Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Паника на дел од бензиските поради гласини дека „ќе снема нафта“, Мицкоски: Нема простор за грижа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryd425t4ot7lcnbsHXkcN

Редици се формираа на дел од бензинските станици во земјава, откако меѓу граѓаните се проширија шпекулации дека може да дојде до недостиг на гориво или значително поскапување на нафтените деривати.

— реклама —

„Скопје1“ на две бензиски станици во Скопје разговараше со вработени кои велат: „И денеска, цел ден се прават гужви, има некоја хистерија дека ќе нема деривати, а никој не знае да каже од каде е инфомрацијата и на што се темели освен шпекулации дека дознале од пријатели. Ова трае веќе два дена“.

— реклама —

Според неофицијалните информации што се шират во јавноста, граѓаните се плашат дека е можно привремено редуцирање на продажбата на гориво до одредување на новите цени, но ваквите тврдења засега не се потврдени од надлежните институции.

— реклама —

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија порача дека нема место за загриженост.

„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Состојбата е под контрола“, напиша Мицкоски.

Во меѓувреме, цената на нафтата на светските пазари порасна до околу 84 долари за барел поради стравувањата од можноста Иран да го блокира Ормутскиот теснец, една од најважните рути за транспорт на нафта во светот. САД најавија дека со морнарицата ќе обезбедуваат безбедност на танкерите во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nafta

Саудиска Арабија активира алтернатива: Нафтата оди преку Црвеното Море

Свет | пред 16 часа

mkd-393567

Цените на нафтата пораснаа над 111 долари

Свет | пред 3 дена

nafta

Цените на нафтата се во пад

Свет | пред 1 седмица

nafta

Шеф на нафтен гигант: Доколку војната трае повеќе од 6 месеци, светската економија ќе страда

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања