Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-kisela-voda-2

„Почитувани дечиња, тоа е најважното бидејќи сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот, две години. Но, убеден сум дека ќе биде порано. Продолжуваме да инвестираме на целата територија на Македонија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она кое што е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот како до сега, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија. Тоа е она кое што ние како Влада имаме намера да го правиме.

— реклама —

Му честитам на градоначалникот за посветената работа која што ја прави секојдневно, неуморно, овде во општина Кисела Вода, на советниците кои што ја поддржуваат неговата работа, на општинската администрација, пратениците се разбира коишто се составен дел.

— реклама —

Понатаму, директорите на објектите кои што се под ингеренции на локалната самоуправа, бидејќи ако немате добра подготовка, ако немате добро проектирање и дефинирање на приоритетите, тогаш вие ќе не можете да имате ниту добар проект.

Продолжувам и понатаму како Влада, преку оној проект за децентрализација од буџетски средства кон општините да инвестираме на цела територија на Македонија.

Веќе неколку проекти овдека во Кисела Вода се потпишани, во оној прв бран, сега во февруари ќе има уште еден, втор бран проекти кои што ќе бидат исто така потпишани.

И мислам дека на тој начин ја заокружуваме оваа инвестициска активност за оваа и за следната 2025та веќе почнуваме да правиме планови за следната 2026та година. Импресионира посветеноста на градоначалниците, морам да кажам“, изјави премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 22 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања