Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6206

„Ја слушав изјавата на претседателот на синдикатот, можам да кажам дека од Министерството за финансии и од министерката бев информиран дека се е постапено согласно закон, во ребалансот и тука не треба да имаме никаква дилема. Мене ме зачуди фактот што веднаш претседателот на СДСМ, како да беа чудно синхронизирани, излезе со свој став во поддршка на овој претседател. Нема да навлегувам во начинот како беше избран итн. за тоа има институции, јавноста ја повикувам многу внимателно да го следи овој случај, но за помалку од 2 месеци од работа на една Влада гледам еден синхронизиран, би рекол напад спротивен и на закони и на етика и на принцип и на сѐ од страна на претседател на Сојуз на синдикати и претседател на најголема опозициска партија, и тоа мене ме доведува во ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —

Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.

— реклама —

„Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.

„Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 13 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 20 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања