Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Македонците во Бугарија бараат ОМО „Илинден-Пирин“ да ги застапува нивните права – многу ли е тоа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Премиерот Христијан Мицкоски во Собранието истакна дека на Македонците во Бугарија им се одземени сите права, а сега бараат само здружение кое би се борело за правата на македонската заедница во Бугарија.

„Ќе повторам, се додека македонската заедница во Бугарија, мислам дека треба да го поддржите тој став, треба да го поддржите ставот за Македонците од Разлог, од Горна Џумаја, од Сандански, од Пирин треба да го поддржите затоа што во пописот во 56-тата година тие биле 200 илјади и биле мнозинство во Пиринскиот крај на Македонија. Биле две третини од вкупното население, а магично на пописот во 65-тата година бројката станува 9 илјади. Од двесте илјади на 9 илјади и тоа еден поранешен бугарски претседател го кажува како инженеринг на којшто е посебно горд.

Им се одземаат правата на своја културна автономија, да општат на својот мајчин македонски јазик, да говорат на својот мајчин македонски јазик, да танцуваат на своите македонски песни, да ги почитуваат своите македонски обичаи. Е тие бараат сега само да имаат можност ОМО Илинден Пирин да биде организација која што ќе ги застапува правата на македонската заедница во Бугарија. Многу ли е тоа?“, запраша Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybd6bmdtu70ns2WTH6zO

Полицијата со едукативни акции против насилство на спортски натпревари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydtsn33v95grbeFOmGQz

Мицкоски: Прва европска држава сме со вакво ниво на дијалог со САД

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 седмици

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања