Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Историјата не е товар, туку темел на современата македонска државност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryclpjkm1be1u1dpdGBbJ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата што се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, се фокусираше на темата за државноста и историското наследство. Во своето обраќање, тој порача дека современата македонска држава не смее да се третира како симбол или формалност, туку како жива обврска која секоја генерација мора да ја носи со чувство на должност и одговорност.

— реклама —

„Историското наследство на македонската државност не е сентимент или украс. Тоа е обврска,“ рече Мицкоски, поврзувајќи ја државотворната традиција од Илинден, преку АСНОМ, до независноста во 1991 година. Според него, секоја генерација има историска должност да ја штити државата институционално, безбедносно, економски и културно. „Историјата не е товар, туку темел врз кој се гради современата национална самодоверба,“ додаде тој.

— реклама —

Мицкоски ја дефинираше „тројната обврска“ на денешната генерација: зачувување на континуитетот и достоинството на македонскиот идентитет и државност, модернизирање на институциите за да бидат отпорни на притисоци и слабости, и спречување на злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.

— реклама —

„Наследството на борбата за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски: да се зачува достоинството на државноста, да се модернизира државата и да се воздржиме од политички злоупотреби на историјата,“ потенцираше тој.

Во продолжение, Мицкоски порача дека во 21 век историското наследство мора да биде поттик, а не сопирачка: „Тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви,“ рече партискиот лидер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 12 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 19 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања