Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ГОРИВА

media-libraryaksmc5s1ni1deK69TK1

(Видео) Премиерот најави ново намалување: Бензин и дизел поевтинуваат од утре

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на горивата за од утре, посочувајќи дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина.Тој нагласи дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари, оценувајќи дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.„Очигледно е дека мерките на Владата придонесоа да сме трета земја во Европа според обемот на мерки кои се имплементирани за да се амортизира енергетската криза и да бидеме држава со најниска цена на горива. Ова го кажува Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Мицкоски.Премиерот истакна дека Владата навремено реагирала на енергетските предизвици и дека мерките се приспособуваат на глобалните движења на цените преку инструментите како ДДВ и акцизите.Воедно, тој ја обвини опозициската СДСМ дека ширела невистини во јавноста.„СДСМ лажеше за мигранти, лажеше дека ќе сме банкротирале, лажеше дека нема да има за пензии, па така излажа и за мерките кои ги применивме. Подготвени ја пречекавме енергетската криза која зависи од геополитичките случувања. Според Меѓународниот монетарен фонд ние сме на третото место во Европа“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Горивата поевтинуваат од следната недела

Цените на горивата од следната недела би требало да се намалат, според неофицијални информации објавени од HRT. Се очекува цената на еуросупер да се намали за еден цент, додека еуродизелот и плавиот дизел би поевтиниле за пет центи.Владата во понеделник треба да одржи седница на која официјално ќе бидат објавени новите, пониски цени на горивата.Премиерот Андреј Пленковиќ уште претходно најави дека ќе дојде до поевтинување, оценувајќи дека тоа е позитивен сигнал за економијата и инфлацијата. Тој посочи дека намалувањето на цените е поврзано со состојбата на светските берзи и можноста за отворање на Ормускиот теснец, што би влијаело на стабилизација и пад на цените на нафтата и нафтените деривати.

Свет | пред 4 дена

benziska-guzva-goriva

Според пресметките на Владата бензините треба да поевтинат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари

Премиерот Христијан Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата, посочувајќи дека според владините пресметки бензините би можеле да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, а дизелот за 2,5 денари, со дополнителни попусти од компанијата OKTA.„Очекувам да го добијам извештајот и да го изанализираме овие денови и, откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овој пат микротаргетирани, но она што е важно е дека врз основа на нашите пресметки бензините 95 и 98 октански треба да поевтинат за 1,5 денари, додека пак дизелот треба да поевтини за 2,5 денари по литар, едните да бидат 84 денари, а дизелот да биде околу 95,5 денари. На ова треба да се додадат и оние попусти кои ги нуди ОКТА, тоа се 2 денари за литар за бензините и 3 денари за литар за дизел горивата.И со тоа ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на нафтените деривати, односно на дизел горивото и на бензините, така што тоа е она што оваа влада го направи. Ние бевме единствената влада која го намали данокот на додадена вредност заедно со Шпанија, а сега гледаме дека претседателката на Европската комисија јавно говори дека сите земји членки на Европската Унија треба да почнат да ги намалуваат даноците на додадена вредност за дизел горивата и за бензините, затоа што екстремно високи се цените на овие производи“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи и движењата на светските берзи.Како што посочи, според пресметките, бензините од 95 и 98 октани би требало да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, додека дизел горивото се очекува да се намали за околу 2,5 денари.„Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека во овие пресметки не се вклучени дополнителните попусти што ги даваат одредени компании, со што реалните цени би можеле да бидат и пониски.Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која, според него, во одредени денови достигнува и до 30 проценти повеќе од просекот.Според Мицкоски, Владата ќе продолжи со политики за ублажување на ценовните шокови, при што најави и понатамошни анализи и можни мерки во периодот што следи.

Македонија | пред 1 седмица

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Германија предупредува: „Цените на горивата нема брзо да паднат“

Германската влада денеска соопшти дека цените на горивата во земјата нема брзо да се намалат, и покрај двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое подразбира повторно отворање на Ормускиот теснец.Заменик-портпаролот на владата, Себастијан Хиле, изјави дека, иако примирјето е добра вест, треба да се биде реален во очекувањата, пренесува „Виртшафтсвохе“.„Сè уште сме далеку од договор, а значајни застои се секогаш можни“, порача тој.Како што наведе, повторното отворање на Ормускиот теснец ќе потрае и нема да доведе до моментално враќање на состојбата како пред 28 февруари, кога започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.Според проценката на владата во Берлин, откако бродовите повторно ќе поминуваат низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни дополнителни три до шест недели за стоката да пристигне во Европа и за новите количини реално да се појават на пазарот.Хиле заклучи дека поради тоа не треба да се очекува значително намалување на цените на горивата во Германија на краток рок.

Свет | пред 2 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата поевтини, но останува поскапа од пред војната

Цените на нафтата бележат значителен пад, но и понатаму остануваат повисоки во однос на периодот пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.Цената на Брент нафтата падна за речиси 15 проценти и се движи околу 94 долари за барел, што е сериозно намалување во споредба со нивото близу 120 долари, регистрирано во екот на ескалацијата, кога ракетни напади го потресуваа регионот на Персискиот Залив.Пазарите реагираа и на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој испраќаше променливи сигнали – од најави за можен излез од кризата, до закани за силни напади врз Иран, што дополнително ја зголеми неизвесноста.Дополнителен притисок врз цените создаде и затворањето на Ормутски теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта, што сериозно ја наруши глобалната понуда.Иако падот на цените се смета за позитивен сигнал за пазарите, нафтата и натаму е околу 30 проценти поскапа во споредба со периодот пред почетокот на војната на 28 февруари, што укажува дека последиците од кризата сè уште се чувствуваат.

Свет | пред 2 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Горивото во Германија ги урна сите рекорди

Дизел горивото во неделата достигна рекордна цена во Германија, со просек од 2,440 евра по литар, што е зголемување од 1,5 центи во однос на претходниот ден, според податоците на ADAC.Бензинот Е10 поскапе за 0,7 центи и достигна просечна цена од 2,191 евро по литар, наведува DPA.Како одговор на растот на цените на нафтата поради војната на Блискиот Исток, германската влада минатата недела усвои закон со кој се ограничува зголемувањето на цените на бензинските пумпи на еднаш дневно, на пладне, со цел да се намалат флуктуациите и да се обезбеди поголема транспарентност. Мерката стапи на сила во среда, на 1 април.Пред една недела, на 30 март, Германците плаќале во просек 2,295 евра за литар дизел и 2,087 евра за литар бензин Е10.Во понеделник напладне дојде до дополнително поскапување – дизелот порасна за 6,6 центи и достигна 2,487 евра по литар, додека Е10 исто така се зголеми за 6,6 центи на 2,235 евра. Од ADAC оценуваат дека зголемувањата се претерани.Цените на суровата нафта продолжуваат да растат. Нафтата Брент за испорака во јуни достигна цена од 111 долари за барел, што е речиси 40 долари повеќе од почетокот на војната.

Свет | пред 2 седмици

benzine

РКЕ ги објави новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати во која се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.Од 7.4.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,311 (денари/килограм)Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,084%, кај дизелот за 10,137%, кај екстра лесното масло за 11,369% и кај мазутот зголемувањето е за 2,002%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2756%.РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со постојната пракса и да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА и да ги намалат малопродажните цени за 3 ден/лит за дизел и 2 ден/лит за бензините, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.Доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/лит, а дизелот за 12,00 ден/лит во однос на денешната одлука, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 92,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 94,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 110,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)

Македонија | пред 2 седмици

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Бензинот поефтин за два денари по литар, дизелот останува со иста цена

Од денес на полноќ ќе стапат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата, со кои дизелот ќе се продава по непроменета цена, додека бензините ќе поевтинат за два денара по литар.Владин став е намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.Во случај кризата да продолжи, Владата размислува за дополнителни интервенции, меѓу кои и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула отсто, како и повторно активирање на мерката за замрзнување на маржите.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија обезбеди гориво до мај, недостигот се намалува

Австралија обезбеди испораки на гориво до мај, а недостигот во снабдувањето е намален на сите бензински пумпи во земјата, изјави денес австралискиот министер за енергетика Крис Боуен.„Обезбедивме правно обврзувачко снабдување до мај“, изјави Боуен пред новинарите на прес-конференција, пренесува Ројтерс.Австралиската влада претходно најави дека Австралија обезбедила увоз на гориво до средината на април.Боуен изјави дека процентот на бензински станици кои останале без дизел во Австралија се намалил на 3,4 отсто и најави дека владата ќе продолжи да соработува со индустријата и трговските партнери за да обезбеди редовно снабдување со гориво.

Свет | пред 2 седмици

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Акцизите се намалуваат: Владата цели кон тоа да не се зголеми цената на дизелот, а бензините да поевтинат за два денари

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата утре ќе донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, што треба да доведе до нивно поевтинување или стагнирање на цените во наредните денови. Според него, цените на бензините треба да се намалат за два денари, а цената на дизелот да стагнира. Регулаторната комисија, одлука носи во понеделник.Тој посочи дека веќе е закажана владина седница, по која ќе следува и официјална прес-конференција.„Според овие калкулации, дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините некаде околу денар и пол до два. Со утрешната владина седница, исполнети се условите да дизелот, односно акцизите ги намалиме за 4 денари по литар, а за бензините 2 денари по литар“, изјави Мицкоски.Премиерот очекува дека ефектите ќе се почувствуваат веќе од понеделник.„Дизелот ќе се коригира, претпоставувам, во понеделник за околу 3 денари, имајќи предвид дека пополека но сигурно истекува и попустот кој го дава OKTA, ќе ги обновиме разговорите околку тоа продолжи и понатаму, тоа ќе подразбира дека нема да има зголемување за дизелот, од од онаа максимална цена која ја утврдува Регулаторната комисија А за бензините исто така 2 денари, тоа значи дека некаде околу половина денар ќе поевтинат. Доколку ОКТА ќе продолжи оние два денари за литар бензин, тоа значи дека ќе имаме повторно 2,5 денари литар бензин“, додаде премиерот.Тој нагласи дека мерките ќе имаат влијание врз буџетот, но Владата ќе продолжи со интервенции за ублажување на ценовниот притисок.„Нормално, тоа ќе го афектира буџетот, ќе се одрази врз буџетот, ќе ја продолжиме и со мерката 10% ДДВ уште две недели до крајот на оваа кризна состојба и потоа ќе ја следиме состојбата како ќе биде понатаму и така ќе реагираме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Енергетска криза: Дизелот во Германија 2,5 евра, војната ги крева цените на нафтата ширум светот

Воените случувања и натаму силно влијаат врз цените на нафтата на светскиот пазар, каде барелот Брент затвори на 112 долари.Дополнителна загриженост предизвикува цената на дизелот на медитеранскиот пазар, од кој се снабдува и Хрватска, а која вчера достигна историски рекорд. Во Германија, потрошувачите, и покрај владините мерки, се соочуваат со цена на дизел од речиси 2,5 евра за литар, а наскоро се очекува нова корекција на цените и во Хрватска, пренесува HRT.Германската влада воведе мерки кои стапија на сила пред два дена, но потрошувачите и натаму се соочуваат со рекордни цени на горивата. Ограничувањето на едно поскапување дневно не го запре растот на цените, што предизвикува незадоволство кај јавноста.„Мислам дека работите овде во Германија отидоа предалеку. Во други европски земји не е толку екстремно“, изјави жителка по име Леони.Растечките цени на енергијата дополнително ја оптоваруваат германската економија. Економисти предупредуваат на неизвесни прогнози, зависни од текот на конфликтот.Новиот бран поскапувања веќе ја поттикнува инфлацијата, која е на високо ниво во еврозоната, додека цените на храната растат глобално.Хрватска не е исклучок од овие трендови, но владата најави дека ќе интервенира за контрола на цените на горивата, доколку тоа е во интерес на националната безбедност.

Свет | пред 2 седмици

benziska-guzva-goriva

„Македонија е единствената земја во регионот која ги намали цените на горивата“, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, изјави: „Јас можам да кажам дека единствената земја во регионот којашто оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата, е Македонија. Безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2,5 денари, а дизелот не се покачи. И тоа е резултат на одлука на Регулаторната комисија, тоа е прво.Второ, убедливо имаме најевтини цени на горивата во регионот. Тоа значи дека, ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евро центи за литар до 1,39 евро центи за литар, 95, 98 октанскиот и ако дизелот е некаде околу 1,5 – 1,53 евро центи за литар, да речеме во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во соседна Србија е од 1,81 до над 2 евра, во Косово исто така. Во Германија веќе имаме и до 3 што стигаат евра, цените по литар и во останатите европски земји.Со други зборови, во овој прв месец, во историски најголемата нафтена криза, после онаа од 73-та, односно седумдесеттите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овој предизвик. Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме. Можеме да претпоставиме, да собираме информации, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, тоа не зависи од нас. Зависи од други фактори во светот, но ние како Влада ќе реагираме исклучиво во интерес на граѓаните.Ме прашавте дали ќе ја продолжиме мерката, апсолутно доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка, сѐ додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката. И ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање, вие споменавте, тука се, се разбира акцизите, ни стојат сеуште на располагање.Она што е можеби позитивна вест, е што утрово суровата нафта од типот ВТИ и од типот Брент е околу стотина долари за барел, значи имаме благо намалување. Ќе видиме до петок како ќе се одвива сето ова, па на крај на ден во петок, кога ќе заврши тргувањето, ќе можеме да знаеме која ќе биде цената отприлика, којашто во понеделник Регулаторна комисија би ја донела. И врз основа на тоа ќе носиме одлука за време на викендот, ако треба вонредна седница на Владата ќе свикаме и тоа ќе го направиме.Така што да сумирам. Единствена држава којашто ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа, што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати, од аспект на количини граѓаните да бидат спокојни има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од ситуацијата, така ќе реагираме. Предизвици ќе има, но тие предизвици не зависат од нас, тие зависат од глобалната состојба. Да не создаваме паника, состојбата е под контрола за разлика од некои минати времиња кога паниката беше и неспособноста и криминалот и корупцијата, второ име на некои претходни Влади.

Македонија | пред 3 седмици

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Има доволно реагенси, нема потреба од паника, Македонија е единствена која ги намали цените на горивата од цел регион, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија е единствена земја во регионот која оваа недела ги намалила цените на горивата, нагласувајќи дека состојбата со снабдувањето е стабилна и под контрола.„Јас можам да кажам дека единствената земја во регионот којашто оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата, е Македонија. Безоловниот, 95 и 98 октански е намален за 2 и пол денари, а дизелот не се покачи. И тоа е резултат на одлука на регулаторната комисија“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека земјава има најниски цени на горивата во регионот.„Убедливо имаме најевтини цени на горивата во регионот. Убедливо. Тоа значи дека ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евро центи за литар до 1,39 евро центи за литар, а дизелот е некаде околу 1,5-1,53 евро центи за литар, во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во Србија од 1,87 до над 2 евра, во Косово исто така, во Германија и до 3 евра по литар“, изјави Мицкоски.Премиерот нагласи дека Владата успешно се справува со енергетската криза.„Во овој прв месец, во историски најголемата нафтена криза после онаа од 70-тите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овој предизвик“, изјави Мицкоски.Тој ги увери граѓаните дека нема причина за страв од недостиг на енергенси.„Ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, ниту од воведување на кризни состојби на пазарот на електрична енергија и нафта“, изјави Мицкоски.Во однос на идните движења на цените, премиерот посочи дека ситуацијата внимателно се следи.„Што ќе се случува за месец, два, три, пет не знаеме. Можеме да претпоставиме, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, но тие зависат од глобалната состојба“, изјави Мицкоски.Тој најави дека мерките ќе продолжат доколку има раст на цените.„Апсолутно, доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, ќе ја продолжиме мерката. Сè додека трае кризната состојба, ќе ја продолжиме и мерката“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека Владата има дополнителни механизми на располагање.„Ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање, тука се и акцизите“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека има и благо намалување на цената на суровата нафта.„Утрово суровата нафта е околу 100 долари за барел, што значи дека имаме благо намалување. До крајот на неделата ќе се следи ситуацијата и врз основа на тоа ќе се носат одлуки“, изјави Мицкоски.Во заклучок, премиерот апелираше да не се создава паника.„Да не создаваме паника, состојбата е под контрола. Предизвици ќе има, но тие не зависат од нас, туку од глобалната состојба“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Горивата поевтинуваат: Бензинот падна до 3 денари, дизелот останува ист

Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена.Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар.Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и ќе чини 85,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета и изнесува 95,50 денари за литар.Кај останатите деривати, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе се продава по 92,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува и ќе изнесува 50,410 денари за килограм.Од РКЕ посочуваат дека движењата на светските пазари се различни – бензините бележат пад од речиси 3,8 отсто, додека дизелот и екстра лесното масло имаат раст, што директно се одразува врз домашните цени.Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,54 отсто, што дополнително влијае врз формирањето на цените.Регулаторот нагласува дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците имаат можност да продаваат гориво и по пониски цени, оставајќи простор за дополнително намалување на малопродажните цени на пумпите.

Македонија | пред 3 седмици

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Можно поевтинување на бензините, дизелот може да поскапи или да остане со иста цена од понеделник, вели Мицкоски

Можно е ново намалување на цената на бензините, додека дизелот би можел да поскапи или да остане со иста цена, најави премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на одлуката од Регулаторна, посочувајќи дека одлуките ќе зависат од двонеделниот тренд на пазарот.„Очекуваме во понеделник да имаме околу 2 денари намалување на цената за бензините со 85 и 98 октани, имајќи го в предвид просекот од понеделник до петокот. А иста цена или зголемување за 1,5 денари на дизелот. Ќе ја следиме следнава недела, па по завршување на двете недели, ќе видиме дали ќе продолжи мерката со намалено ДДВ или ќе има промени со акцизата“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека состојбата на пазарот на горива останува стабилна, без намалување на побарувачката.„Немаме намалување на продажбата. Не можам да кажам дали македонските граѓани ја намалија употребата на возилата, бидејќи голем број на граѓани од соседството точат горива кај нас. Стабилни сме, нема потреба од рестрикции, забрани“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

benziska-guzva-goriva

Ако продолжи растот на цените на горивата, ќе се намалат акцизите и трошоците за транспорт

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата на светските берзи и дека веќе се преземени мерки за нивно намалување, додека во наредниот период се можни и дополнителни интервенции доколку трендот на раст продолжи.„Треба да се затвори денеска тргувањето, така да во втората половина на денот ќе имаме повеќе информации, затоа што пресметките се прават врз основа на тргувањето од понеделник до петок. Инаку ние имаме мерка за следните две недели, а тоа е, како ниту една држава во Европа директно од буџетот намалување на ДДВ-то од 18% на 10%, така што ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот којшто следи ќе интервенираме.Следна мерка доколку продолжи растот на цените на берзите ќе биде намалување на акцизите и намалување на маржата, односно цената на складиштење, транспортните рошоци“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Мицкоски: Нема потреба да се ограничи купувањето на гориво, имаме доволно количини

На новинарско прашање дали Македонија се размислува да го ограничи купувањето на горивото, со оглед на тоа што е нафтена криза, а голем дел од граѓаните од државите од околината доаѓаат и купуваат кај нас, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во овој момент има доволно количини гориво за потребите на граѓаните.„Во овој момент имаме доволно количини за потребите на граѓаните. Зголемен е конзумот во одредени гранични области, со Албанија, на север со Косово и Србија и на југ со Грција, за отприлика 10 проценти, бидејќи голем дел од граѓаните од овие земји доаѓаат кај нас и точат гориво на безниските пумпи, поради тоа што цената на горивото кај нас е во некои случаи и до половина евроценти по литар поевтина од таа кај нив. За разлика од минатото, кога како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие коишто генерираат стабилност и даваат помош. Сакам да кажам дека и нафтоводот е во целосна функција, односно цевката е полна, којашто претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу 60 дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка и не само со дизел горивата и со бензините безоловни, со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од Окта, односно од кај нас. Се разбира предизвици има и ќе има, и тие предизвици ние ќе ги решаваме“ изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 седмици

benziska-guzva-goriva

Божиновска: Ја стабилизиравме цената на горивата и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. Како дел од ова продолжување, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар, обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел – дел од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството.Истовремено, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, која обезбеди директно намалување на цените за 6 до 7 денари по литар и спречи дополнителен ценовен шок.Со оваа комбинирана интервенција: спречен е значителен раст на цените на горивата обезбедена е стабилност на пазарот заштитен е животниот стандард на граѓаните намален е притисокот врз транспортот и економијата„Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните“, истакна министерката Сања Божиновска.Министерството нагласува дека одговорноста во вакви услови е заедничка и дека позитивниот пример со зголемениот попуст за дизел треба да биде следен и од останатите учесници на пазарот, со цел бенефитите целосно да се рефлектираат во малопродажните цени.Паралелно, снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а сите надлежни институции се во постојана координација и вршат засилени контроли на пазарот.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет – стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-library02n6cehjvva36f1gveq

Потрошувачката на горива е зголемена за повеќе од 10%, вели Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека на денешната владина седница ќе се разгледуваат и други мерки поврзани со порастот на цените на нафтата. Тој, исто така, кажа дека многу граѓани од соседните земји точат гориво кај нас, па потрошувачката на бензин и дизел на бензинските пумпи е зголемена за повеќе од 10%.„Денеска имаме редовна владина седница и ќе разгледуваме и други мерки коишто мислиме дека ќе бидат корисни во таа насока. Иако и покрај овие ценовни шокови морам да признаам дека имаме убедливо најниска цена на бензините и на дизел горивото во регионот, што создава дополнително еден притисок од страна на соседите, односно на граѓаните од соседните држави и можеме да забележиме дека за повеќе од 10% е зголемен конзумот на бензин и дизел гориво на нашите бензински пумпи, но и покрај тоа стабилното снабдување за граѓаните и стопанството стана наш приоритет и во овој момент тука нема никакви негативни очекувања, туку напротив останува стабилно да обезбедиме доволно количини и за нашите граѓани, но истовремено доколку и граѓаните од соседните држави ценат тоа ќе придонесе во подобрување на нивниот животен стандард ние како држава стоиме на располагање“, рече Мицкоски на меѓународна конференција во организација на Народната банка.Според него, ова е пример за координиран пристап – каде што монетарната и фискалната политика се надополнуваат, а институциите делуваат синхронизирано во интерес на граѓаните.Мицкоски вели дека денес, повеќе од кога било, е потребна координација – меѓу централните банки, владите и меѓународните партнери.  Тој истакна дека улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност.„Живееме во време на длабоки и брзи глобални промени. Време во кое економските текови, финансиските пазари и безбедносните предизвици се испреплетуваат повеќе од кога било досега. Во таков свет, улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност“, рече Мицкоски.Според него, централните банки денес не делуваат во изолирани услови туку функционираат во средина која е под силно влијание на глобалните шокови – од инфлаторни притисоци и прекини во синџирите на снабдување, до геополитички тензии и енергетски неизвесности.„Во вакви околности, стабилноста не е дадена – таа е резултат на внимателно водени политики, координација и одлучност“, рече Мицкоски.Воениот конфликт на Блискиот Исток, додаде тој, дополнително ги продлабочи овие предизвици.„Во ваква средина, централните банки имаат двојна одговорност. Прво, да ја одржат ценовната стабилност и да ги амортизираат инфлаторните шокови. И второ, да ја зачуваат финансиската стабилност, обезбедувајќи ликвидност и сигурност во банкарскиот систем. Тоа бара внимателен баланс – помеѓу рестриктивни мерки за контрола на инфлацијата и поддршка на економската активност“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Рекордно поскапување на горивата во Кина: Владата воведува драстични мерки

Владата на Кина,го ограничи поскапувањето на цените на горивата на приближно половина од износот што инаку би се применил според официјалниот механизам за формирање на цените, објави Ројтерс.Ова прилагодување, поттикнато од растот на цените на нафтата поради американско-израелската војна против Иран, сепак претставува најголемо досега забележано зголемување. Новите цени на горивата се приближија до нивоата од 2022 година, по конфликтот меѓу Русија и Украина.Притисокот врз кинескиот пазар доаѓа во момент кога војната во Иран сè посилно ја потресува глобалната енергетика. Цената на нафтата денеска надмина 113 долари за барел, откако претходно овој месец накратко се доближи до 120 долари.Меѓународните цени на нафтата доведоа до зголемување на цените на горивата кое, според механизмот, би изнесувало околу 0,97 евра по литар, но благодарение на привремената регулација, растот е ограничен на околу 0,85 евра по литар. Разликата, односно заштедата за крајните корисници, изнесува околу 0,12 евра по литар, наведува агенцијата Синхуа.За приватни возила со резервоар од 50 до 60 литри, полнењето бензин од 92 октани ќе биде поевтино за пет до седум евра, додека за тешки камиони со резервоари од 400 до 600 литри заштедата ќе изнесува од 42 до 69 евра по полнење.Ова е првпат од воведувањето на механизмот во 2013 година државата директно да интервенира во регулирањето на цените на рафинираните нафтени производи, истакнуваат експертите.

Свет | пред 4 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Веќе важат новите цени на горивата: дизелот поскап, бензините остануваат исти

Од полноќ стапија на сила новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, кои ги утврди Регулаторната комисија за енергетика, согласно измените на Законот за данок на додадена вредност и примената на повластена стапка од 10%.Според одлуката, бензините не претрпеа промени, додека дизелот и останатите деривати се поскапени.ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 86,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 88,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е поскапен за 3,50 денари и сега изнесува 95,50 денари за литар. Маслото за горење екстра лесно (ЕЛ-1) е зголемено за 2,50 денари и се продава по 92,00 денари за литар, додека мазутот М-1 НС достигна 47,610 денари за килограм.Од Регулаторната комисија потенцираат дека станува збор за максимални цени, што остава можност трговците да понудат и пониски износи.Со оваа одлука, цените на нафтените деривати се зголемени во просек за 1,39 проценти во споредба со претходната одлука.Како главна причина се наведуваат растот на референтните цени на светските пазари, каде значително зголемување има кај сите деривати, како и растот на курсот на доларот.Од Комисијата нагласуваат дека повластената ДДВ стапка од 10% ја ублажила ценовната состојба, бидејќи со стапка од 18% бензините и дизелот би биле значително поскапи.

Македонија | пред 4 седмици

media-library4cmtbdt4uf1h3bofpOz

Дизелот во Германија близу историски рекорд

Цената на дизелот во Германија пораснала за повеќе од 12 центи за два дена поради војната на Блискиот Исток, според податоците на автомобилското здружение ADAC.Во петок, просечната дневна цена на литар дизел на ниво на целата земја изнесувала 2,291 евра, што е само 3 центи помалку од рекордната вредност забележана пред четири години, по почетокот на војната во Украина.Цената на премиум бензинот E10 исто така продолжила да расте, достигнувајќи 2,086 евра за литар, што е за 4,2 центи повеќе отколку во среда.Според ADAC, во петок литар дизел бил поскап за 54,5 центи во споредба со денот пред почетокот на војната од страна на САД и Израел против Иран, додека литар бензин бил поскап за 30,8 центи.Растот на цените е предизвикан од повисоките цени на сурова нафта поврзани со војната, иако имало и критики кон нафтените компании за непропорционално покачување на цените во однос на трошоците за нафта.Првите цени во сабота покажале благи понатамошни зголемувања на дизелот и релативно стабилни цени на бензинот E10, но последната нестабилност ги прави краткорочните прогнози многу неизвесни.

Свет | пред 4 седмици

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари!

Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари, велат од СДСМ.„Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар.За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар.Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема ефект, граѓаните плаќаат поскапо гориво, но најлошото е со ова поскапување ќе продолжи растот на цените на храната.Спиралата е активирана, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, следуваат и други покачувања.Срамота е Мицкоски да не презема мерки за намалување на цените а во исто време да се занимава со дефокус и да се однесува како уредник на жолт печат.Луѓето чекаат мерки за намалување на цените а тој наместо за кризата пласира лажни вести и афери, како што е справувањето со Ковид пандемијата и вакцините.Тоа што Мицкоски и ВМРО имаат историски пад на поддршката не значи дека треба да ја злоупотребува и срами функцијата на која се наоѓа, бидејќи со тоа ја срами и Македонија и нејзините граѓани.Секако Мицкоски го покажува своето вистинско лице, нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

benziska-guzva-goriva

„Спречивме поскапување на горивата, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните“, велат од Министерството за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација.Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати која ќе важи од полноќ до следниот вторник, при што цените изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 95,50 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 92,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 47,610 (денари/килограм)Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше значително поскапување за граѓаните и стопанството.„Едноставно: спречивме поскапување, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните.“Во услови на силен раст на цените на светските пазари во изминатиот период, Владата донесе клучна мерка: намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%Оваа мерка, која ќе важи во наредните две недели со можност за продолжување, обезбеди директно намалување на цената за 6 до 7 денари по литар, како и спречување на дополнителен ценовен удар.Според анализите, без интервенција, цената на бензините ќе се зголемеше за околу 6,5 денари по литар, а дизелот за над 10 денари, што ќе предизвикаше сериозен притисок врз транспортот, услугите и цените на основните производи.„Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања – од горивата до храната и услугите.“ нагласи Божиновска.Министерството нагласува дека изборот на мерката – намалување на ДДВ – е направен врз основа на нејзиниот директен и брз ефект врз крајната цена, за разлика од други инструменти кои бараат подолги процедури и имаат ограничен ефект.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, надоврзувајќи се на мерката од 13 март со која компанијата ОКТА овозможи попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини за трговците, е во континуирана и интензивна комуникација со компанијата за можностите за дополнително зголемување на овој попуст. Имајќи предвид дека иницијалната мерка веќе создаде простор дел од олеснувањето да се пренесе кон крајните потрошувачи и придонесе за ублажување на ценовниот притисок, во тек се разговори за нов пакет на услови со кои би се постигнал уште посилен ефект врз стабилизацијата на цените на горивата, особено кај дизелот. Во таа насока, се очекува дополнителен придонес и од малопродажните трговци, со цел попустите во целост да се рефлектираат во цените за граѓаните. Паралелно, активно се работи и со сите економски оператори на пазарот, при што се очекува одговорно однесување и конкретни чекори за дополнително ублажување на ценовниот притисок.„Во време на криза, одговорноста е заедничка – и на државата и на компаниите“, потенцира Божиновска.Министерката Сања Божиновска истакна дека државата успешно се справува со предизвиците од глобалната енергетска криза предизвикана од воените случувања во Заливот, при што снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. Таа нагласи дека е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, а сите надлежни институции се координираат редовно со цел навремена и ефикасна реакција на секоја новонастаната ситуација.Државните резерви се стабилни, пазарната инспекција врши засилени и редовни контроли, а според информациите, сите економски оператори располагаат со законски задолжителните петдневни резерви. Дополнително, непречено функционира и продуктоводот Скопје–Солун (ВАРДАКС), кој значително ја зајакнува сигурноста на снабдувањето и овозможува континуиран и стабилен дотур на горива на домашниот пазар. Министерството за енергетика континуирано ја следи состојбата на домашниот и меѓународниот пазар и е подготвено да реагира навремено со дополнителни мерки, меѓу кои: дополнително намалување на ДДВ, доколку е потребно интервенции во трговските маржи користење на државните резерви други фискални и регулаторни инструменти, согласно развојот на состојбатаВо овој момент, Македонија останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, што дополнително ја потврдува ефикасноста на преземените мерки и стабилноста на енергетскиот систем. Министерството уверува дека приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања