Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: На владина седница помина Колективниот договор, за две години вработените ќе имаат за 40% повисока плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-librarypigv5f4ng3noddGM2WS

Мицкоски најави дека просветните и здравствените работници ќе го добијат зголемувањето предвидено со колективните договори, исто како и дел од државната и јавната администрација. На владина седница поминал предлог колективен договор усогласен со УПОЗ и САДУ, со кој платите би се зголемиле за 8% и би важел и во 2027 и 2028. Очекува потпишување од понеделник и исплата во април според нова пресметка, со раст од околу 40% за две години. Опфатени се околу 10 илјади вработени, вклучително судска и обвинителска служба.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор.

— реклама —

 „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор вработените во образованието исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и исто како што ќе го добијат сите од државната и јавна администрација коишто се со колективни договори потпишани од оваа влада“, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

 Тој исто така додаде и дека во вторникот на владина седница помина и предлог колективниот договор којшто државните институции ќе треба да го потпишуваат со вработените во администрацијата со што вработените за две години би имале за 40-тина проценти повисока плата од тоа што го имаат денес.

— реклама —

 „Вклучително ќе отпочне и процесот, бидејќи веќе помина текстот на предлог колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените во администрацијата, а кој што беше претходно договорен и усогласен со двата синдикати УПОЗ и САДУ. Помина во вторникот на седница на Владата, има некои детали коишто ќе треба да се доиспеглаат оваа недела, денес, утре, задутре и очекувам веќе од понеделник и тоа потпишување да се заврши и веќе во април да добијат плата согласно новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8%. Така ќе биде во април 2027-ма, така ќе биде во април 2028-ма. Значи дека за некаде отприлика две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40-тина проценти од тоа што го имаат денес. Овој договор преставува прв од таков вид којшто некогаш владата го потпишала со овие вработени“, рече Мицкоски и додаде:

„Пошто се прошири малку списокот, тука влегоа и од обвинителската и од судската служба, некаде околу 10-тина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99% ние ги регулираме нашите односи со нашите колеги каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања