Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски и градоначалникот на Аеродром го означија почетокот на реконструкцијата на 19 улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryn3gfguhr2e2ie1jJHi2

Градоначалникот на Аеродром и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го означија почетокот на реконструкција на 19 улици во општината. Проектот е финансиран од Владата и опфаќа уредување на улици и придружна инфраструктура вредна над 130 милиони денари, со цел подобрување на квалитетот на живот. Мицкоски најави завршување на тековните проекти годинава и нов повик следната година.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја означија почетокот на реконструкцијата на 19 улици во општината. Проектот, финансиран од страна на Владата, вклучува уредување на улиците и придружна инфраструктура во вредност од над 130 милиони денари, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

 „Уште неколку проекти коишто се финансирани од страна на Владата во општините. Од тоа коешто можев да го слушнам од градоначалникот станува збор за вкупен обем на улици и придружна инфраструктура, во вредност поголема од 130 милиони денари, меѓу другото тоа се неколку проекти коишто покрај коишто веќе се реализираат од страна на програмата на Владата за финансирање на проекти во општините. Општина Аеродром на овој начин добива додадена вредност и тоа е многу важно затоа што се подобрува квалитетот на животот на граѓаните.

— реклама —

Јас би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи само на овој начин можеме да покажеме дека тоа што го ветуваме тоа и го испорачуваме за граѓаните. Јас сум задоволен кога гледам со каква динамика се работат проектите, еве се запролети и веќе наеднаш повторно сите градилишта се рестартираат, така што очекуваме оваа година сето она коешто беше почнато со првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа да биде завршено, а следната година да имаме одреден буџет за да објавиме нов повик и нови проекти да реализираме во општините.

 Така што еве уште еднаш благодарен сум на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овој проект. Благодарам до градоначалникот, до советниците, до администрацијата, до пратениците коишто се борат за проект повеќе за својата општина и очекувам така да продолжиме и во периодот којшто следува“, изјави Мицкоски

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања