Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Очекувам јавниот обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

На седница за пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски рече дека очекува новиот јавен обвинител да ги извади и процесуира предметите доставени од институции и ДЗР, за кои има сомнежи дека „стојат во фиока“, и да утврди дали има основано сомнение за криминал. Тој побара одговори за две клучни прашања: како предметите на СЈО повторно влегле во судска пракса додека Катица Јанева била во затвор, и како се воделе процеси за „тероризам“ (докази и изнудени изјави), како и за бонусите на специјалните обвинители. Мицкоски апелираше да нема повластени и да се истражува секој со основано сомнение, вклучително и актуелната влада, предупредувајќи дека корупцијата кај носители на одлуки е опасност за државата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител.

— реклама —

„Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока или на дното од приоритетите. Често пати на седница на Влада имаме точка на која што ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи кои што ДЗР ги доставува до Владата и до сега јас лично, може стотина пати, имам прашано ако ова го констатирал Државниот завод за ревизија, дали ова е некаде процесуирано? Одговорот без исклучок е „да процесуирано е до Јавниот Обвинител“. Очекувам сите овие предмети да бидат извадени и да се работат и да се види дали таму има основано сомнение за сторен криминал од луѓето кои ги воделе тие институции или нема“, посочи премиерот Мицкоски.

— реклама —

 Тој истакна дека очекува од новиот јавен обвинител да направи детална анализа и да се постапи по овие веќе доставени предмети.

— реклама —

„Лично очекувам најмалку уште две работи кои се многу важни во историска смисла на зборот за иднината на оваа држава. Ако не ја откриеме вистината за тие две работи, тогаш цело време ќе живееме во илузија. Првата работа е како магично тогаш затвореникот Катица Јанева, предметите кои беа дел од СЈО ги достави повторно во судската пракса. На ова прашање мора да најдеме одговор. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем и владеењето на правото. И второ, исто така според мене многу важно, ако сакаме вистинска иднина, а ова ќе го поделиме на две подгрупи, како се судеше група на луѓе за тероризам и врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од тогаш така наречен заштитени сведоци и втората подгрупа прашања за колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за така наречен специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите“, рече Мицкоски.

 Тој порача дека ако тоа не се направи тогаш ќе имаме ситуација кога една група на луѓе во државата ќе биде повластена, а најголемиот дел од нашите граѓани ќе бидат тие кои што ќе живеат во разочарување дека правдата не владее за сите.

 „Јавно упатувам апел до јавниот обвинител, без разлика за кого и да постои основано сомнение дека сторил криминал, вклучително и за актуелната влада, да отвори истрага и да ја истурка до крај, не смее да има повластени“, кажа премиерот Мицкоски и дополни:

 „Не постои поголема ахилова пета за една нација и држава, од луѓе кои носат одлуки во името на таа нација и држава, а се корумпирани. Затоа што тие веќе не се свои и стравувам дека одлуките што ги носат можат да бидат на штета на целата нација и држава. Затоа е подобро да се спречи, отколку потоа да се лечи.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања