Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски нема одговор на прашањето кој е Адамовиќ, повторно Харис Џиновиќ и Дубаи, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не дал одговори за именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, тврдејќи дека во Собранието реагирал нервозно на прашањата на Венко Филипче. Опозицијата бара појаснување кој е Адамовиќ, по кои критериуми е избран и дали се почитувани, посочувајќи на негови објави со формулации „Српска Македонија“. Се отвораат и прашања за безбедносни проверки и можни инциденти, како и за негови политички врски во Србија и контакти со Русија. СДСМ прашува каква порака испраќа Владата, особено пред најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и бара Мицкоски да објасни зошто токму Адамовиќ е избран.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека премиерот Христијан Мицкоски нема одговори на клучните прашања поврзани со именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека Мицкоски во Собранието покажал нервоза и не одговорил на прашањата поставени од претседателот на партијата, Венко Филипче.

— реклама —

„Кој е Душан Адамовиќ? По кои критериуми е избран за почесен конзул и дали тие критериуми се испочитувани?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Тие наведуваат дека на социјалните мрежи Адамовиќ користел формулации како „Српска Македонија“ и прашуваат дали таквите ставови се во согласност со критериумот за „докажан пријател“ на државата.

Дополнително, опозицијата отвора прашања за безбедносната проверка, посочувајќи на информации дека негов автомобил бил дигнат во воздух, а во друг случај било пукано кон него.

„Дали АНБ направила соодветна проверка? Дали МВР издало потврда дека нема кривични пријави или судски постапки?“, прашуваат од СДСМ.

Партијата го проблематизира и неговото наводно позиционирање во српската владејачка партија, како и контактите што, според нив, ги има во Русија.

„Како членка на НАТО, дали Македонија има потреба од човек кој се фали со врски во Москва, особено во услови кога Русија е под санкции од Европската Унија?“, наведуваат од СДСМ.

Во контекст на најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, опозицијата бара одговор од премиерот каква порака испраќа Владата со вакви именувања.

„Мицкоски треба да одговори каков однос има со Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања