Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Имаме 3% раст на БДП што е еден од најдобрите резултати во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
16122024_MICKOSKI

„Ние покажавме дека ја консолидиравме економијата и во третиот квартал покажавме раст од 3 %, нешто што никој не го очекуваше и еден од најдобрите во регионот, % во Европа. Подобри сме и од Германија, и од Бугарија, Грција и од Словенија, од Црна Гора и генерално од најголемиот дел од земјите во Европската Унија.

— реклама —

Очекувам и во четвртиот квартал уште да биде посилен врз основа на параметрите што ги добив, за првите два месеца тоа се октомври и ноември.

— реклама —

Очекувам следната година, според разговорите што ги водев, со новиот сопственик на ФЕНИ, да отпочне со производство, што би значело 250 до 300 милиона евра извоз. Тоа е некаде 1,5 до 2 проценти од нашиот БДП.

— реклама —

Очекувам Вардакс нафтоводот да почне да работи со што би се рестартирала ОКТА која што би тргувала на пазарот на Јужна Србија и Косово дополнителен извоз и тоа е дополнителен раст на БДП.

Очекувам капиталните инвестиции со општините својот замав да го земат во прв и втор квартал следна година, очекувам кредитите односно унгарскиот кредит и кредитите да земат свој полн замав во првиот квартал следната година, така што, да сумирам очекувам оваа година да ја завршиме со над 1 милијарда странски инвестиции, да имаме раст на БДП до 4% во четвртиот квартал, што би значело годишен од 3%.

Исто така, очекувам раст во првиот и вториот квартал на следна година врз основа на сите овие претпоставки за кои што зборував. Еве, до тука можам да кажам дека по јасно ги гледам работите.“, вели премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21.

На прашањето дека граѓаните очекуваат зголемување на минималната плата, а не очекуваат зголемување на ДДВ како што најавува Светска банка, претседателот на Владата Мицкоски истакна дека тоа би било најлесно ако се зголеми ДДВ, на грбот на граѓаните, тоа е најлесна мерка и секој може да каже така треба. Но, тоа е последното нешто што треба да се направи без да се преземат друг тип на сет мерки кои што ќе не доведат до нешто кое што за граѓаните ќе значи подобар стандард.

Премиерот Мицкоски истакна:

„Дали ќе имаме зголемување на минималната плата, по закон сигурно. Дали ќе се договорат синдикатите и работодавачите, тоа е до нив, не е до нас. Ние сме партнери во овој процес. Имаше два состанок на економско социјален совет, се договоривме со министерот еднаш месечно, сега ќе имаме во јануари и февруари, состојбата е таква да некои процеси не зависат од самата влада.

Ние сме само фасилитатори во тој процес. Ако се договорат работниците и работодавачите меѓу себе, ние што можеме тука, но секако ќе има по закон.

Министерот за економија и труд денес брифираше дека согласно ова законско решение некаде околу 24,400 денари отприлика треба да биде минималната плата.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 19 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 23 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања