Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Нема потреба да се ограничи купувањето на гориво, имаме доволно количини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

На новинарско прашање дали Македонија се размислува да го ограничи купувањето на горивото, со оглед на тоа што е нафтена криза, а голем дел од граѓаните од државите од околината доаѓаат и купуваат кај нас, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во овој момент има доволно количини гориво за потребите на граѓаните.

— реклама —

„Во овој момент имаме доволно количини за потребите на граѓаните. Зголемен е конзумот во одредени гранични области, со Албанија, на север со Косово и Србија и на југ со Грција, за отприлика 10 проценти, бидејќи голем дел од граѓаните од овие земји доаѓаат кај нас и точат гориво на безниските пумпи, поради тоа што цената на горивото кај нас е во некои случаи и до половина евроценти по литар поевтина од таа кај нив. За разлика од минатото, кога како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие коишто генерираат стабилност и даваат помош. Сакам да кажам дека и нафтоводот е во целосна функција, односно цевката е полна, којашто претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу 60 дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка и не само со дизел горивата и со бензините безоловни, со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од Окта, односно од кај нас. Се разбира предизвици има и ќе има, и тие предизвици ние ќе ги решаваме“ изјави Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања