Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГРУБИ

grubi

(Видео) Груби фати пат да ја бодри Албанија во Германија, иако не отиде за Македонија на Европското во 2021 година

Вицепремиоерот во заминување, Артан Груби денеска го фати патот за Германија. Целта беше да се гледа натпреварот Италија-Албанија, каде Албанија изгуби. Груби имаше и придружба, беше облечен во одело и го бодреше западниот сосед.Наспроти ова, кога Македонија играше на Европско првенство во 2021 година, Груби не отиде да ја бодри. Во јавните архиви, не се наоѓа фудбалски настан на македонската репрезентација каде тој присуствувал во последните години.Груби е поранешен навивачки водач на групата „Шверцери“.Во јавноста посебно актуелен стана во 2011-та година, кога беше еден од организаторите на инцидентите на Кале, за што и доби две години условна казна затвор. Хулиганството на скопското Кале го однесе Груби до политичките височини. Со текот на годините стана десна рака и најблизок соработник на Ахмети.

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Коалиција ВРЕДИ: Пропадна легализацијата на криминалот на Груби

,,Пред да започнеме со главната тема за која ве поканивме, сакаме да ви кажеме и вам, но и на пошироката јавност дека само во последните 100 дена Артан Груби преку неговиот курбан, Прпарим Бајрами, потроши над 2,1 милиони евра пари на граѓаните за маркетинг и рекламирање на казина и коцкање во дигитални медиуми. Значи, оваа корумпирана власт во заминување, не размислува за кампањи за сензибилизирање на граѓаните за читање и образование, за заштита на животната средина и спорт, за заштита на здравјето и вработување, туку размислува како да ги поттикне граѓаните да играат што повеќе казина и игри на среќа. Следствено, се отвора сомнежот дали на овој начин оваа власт планира да ја финансира нивната пропагандна машинерија, со десетици портали под директна контрола на Артан Груби и Прпарим Бајрами.Но, да одиме по ред. ДУИ преку Арбр Адеми, кој се чини дека ја презеде улогата на адвокат и портпарол на валканите бизниси со коцкање и казино, ја обвини албанската опозиција за опструирање на законот за игри на среќа.Прво, од почит кон јавноста, сакаме да разјасниме неколку работи. Денеска не сме тука да се расправаме со ДУИ. Раководството на ДУИ сами го избраа овој пат на криминал и за оваа одлука ќе бидат казнети од граѓаните, но и од самото членство на ДУИ, на 24 април и 8 мај.Тоа што е важно за нас, е на јавноста да и се разјасни дека е безмислено да се обвинува албанската опозиција дека не даваме поддршка, кога од 64 пратеници на власта, само 51 пратеници гласале За. Ова е јасен доказ дека ДУИ и ова мнозинство, го изгубиле компасот и дека системот целосно им пропаднал.Ние како опозиција ВРЕДИМЕ, а ВРЕДИ е против коцкањето. Додека самото коцкање е анти-вредност. Но, на 24 април и 8 мај, коцкарите ќе ги изгубат изборите, а ВРЕДИ ќе победи.Овој закон за игри на среќа, кој Артан Груби експресно се обиде да го донесе со европско знаменце, за што жестоко реагираше и меѓународниот фактор, немаше никаква врска со заштитата на младите од коцкање, туку беше само обид за легализирање на криминалните договори кои Артан Груби ги склучил преку својот Курбан Прпарим Бајрами. Логично се поставува прашањето: зошто во редовите на ДУИ и кај Артан Груби има толкава загриженост поради тоа што законот не е усвоен? Паѓаат ли во вода милионските договори со српското, бугарското и црногорското подземје? Какви обврски има раководството на ДУИ кон овие кругови?Почитувани граѓани, нема поголема иронија од тоа кога ќе слушнеме како ДУИ-Лотарија кои преку интернет го внесоа коцкањето во секој дом, да ги обвинуваат другите за спречување на усвојувањето на законот. Нема поголема иронија кога ДУИ-Лотарија, која само во овој 4-годишен мандат вложи 46 милиони евра пари на граѓаните во набавка на апарати за казино, да се преправат дека ништо не знаат. Нема поголема иронија кога само во последниот ден како прв вицепремиер, Артан Груби преку неговиот курбан Перпарим Бајрами потроши 12 милиони евра за набавка на нови апарати за казино, а од друга страна го вперуваат прстот кон другите.Овде сме да повториме дека членот 10 од овој предложен закон предвидува отстранување на обложувалниците, но не и на казината на минимална оддалеченост од 500 метри од средните и основните училишта. Со законот предложен од Груби и ДУИ-Лотарија, казина може да се најдат и во училишните дворови. Овој член намерно не ги вклучува казината. Така преку овој закон ДУИ-Лотарија би им затворил прозор на некои обложувалници, но силно би им отворил врата на казината и онлајн казината во ексклузивна соработка со српското подземје. Значи, Да на Русија, преку Србија.Арбр Адеми, пред да го впери прстот кон албанската опозиција, би било добро да го праша својот сограѓанин и пријател, Перпарим Бајрами, дали гореспоменатите факти на врската ДУИ-Србија се причина за неговите чести посети на локалот „Лафајет“ во Белград?Коалицијата на албанските опозициски партии – ВРЕДИ е многу заинтересирана за вистински закон против коцкањето, закон кој ќе ги содржи следните точки:• целосно затварање на игрите на среќа, обложувалници и казина, а не како сегашниот предлог, кој вклучува обложувалници, но не и казина,• целосно затварање на онлајн казината,• детална и независна истрага за сите валкани пари на српското подземје кои со дозвола и знаење на ДУИ влегле во нашата држава преку казино бизнисот.Промената доаѓа преку коалицијата ВРЕДИ, државата ќе се развива, Албанците ќе бидат заштитени, а тие што ја имаат мувата под капа ќе одговараат за сите направени злодела", велат од Коалиција ВРЕДИ.

Македонија | пред 2 години

417513002_10161446156892138_8456261493709764993_n

(Видео) Груби го „срцкаат“ од Виетнам, Ангола, Замбиа, тој знае кој му ги нарачува и зошто

Министерот Артан Груби од ДУИ важи за политичар кој сака да се промовира на социјалните мрежи, а на некои од објавите се гледаат илјадници лајкови во знак на поддршка. Најголемо внимание привлече фотографијата со 5.500 лајкови, од промоцијата на Бујар Османи за претседателски кандидат. Од нив, 2.200 се „срциња“, но голем дел од профилите не се од Македонија туку од Виетнам, Ангола, Замбиа. Груби за „Скопје1“ посочи дека знае чие масло е тоа. „Пред месец дена, на ТВ21 беше Касами и имаше илјадници лајкови од Азија, медиумите го провалија и сега истото се обидуваат да го прават кај мене и кај нас во ДУИ преку нарачка на платени лајкови срца итн, за да го релативизираат нивното фијаско“, вели Груби за „Скопје1“.На социјалнит емрежи постојат алатки кои овозможуваат со плаќање да добиете повеќе лајкови во знак на поддршка. Таква е страницата „order.aladinseo.com“ каде има и ценовник колку се плаќа, а колку лајкови се добиваат. Може да ги нарача било кој, за било кој профил.Груби и преку социјалните мрежи се обрати до албанската опозиција.„Глас да не ви чујам, молчете, и голема благодарност на некреативните и патетични деривати на ДУИ во опозиција за сите фанови од Русија, Кина, Индија, Бангладеш, цела Азија што ми ги донесовте на профилот со парите што сте ги украле, само продолжете Ве сакам сите, освен Русофилите од опозиција“, вели Груби во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“, која има над 800 лајкови.

Македонија | пред 2 години

image-175509

Курти е добредојден и често доаѓа во Република Македонија, вели Груби

Настаните поврзани со посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, според првиот вицепремиер Артан Груби се провиден патриотизам и фолклор и обид за да се злоупотреби присуството на Курти за придобивање на политички поени.Тој по посетата на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“, одговараше и на новинарски прашања поврзани со актуелната состојба во земјава кои произлегоа по посетата на Курти и обвинувањата на опозицијата за политички прогон и реваншизам.- Секако дека треба да ги почитуваме институциите во нашата земја. Треба да ги почитуваме и знамето и химната и законските обврски при организација на настани. Сметам ова дека ова што се приредува е театар којшто е апсолутно непотребен. Тоа го прават во недостиг на проекти, во недостиг на идеи. Во недостиг на реализација тие прибегнуваат кон некој лажен фолклорен патриотизам којшто во 2023 година апсолутно е непотребен, изјави Груби.Тој посочи дека премиерот Курти е добредојден и често доаѓа во Република Македонија, а двата настани имале локален карактер и во организација на двете општини, чии лидери се обиделе го злоупотребат неговото присуство за да се промовираат.- Тие што го имаа покането Курти и што се обидоа да го злоупотребат за нивна политичко-партиска дневна агенда за да придобијат некој поен. Но, очигледно е дека профитираа, бидејќи името на улицата не е сменето од општината, туку е сменето од градот Скопје и од Владата на Република Македонија. Патот Тетово – Призрен не може да го прави општината Тетово, туку го прави Владата на нашата земја со Владата на Република Косово, рече Груби.

Македонија | пред 2 години

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Груби со покана за саемот на „Бехтел и Енка“

И покрај многубројните скандали кои изминатиот период ја брануваа јавноста за изградбата на коридорите од страна на „Бехтел и Енка“, вицепремиерот Артан Груби, на фејсбук ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на саем за вработување кој го организира компанијата во Гостивар.„Градиме за нови генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на земјата.Со задоволство можам да објавам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10Д оваа недела го организира „Саемот за вработување“.Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските сегменти „Коридори“ во нашата земја, во следните пет години“, напиша тој.

Македонија | пред 2 години

20220814144224236869100

Арбнора за концертите на Груби: Со народни пари организира приватна забава со пејачи од Албанија и Косово кои некогаш сонувал да ги види во живо

Вечерва на плоштадот „Скендер бег“ повторно ќе се организира журка по повод 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.Арберија Дизајн за забавата која ќе се одржи на „ Скендер Бег “ и за предавањата во Маврово се офајди со 100 илјади евра . Во рамки на годишнината треба да видиме стихотворба за која се платија речиси 6.000 евра, промотивно видео за охридскиот рамковен договор кое чини колку и стихотворбата, а и спот за песна кој чини 4.000 евра . Журката на „ Скендер Бег“ за која изминативе две години , Груби не жали пари , уште лани кажа оти се надевал дека ќе стане традиционална.На социјалните мрежи реагираше фотографката Арбнора Мемети, која вели дека„Би сакала претседателот и сите други да кажат некој збор за јавно-приватните концерти на Груби.Овој човек од позиција на заменик премиер во име на мирот со народни пари организира приватна забава со пејачи од Албанија и Косово кои некогаш сонувал да ги види во живо.Рамковниот договор ни припаѓа на сите нас“, вели Мемети.

Коментари | пред 2 години

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

Ковачки: Кој потпишувал патни налози за употреба на возилото на лице кое не е вработено во фирмата туку е вице-премиер кој зема плата од граѓаните?

Запаленото возило на вице-премиерот Артан Груби кое се води на име на фирма имало светлосна сигнализација или како рече Груби возилото имало "флешери".Тоа го потврди Груби лично и кажа дека "флешерите" ги ставил сопственикот - на своја рака и дека за тоа требало да си одговара, а дека тој возилото го возел со полномошно, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Оттука се поставуваат неколку прашања1. Чие е запаленото возило на Груби?Според министрите Бујар, Крешник но според Владата - возилото е негово, а според Артан возилото е на комшијата ама тој го возел затоа што комшијата му бил пријател и му го дал на користење.2. Бидејќи возилото се води на име на фирма, а за да го управуваш тоа возило ти треба патен налог и уште поважно треба да си вработен во таа фирма, кој е тој што потпишувал патни налози за секојдневна употреба на возилото на лице кое не е вработено во фирмата туку е вице-премиер кој зема плата од граѓаните?3. Дали Артан Груби кога го возел возилото не приметил дека на него имало "флешери" - за што веќе потврди дека знаел дека е противзаконски и зошто тоа не го пријавил во МВР како кривично дело - член 391 - лажно претставување како полициско или воено лице?4. Дали Артан не приметил дека на возилото покрај светлосната сигнализација што тој ја нарекува "флешери", дека имало и звучна сигнализација, тнр. "Хорна", која е јасно видлива и е на дофат на користење на возачот на возилото?Зошто повторно не пријавил? Или не видел? Ја користел ли хорната и флешерите додека го возел возилото? Покрај за другите злоупотреби (криење на имот) ќе одговара ли вице-премиерот и за лажно претстаување согласно кривичен законик?Вакво бандитско однесување на дефакто првиот човек на Владата не заслужува понатамошен коментар. Таквото самоволие е одлика на финкционерите на ДУИ за кои бескичмените од СДС молчат и одобруваат. Згора на тоа, дури им даваат и поддршка.*Кога утре ќе дојде некоја нова тројка од ЕУ и кога Артан и Бујар ќе им зборуваат за европски вредности, нека им го раскажат случајот и нека ги прашаат дали се тоа европски правила и сет на вредности, дали за вакво нешто се останува на функција и што би се случило со тој функционер доколку таков случај би имало во било која од нивните држави.#Промени“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

spasovski-2

Ковачки: Груби му се заблагодари на Спасовски, само не кажа за што

Првиот Вице-премиер Артан Груби му се заблагодари на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Само не кажа за што му се заблагодарува, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ„Дали му се заблагодари затоа што му дозволил на возилото што е на име на приватна фирма да стави звучна и светлосна сигнализација односно го направил како полициско возило и како такво да го користи, или му се заблагодари затоа што МВР се' уште не покренало постапка за испитување на начинот на отстапување на користење на возилото од страна на фирма на избраниот функционер.Министре Спасовски, ќе кажете ли збор-два за случајот или ќе следи нов скандал за да го покриете овој“, вели Ковачки

Македонија | пред 2 години

grubi-auddi

Приход од 4,2 милиони евра, како фирмата од Аудито на Груби тоа го постигнала со еден вработен

Пред четири дена пред опожарувањето на „аудито“ што го користел вицепремиерот Артан Груби, компанијата со која се поврзува возилото, ја сменила адресата на своето седиште, а Беким Лимани (за кого МВР вели дека е сопственик на автомобилот и дека го пријавил инцидентот) станал единствен нејзин газдаФирмата „Еуро ком лајтинг“, со еден вработен, лани имала приходи од 4,2 милиони евра, а нејзина приоритетна дејност е „неспецијализирана трговија на големо“, пишува 360 степени.Улицата „Серава“ број 63 во скопската општина Чаир е адресата на која од пред една недела е преместено седиштето на „Еуро ком лајтинг“, фирмата која се поврзува со автомобилот „ауди А6“ што го користел првиот вицепремиер Артан Груби и што беше запален ноќта во петокот кон саботата.Новата адреса во Централниот регистар е заведена од 17 јули годинава откако претходно повеќе од 14 години фирмата се водела на улицата „Војдан Чернодрински“ број 28, исто така, во Чаир. Промената се случила четири дена пред опожарувањето на возилото во Чаир.Главната приходна шифра на компанијата е 46.90 што значи дека за приоритетна дејност има „неспецијализирана трговија на големо“. Ако се погледнат финансиските извештаи на „Еуро ком лигхтинг“ за претходните пет години може да се забележи скок во приходите.Од 2018 до 2021 година тие се движат од 1,7 милиони евра (околу 106 милиони денари) до 2,6 милиони евра (околу 164,5 милиони денари). Во слични граници се движат и расходите, а компанијата во истиот период со исклучок на 2018 г., работи во минус (блиску до нула). Загубите се движат од околу 6 000 до околу 14 000 евра. Во 2018 добивката е околу 5 000 евра.Ситуацијата се променила во 2022 г. Минатата година, приходите на „Еуро ком лигхтинг“ од 1,7 милиони евра во 2021 година, пораснале на 4,2 милиони евра или за 143,91 насто. Притоа, расходите се помали за околу 50 илјади евра, колку што е нето-добивката за 2022 г.Овие финансиски резултати „Еуро ком лајтинг“ ги прави со само еден вработен.Еден вработен компанијата имала и во 2021 и 2022, додека трите претходни години бројот на вработени изнесува во просек петмина.Извор: 360 степени

Македонија | пред 2 години

flesheri

Ако запаленото возило на Груби се водело на име на фирма, тогаш кој дозволил да се стават флешери и звучна сигнализација, прашува Ковачки

До министерот за внатрешни Спасовски: Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост туку се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО или на комшијата, а Артан само го користел (читај скриен имот на туѓо име), тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Какви злоупотреби и колку пати се направени со истото тоа возило?Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вице-премиерот? Зошто не ја кажете вистината?По кој Закон, Уредба или Правилник е тоа направено?Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата?До кога граѓаните треба да ги трпат неизживеаните и аздисаните "функционери"?Затоа ли Ве плаќаат граѓаните г-не Спасовски, да молчите? Или кандидатурата за претседател и поддршката од ДУИ Ви е поважна од едни "обични флешери"?Г-не Спасовски, во цивилизирана држава за ова се поднесува оставка, затоа што Вие не сте од вчера, туку 8 години сте министер и ова мора да е со Ваше одобрение.Вака не во ЕУ, туку во Африканска Унија нема да не примат.Распад систем.#Промени“, се вели во објавата.

Македонија | пред 2 години

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

„Не му ја палете колата, пак нова ќе треба да му купиме“, „Соседот на Груби прв ќе добие електричен автомобил од фабриката во Тетово“

Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика палењето на возилото на вицепремиерот Артан Груби.https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1683003477209776128?s=20https://twitter.com/arthurgordonpy3/status/1682905685988872194?s=20https://twitter.com/kooperacija/status/1682848072173342720?s=20https://twitter.com/Nenaspana_Mucka/status/1682820707535798272?s=20https://twitter.com/box_kiki/status/1682760031744278531?s=20 

Коментари | пред 2 години

ademi

Адеми за палењето на автомобилот на Груби: Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè плашат

Пратеникот oд ДУИ, Арбер Адеми на својот Фејсбук профил излезе со став околу опожарениот автомобил на вицепремиерот Артан Груби.Според него, веста за обидот за напад врз Груби ја примил со доза на загриженост.„Ги повикувам сите надлежни органи да преземат соодветни активности за целосно расчистување на овој случај и да ги изведат пред лицето на правдата и авторите и нарачателите на овој чин. Изразете поддршка за првиот вицепремиер, и охрабрете го да не отстапува и без разлика да продолжи со својата работа во служба на граѓаните. Ваквите постапки на кукавицата не треба да нè одбиваат ниту да нè плашат. Напротив, нè зајакнуваат и не прават порешителни кон нашите обврски“, пишува Адеми.

Коментари | пред 2 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби сега ќе му ја даде Кјаата на комшијата, или овој ќе му даде ново ауди-играче да си вози брм брм низ Скопје, вели Трајковска

Во врска со палењето на автомобилот на вицепремиерот Артан Груби, на социјалните мрежи се огласи новинарката Жанета Трајковска.„Значи да повториме:-важно е да имаш комшија ко Груби што има и да ги го даде аудито да му го возиш, оти срамота е да возиш твој автомобил Цитроен Ксара од 1000 евра, јер мора да е јако "ауто" па и да не е твое. А оти Е СРАМОТА да возиш своја кола? Дека поевтина? Или дека фрустрации? Или дека не си го пријавил аудито, а може и уште куп други дребулии ко аудито што се по комшии и роднини?!-важно е комшијата толку да те сака што ти дава и флешери да си вградиш и да си шеташ низ град со тинунину, оти на Цитроен од 1000 евра глупо е да ставиш флешери нели?!- важно е да имаш и коалиционен партнер како СДСМ што ревносно ќе реагира за сите твои комшии кога ќе им се случи нешто како овој немил настан. А за комшиите на други обични луѓе ќе реагирате?!-важно е и да имаш партнер како СДСМ кој секогаш ќе се прави будала и ќе се покрива со пепел за тебе да те брани, па ќе бара да се реши случајот со палењето на колата на комшијата (со сето право, навистина така треба), ама никогаш нема да го постави прашањето каков брат-комшија е овој на Груби што му дава ауди, да не смрди нешто во приказнава?! Неее...секако дека никогаш, па и да си пукаат во глава, СДСМ нема да се осуди и да помисли такво нешто.- важно е да имаш сериозни пророчки способности ко Груби, па 102 посто да знаеш дека колата на комшијата што тебе ти ја дал да си играш (и што не кошта 1000 евра) е запалена заради тебе, а не заради комшијата на пример?!-важно е и да не прашаш кој е комшијата што може да му даде ауди играче на Груби и колку има комшијата други вакви аудиа што ги дава по комшии?! Машала и аферим 🤘-важно е и цела држава заедно со Бујар Османи да е згрозена од палењето на автомобилот на комшијата на Груби, ама никако министерот да не праша зошто вицепремиерот Груби користи возило на својот сосед за партиски и владини средби, зарем толку е фрустриран од својата Ксара и ако ова му е таква фрустрација па мора да користи комшиско ауто, како е бре вицепремиер?! Утре што ќе му земе на комшијата?!- најважно е сите ние денеска да земеме по 2 чаши нафта на гладно и една чаша коктел "ма немој да ме је*еш жити сФе" пред спиење.Само напреТ СДСМ.Гратис прашање: А Груби сега ќе му ја даде Кјаата на комшијата, или овој ќе му даде ново ауди-играче да си вози брмбрм вицепериерот низ Скопје“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

20230706214704

Осумка, некој гордо ја носи, на друг му се темни од неа

Вчера падна пресуда за случајот „Софтвери“ со која првообвинетиот, поранешниот генерален секретар Драги Рашковски доби осум години затворска казна.Ова беше повод граѓаните да се пошегуваат и да ја споредат неговата осумка, со осумката од маицата на првиот вицепремиер, Артан Груби, која ја носеше на камен темелникот на изградбата на автопатот долж коридор осум.

Магазин | пред 2 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби: Комисијата за спречување на корупција нема ниту еден успех

Првиот вицепремиер Артан груби во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе.Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби.Ова министерот за политички систем го кажа додека беше прашуван за мислење за купувањето на деловниот објект „Соравија“ од страна на внукот на ДУИ, Али Ахмети, како и по ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.„ДУИ ја прифати целата политика на санкционирање, ја почитуваме одлуката на САД и согласно тоа се донесоа одлуките за членството на Мерко, а и тој излезе во јавност дека ќе соработува со сите институции во земјата“, наведе Груби.

Македонија | пред 2 години

grubi-4

Груби ја нарече Антикорупциска неспособна, па веднаш се огласи Ивановска

Вчера првиот вицепремиер Артан Груби во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, што предизвика брза реакција од претседателката Билјана Ивановска.„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе.Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби.Веднаш потоа на социјалните мрежи со краток коментар реагираше Ивановска.„Кога се е наопаку, дното е на површина“, реагираше таа веднаш потоа.

Коментари | пред 2 години

347246769_814504513372402_8499652461759265498_n

Груби го пречека албанскиот репрезентативец и го нарече „нашиот фудбалер“

Поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани денес беше на прием кај македонскиот министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.Посетата на Асани во кабинетот на Груби е поради настапот на Асани за албанската репрезентација и неговиот дебитантски гол за оваа селекција. Груби во својата објава дури и го нарече „нашиот фудбалер“„Задоволство ми беше да го пречекам нашиот фудбалер, дел од албанската репрезентација, Јасир Асани, денеска во мојот кабинет. Дресот на победата над Фарските острови во мојот кабинет како подарок од ѕвездата на националната репрезентација Јасир Асани како добар предвесник за квалификациите“, објави Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата на Македонија на својот фејсбук-профил.

Македонија | пред 2 години

Slika-1

(ФОТО) По потпишувањето на договорот Груби почна да носи патики кои чинат колку една македонска плата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за Коридорот 8 и 10, вели ВМРО-ДПМНЕ„Артан Груби глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи и се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики “Off-White” кои чинат над 450 евра.Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Груби почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27.000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27.000 денари.Груби е човек кој е познат по своето семејно брзорастечко мултимилионско богатство, стекнато под сомнителни околности.Потсетете се само кој беше Артан Груби и дали носеше патики од над 450 евра пред да влезе во политиката, кога беше хулиган и погледнете го сега откако се потпиша договорот за Коридорот 8 и 10.Очигледно Артан Груби како новопечен мултимилионер сака во стилот да биде новиот Еди Рама, но за жал од “Алиекспрес”, бидејќи сите знаат дека овој негов луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ.Ова е најкриминалната Влада со најголемиот потенцијал за одговорност, одговорност која ќе се брои во стотици години затвор заради сторениот очигледен криминал“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

grubi-kovacevski

Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони за специјалисти со плата од 36.500 евра за надзор над коридорите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони за специјалисти со плата од 36.500 евра за надзор над коридорите, вели ВМРО-ДПМНЕ„Според деловите од договорот помеѓу изведувачот и владата кои до ВМРО-ДПМНЕ ги доставија свиркачи може да се заклучи дека ќе бидат исплатени дополнителни 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор за период од пет години со месечна плата од 36.500 евра.Домазетот Ковачевски и Груби се обврзале дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и Владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите.ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток кажува дека изградбата нема да чини 1.3 милијарди. Првин власта се обврза на пенали од над 150 милиони евра, а сега секој ден излегуваат нови детали од договорот, со кој гледаме нови ставки кои ќе треба да бидат платени од буџетот.Дополнително на сето тоа, се става и сумата која ќе биде потрошена на покривање на експропријациите на недвижниот имот на трасата, што може да оди и до неколку стотина милиони евра.Домазетот во владата Ковачевски и Груби го прават грабежот на векот, и за тоа одговорност ќе има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

2-Vendosje-e-gurthemelit-te-projektit-Korridori-10d

Овој воз вози кон Брисел и никој не може да го сопре, вели Груби

Подиум со автопатски линии, пулт со „10 д“ и Артан Груби со маичка со истата ознака. Вака изгледаше церемонијата за почнување на изградбата на Коридорот 10 д. Имаше поздрав на три јазици, па рече дека е среќен што денот ќе го сподели со присутните. На премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на поддршката за проектот за коридорите 8 и 10 д. Преку собранискиот претседател Талат Џафери им се заблагодари и на пратениците. Од пултот неколку минути имаше и низа други поздрави.„Овој проект продолжува и сите влади, а следната секако ќе биде истата како оваа денеска, ќе го завршат овој проект, ќе ги пресечат лентите. Втората порака денеска ми е тоа што го гледате денеска во Собранието и тоа што Владата го направи е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, проектите и иднината на граѓаните. Ова мнозинство демонстрира што значи да се стави крај на блокадата. Од денес при изградба на вакви проекти упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај и на блокадата на нашето европско интегрирање“, рече Груби.Груби рече дека тој е качен на возот, па ги покани и другите. Им рече: „Овој воз вози кон Брисел и никој не може да го сопре“.На претходната церемонија Груби се појави со маичка „8“, што подоцна му ја подари на новинар.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Лефков до Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, знаете дека Мицкоски пардон со криминалот нема да има

Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.„Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има.Груби ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете“ порача Лефков.

Коментари | пред 2 години

grubi-4

Хајредини го „закопа“ Груби: 20 години сте проневериле многу денари и ниеден од вас ниеден ден не скапел во затвор

Ако се проневери еден денар да скапеме во доживотен затвор, вели првиот вицепремиер Артан Груби. Ова се однесува за проектите за коридорите 8 и 10.Во врска со ова на социјалните мрежи свој коментар даде Џевдет Хајредини.„Ако се проневери еден денар, ако се корумпира еден од нас, тогаш да скапеме во затвор“, рече Груби.20 години сте проневериле многу денари и ниеден од вас ниеден ден не скапел во затвор“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

artan-grubi0

Ако се проневери еден денар да скапеме во доживотен затвор, вели Груби

Ако се проневери еден денар да скапеме во доживотен затвор, вели првиот вицепремиер Артан Груби. Ова се однесува за проектите за коридорите 8 и 10.Груби ова го кажа пред бизнисмените во Стопанската комора каде повторно го бранеше проектот за изградба на коридорите 8 и 10, кој од изборот на конзорциумот за надзор, па до необјавувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ предизвикува реакции во јавноста.Груби законските измени ги префрли кај пратениците, не биле барање на „Бехтел и Енка“, туку на народните избраници, откако претходно направиле консултации со колегите во Хрватска, Албанија, Косово и Романија. Како што кажа вицепремиерот, обвинувањата за корупција се неосновани. Тој е со став дека ниту еден политичар нема да се впушти во коруптивни дејствија со компании како „Бехтел и Енка“ или пак со држави како САД и Турција. Наведено е дека израдбата на коридорите 8 и 10д значи нови 8.000 вработувања, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 отсто годишно во наредните пет години.

Македонија | пред 2 години

ahmeti-grubi

Груби објави фотографија од Ахмети со цигара во рака: Запамтете го денешниот ден

Првиот вицепремиер, Артан Груби, објави фотографија од видео повик со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во опуштена атмосфера со цигара во рака. Груби им порачува на своите пријатели да го запаметат овој ден.„Треба да биде забавно вечерва“, пишува Груби на својата фејсбук објава.

Македонија | пред 2 години

grubi

Додека братучедот на Груби гради дивоградба од 160м2, граѓаните немаат пари да си ја бојадисаат оградата на терасата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал во последните месец дена од кој не излегува на виделина името на Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ„Тоа само покажува дека овој човек заедно со Ковачевски се на врвот на една мафија на власт која умислила дека може да прави што сака, која ги злоупотребува функциите, крши закони и работи исклучиво во своја корист.Јавното обвинителство доколку сака да ги забошоти сите скандали за Артан Груби, ќе треба да користи цел шкаф за криење на досиејата, а не само една фиока. Последниот скандал во низата, е информацијата дека братучедот на Артан Груби без дозвола и без соодветна документација почнал со изградба на хациенда од 160м2. Изградбата на оваа дивоградба е прекината од страна на општината Бутел и тоа го изнервирало Артан Груби, па почна со манипулации и лаги да подгрева етнички тензии. Но оваа карта веќе не му поминува кај граѓаните, а најмногу кај Албанците, кои видоа за каков лик станува збор.Додека Груби и неговите блиски се богатат граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Додека фамилијата Груби стекнува деловни простори и гради хациенди, обичниот граѓанин нема пари оградата на терасата да си ја бојадиса. Додека блиските на Груби стекнуваат хотели и добиваат лиценци за баждарење, стотици луѓе заминуваат во странство заради егзистенција. Додека Груби се радува на скандалозниот тендер од 22 милиони евра, половина милион луѓе живеат во сиромаштија.Ова мора да престане. Владата на Груби и Ковачевски мора да понесе одговорност за криминалите кои се прават“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања