа во моменти кога многумина бараат албанскиот премиер да биде прогласен за „персона нон грата“

Македонија | пред 3 години

grubi-4

Артан Груби наместо по компетенции вработува роднини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ„Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби.Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција.Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина?ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување.Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе.И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби вели дека изјавите на директорот на Државниот завод за статистика се за жалење

Останаа уште само осум дена до објавувањето на резултатите од Пописот на населението. Првиот вицепремиер, Артан Груби, во гостувањето на тв 21 вели дека е задоволен од процесот, но не сакаше да ја коментира изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека откако ќе бидат објавени резултатите, тој ќе биде државен непријател број еден.– Има неколку изјави на директорот на Заводот, кои се за жалење. Јас знам, но ќе оставам тој да објасни. Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина беше извонредна работа. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се, тврди Груби.-Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14%, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес-рече Груби.Статистичките податоци од септемврискиот попуст, кој беше одложуван неколкупати, треба да бидат објавени на 30-ти март. Статистичката операција со 20 години задоцнување, конечно треба да го донесе вкупниот број на населението и домаќинствата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања