Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нови цени на горивата - дизелот има поевтинување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 13.10.2025 година.

— реклама —

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот за 3,247%, кај екстра лесното масло за 3,963% и кај мазутот намалувањето е за 3,144%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5468%.

— реклама —

Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  73,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             75,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            67,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               36,047 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 36,047 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,614 ден/кг и сега ќе изнесува 36,047 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Горивата поевтинуваат: Бензинот падна до 3 денари, дизелот останува ист

Македонија | пред 8 часа

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Рекордно поскапување на горивата во Кина: Владата воведува драстични мерки

Свет | пред 6 дена

benzinska-benzin-nafta-

Веќе важат новите цени на горивата: дизелот поскап, бензините остануваат исти

Македонија | пред 6 дена

benziska-guzva-goriva

„Спречивме поскапување на горивата, ја стабилизиравме цената и ги заштитивме граѓаните“, велат од Министерството за енергетика

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања