Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Ги охрабрувам припадниците на МВР да продолжат, како и во изминатиот период, да ја спроведуваат правдата насекаде во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
27122024-Mickoski

„Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да ги видиме сите оние позначајни моменти, оние акции коишто Министерството за внатрешни работи, заедно со своите структури ги има изведено изминатиов период“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:

— реклама —

Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме.

— реклама —

Можеби правдата е спора, но секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже, таа на крај секогаш доаѓа и секогаш победува.

— реклама —

Така што, јас можам само да ги охрабрам сите оние припадници на Министерството за внатрешни работи дека никому ништо никој не должи освен на македонските граѓани и на државата, се разбира.

Така што, ако некој мисли дека некому е должен и треба да биде привилегиран и да има одредени отстапки, се лаже.

Ќе повторам, правдата е бавна, спора, но таа секогаш на крај победува.

Мораме да покажеме и докажеме дека криминалот е неисплатлив и дека сите оние коишто мислат дека со криминал можат да направат нешто се лажат и дека истите ќе бидат одговорни пред законот и пред Уставот.

Така што, еве уште еднаш да изразам благодарност до Министерот, од сите вработени во Министерството за внатрешни работи за сето она што го прават изминатиот период и да ги охрабрам, во периодот којшто следи да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде, на целата територија на Македонија како држава“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 21 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 1 ден

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања