Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski

,,На покана на министерот, на покана на директорот овде во Дигестивната клиника сведочиме на навистина едно импозантно дело коешто можеби за државното јавно здравство и не е вообичаено, но како што кажа и министерот многу конкурентно и условите се би рекол подобри доколку се споредат со некои од приватните клиники.

— реклама —

Во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство.

— реклама —

Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи.

— реклама —

Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме.

Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам.

Уште еднашка честитам и на министерот и на директорот, посакувам уште многу вакви проекти во иднина да ни се случуваат бидејќи нашите пациенти тоа го заслужуваат.", изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 13 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 20 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања