Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-6

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и до сите христијани кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

— реклама —

„Дозволете во мое лично и во име на Владата, на сите христијани во Македонија кои го прославуваат рождеството Христово - Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам овој голем христијански празник со искрени желби за здравје, радост и заеднички успеси.

— реклама —

Христовото раѓање е симбол на надежта и љубовта меѓу луѓето. Нека Божиќниот ден донесе мир и спокој во секој наш дом, како и сила да се соочиме со секојдневните искушенија. Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме.

— реклама —

Вековите ги надоградуваат моралните, семејните и духовните вредности кои не само што ни помагале во најтешките времиња, туку тие продолжуваат да бидат наша заедничка водилка и за иднината. Само преку силната вера и посветеност кон правењето добри дела можеме да создадеме подобро утре за целата држава.

Нека нашата татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и - најважно - држава со повеќе среќни граѓани.

Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее срцето на секој верник и сограѓанин“, напиша Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 20 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 23 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања