Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ГОРИВА

benzinska-benzin-nafta-

(Видео) Има притисок од странство на бензинските пумпи, но деривати има доволно,државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.„Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини“, рече Мицкоски.Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непречено се снабдуваат со гориво.„Од она што сум информиран од страна на ДПИ, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати“, нагласи премиерот.Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.„Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybc7rjo6ceq1i1Lz3n3I

(Фото) Ограничување на дизел два дена пред новите цени: известување од „ЛУКОИЛ“ предизвика реакции

Известување за потрошувачи од компанијата „Луколил Македонија“ се појави на социјалните мрежи, а со кое се ограничува точењето на дизел, трактори, автобуси. Ова се случува во период кога граѓаните и онака се во паника дека цените драстично ќе се покачат веќе од вторник, бидејќи секој понеделник Регулаторна комисија ги утврдува новите цени на дериватите.Според известувањето, врз основа на одлука за привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси е ограничена на најмногу 50 литри. Граѓани пак, кои со автомобили биле на пумпите, посочуваат дека не биле ограничени колку гориво да наточат.Во документот се наведува и дека е забрането точење гориво во садови, односно туби и канистри, кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди.Ограничувањето, како што стои во известувањето, не се однесува на возила кои точат гориво согласно склучени договори со ЛУКОИЛ Македонија.Од компанијата наведуваат дека мерката се воведува како дел од, како што се наведува, општествено одговорното работење и со цел еднаква заштита на интересите на сите потрошувачи.На известувањето има печат од подружницата „Б.С. Прилеп 004“, која според податоците на нинвниот веб-сајт се наоѓа на патот Прилеп-Битола, на влез од градот.„Скопје1“ испрати прашања до компанијата дали ова известување е пратено до сите подружници, зошто се решиле на ограничување на точење на дизел два дена пред да стапат на сила новите цени, но и дали компанијата очекува да се „збогати“ доколку ја сочува нафтата и ја продава по новите цени од Регулаторна. На прашањата очекуваме одговор, како и официјален став за ова објавено извстувањеВчера, премиерот Христијан Мицкоски уверуваше дека инсппекциските служби се на терен, бидејќи ограничување на продажбата или затворање на пумпи, граѓаните јавуваат дека се случува и кај други компании.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd425t4ot7lcnbsHXkcN

Паника на дел од бензиските поради гласини дека „ќе снема нафта“, Мицкоски: Нема простор за грижа

Редици се формираа на дел од бензинските станици во земјава, откако меѓу граѓаните се проширија шпекулации дека може да дојде до недостиг на гориво или значително поскапување на нафтените деривати.„Скопје1“ на две бензиски станици во Скопје разговараше со вработени кои велат: „И денеска, цел ден се прават гужви, има некоја хистерија дека ќе нема деривати, а никој не знае да каже од каде е инфомрацијата и на што се темели освен шпекулации дека дознале од пријатели. Ова трае веќе два дена“.Според неофицијалните информации што се шират во јавноста, граѓаните се плашат дека е можно привремено редуцирање на продажбата на гориво до одредување на новите цени, но ваквите тврдења засега не се потврдени од надлежните институции.Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија порача дека нема место за загриженост.„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Состојбата е под контрола“, напиша Мицкоски.Во меѓувреме, цената на нафтата на светските пазари порасна до околу 84 долари за барел поради стравувањата од можноста Иран да го блокира Ормутскиот теснец, една од најважните рути за транспорт на нафта во светот. САД најавија дека со морнарицата ќе обезбедуваат безбедност на танкерите во регионот.

Македонија | пред 3 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Стигнаа новите цени на горивата кои важат од полноќ

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на претходната одлука од 27 февруари 2026 година.Според пресметките на Комисијата, референтните цени на светскиот пазар бележат раст кај бензините од 2,977 проценти, кај дизелот од 0,464 проценти, кај екстра лесното масло од 0,370 проценти, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 3,965 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот, во периодот на пресметка, е понизок за 0,1035 проценти.Од 3 март 2026 година од 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари за литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари за литарЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 денар за литарЕкстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,00 денари за литарМазут М-1 НС – 35,542 денари за килограмМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 денари по килограм.Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени, при што трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од утврдените највисоки износи.

Македонија | пред 4 седмици

benzinska-benzin-nafta-12

Цените на дизелот и екстра лесното масло пораснаа за 2 денари, бензините остануваат исти

Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Македонија | пред 1 месец

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Цените на горивата се зголемуваат за просечно 1,24%

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)-Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

РКЕ: Горивата остануваат со иста цена, поевтинува само мазутот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 2.2.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,235 ден/кг и сега ќе изнесува 33,650 ден/кг.Од 10.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,650 (денари/килограм)

Македонија | пред 1 месец

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата - дизелот има поевтинување

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 13.10.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот за 3,247%, кај екстра лесното масло за 3,963% и кај мазутот намалувањето е за 3,144%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5468%.Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  73,00 (денари/литар)Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             75,00 (денари/литар)Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            67,00 (денари/литар)Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               36,047 (денари/литар)Мазут М-1 НС                                                                 36,047 (денари/килограм)Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,614 ден/кг и сега ќе изнесува 36,047 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 5 месеци

benzinska-benzin-nafta-

Од полноќ поскапуваат горивата за еден денар по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,148 денари.Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,869 отсто, кај дизелот за 2,557 и кај екстра лесното масло за 3,327 отсто додека кај мазутот има намалувањето за 4,292 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2938 отсто.

Македонија | пред 6 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Поскапуваат горивата - новите цени се објавени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 17.01.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за 1,791%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,516% и кај мазутот зголемувањето е за 0,921%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0771%.Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 46,673 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 ден/кг и сега ќе изнесува 46,673 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Горивата со зголемени цени од полноќ

Со одлуката денеска на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар.Новата малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,00 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит.Одлуката ќе се применува од 00:01 часот на 17.12.2024 година.

Македонија | пред 1 година

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,072%, кај дизелот 1,940%, кај екстра лесното масло за 2,096% и кај мазутот намалувањето е за 3,565%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2688%.Од 27.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин​ЕУРОСУПЕР БС - 95​​ 81,50 (денари/литар)Моторен бензин​ ЕУРОСУПЕР БС - 98​​ 83,50 (денари/литар)Дизел гориво​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ 74,00 (денари/литар)Масло за горење​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​ 72,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС​​​​​​ 44,656 (денари/килограм)Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,101 ден/кг и сега ќе изнесува 44,656 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.7.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,735%, кај дизелот зголемување 3,460%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,460% и кај мазутот зголемувањето е за 3,375%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,335%Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин​ЕУРОСУПЕР БС - 95​​ 80,00 (денари/литар)Моторен бензин​ ЕУРОСУПЕР БС - 98​​ 82,00 (денари/литар)Дизел гориво​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ 71,50 (денари/литар)Масло за горење​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​ 70,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС​​​​​​ 43,639 (денари/килограм)Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.6.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Нови цени на горивата од полноќ, поевтинува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 % во однос на одлуката од 7.6.2024 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,374%, кај дизелот за 3,697%, кај екстра лесното масло за 4,097% и кај мазутот намалувањето е за 2,312%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,087%Од 11.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 42,475 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,734 ден/кг и сега ќе изнесува 42,475 ден/кг.

Македонија | пред 1 година

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Се намалува ценaта на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.Според последната одлука на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,00 денар по литар.Дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапеа за 0,50 денари.Ова се актуелните цени на горивата:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 42,453 (денари/килограм)

Македонија | пред 1 година

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Поевтинуваат горивата - објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 25.3.2024 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,221%, кај дизелот за 2,056%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 2,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,402%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,464%Од 2.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 85,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 45,459 (денари/килограм)Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,683 ден/кг и сега ќе изнесува 45,459 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.4.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

IMG_0085

Нови цени на горивата - поскапува бензинот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за 3,417%, кај екстра лесното масло за 2,626% и кај мазутот зголемувањето е за 2,167%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,061%Од 16.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм)Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 2 години

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72 % во однос на одлуката од 24.7.2023 година.Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,00 денара/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,337 денар/кг и сега ќе изнесува 42,338 денара/кг.Од 28.7.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)моторен бензин „евросупер БС-98“ – 86,50 (денари/литар)дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,50 (денари/литар)масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)„мазут М-1 НС“ – 42,338 (денара/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,969 %, кај дизелот 4,065 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 4,410 % и кај мазутот зголемувањето е 3,245 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,782 проценти.

Македонија | пред 2 години

297892225_5330739040380889_2339144490100086181_n

Не е ублажен ценовниот шок со горивата, од ноќеска повторно промени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92 % во однос на одлуката од 2.9.2022 година.Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л, а малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л.Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,277 денари/кг и сега ќе изнесува 52,463 денара/кг.Од 6.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,00 (денари/литар)Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 98,00 (денари/литар)Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС – 52,463 (денара/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,983 %, кај дизелот 1,812 %, кај екстра-лесното масло 4,293 % и кај мазутот намалување од 0,568 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,068 %.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Нови цени на горивата, поевтинува бензинот

Бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста. Ова е одлуката на Регулаторна комисија.Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кажа дека не е зголемувана намерно цената на дизелот за да се полни буџетот.„На влезните параметри курс на долар и состојба на берза, се додаваат давачките кои се кон државата“, објасни Бисмиловски за тоа како се формира цената на нафтените деривати.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на одлуката од 22.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%, кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569% и кај мазутот зголемување за 1,311%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,383%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 7.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601%, кај дизелот за 2,615%, кај екстра лесното масло за 2,965% и кај мазутот за 2,754%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг.Од 12.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 105,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 107,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,032%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Нови цени на горивата од полноќ

Од вечерва на полноќ промена на цената на дизелот, додека бензините остануваат непроменети.Така дизелот ќе се продава за 2,5 денари поевтино, и ќе изнесува 104 денари по литар.Цената на бензините нема да се менува, односно 109 денари за ЕУРОСУПЕР 95 и 111,5 денари за ЕУРОСУПЕР 98.Поевтинува и цената на екстра лесното масло за два денари и ќе изнесува 103 денари. Цената на мазутот останува иста 53,3 денари.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Поевтинува бензинот и нафтата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 23.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945%, кај дизелот за 1,174%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,425% и кај мазутот има намалување е за 1,806%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,986 ден/кг и ќе изнесува 53,305 ден/кг.Од 28.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 109,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 111,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,35%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос наодлуката од 20.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,537%, кај дизелот зголемување во просек за 0,460%, кајекстра лесното масло зголемување во просек за 0,935 % и кај мазутот намалување во просек за околу 3,484%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг.Од 23.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 110,00 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 112,00 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 110,00 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 107,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 55,291 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360 %.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2022 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања