Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Акцизите се намалуваат: Владата цели кон тоа да не се зголеми цената на дизелот, а бензините да поевтинат за два денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата утре ќе одлучи за намалување на акцизите на горивата: за дизел 4 денари по литар, а за бензините 2 денари, со цел цените да поевтинат или да стагнираат. Очекува ефектите да се почувствуваат од понеделник, кога Регулаторната комисија носи одлука. Дизелот наместо поскапување би се коригирал надолу, а бензините би поевтиниле, зависно и од попустите на ОКТА. Мицкоски истакна дека мерките ќе влијаат врз буџетот, но Владата ќе продолжи со интервенции, вклучително и продолжување на мерката 10% ДДВ уште две недели.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата утре ќе донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, што треба да доведе до нивно поевтинување или стагнирање на цените во наредните денови. Според него, цените на бензините треба да се намалат за два денари, а цената на дизелот да стагнира. Регулаторната комисија, одлука носи во понеделник.

Тој посочи дека веќе е закажана владина седница, по која ќе следува и официјална прес-конференција.

— реклама —

„Според овие калкулации, дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините некаде околу денар и пол до два. Со утрешната владина седница, исполнети се условите да дизелот, односно акцизите ги намалиме за 4 денари по литар, а за бензините 2 денари по литар“, изјави Мицкоски.

Премиерот очекува дека ефектите ќе се почувствуваат веќе од понеделник.

— реклама —

„Дизелот ќе се коригира, претпоставувам, во понеделник за околу 3 денари, имајќи предвид дека пополека но сигурно истекува и попустот кој го дава OKTA, ќе ги обновиме разговорите околку тоа продолжи и понатаму, тоа ќе подразбира дека нема да има зголемување за дизелот, од од онаа максимална цена која ја утврдува Регулаторната комисија А за бензините исто така 2 денари, тоа значи дека некаде околу половина денар ќе поевтинат. Доколку ОКТА ќе продолжи оние два денари за литар бензин, тоа значи дека ќе имаме повторно 2,5 денари литар бензин“, додаде премиерот.

Тој нагласи дека мерките ќе имаат влијание врз буџетот, но Владата ќе продолжи со интервенции за ублажување на ценовниот притисок.

„Нормално, тоа ќе го афектира буџетот, ќе се одрази врз буџетот, ќе ја продолжиме и со мерката 10% ДДВ уште две недели до крајот на оваа кризна состојба и потоа ќе ја следиме состојбата како ќе биде понатаму и така ќе реагираме“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Горивата поевтинуваат: Бензинот падна до 3 денари, дизелот останува ист

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Рекордно поскапување на горивата во Кина: Владата воведува драстични мерки

Свет | пред 4 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Веќе важат новите цени на горивата: дизелот поскап, бензините остануваат исти

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања