Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САВЕСКИ

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески: На функцијата сум само неколку денови, ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Државниот јавен обвинител, Ненад Савески, на денешната седница на Советот на јавни обвинители истакна дека откако имал средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство, и дека планира средби и со јавните обвинители во подрачјата на вишите јавни обвинителства, а потоа и со основните.На прашање за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески нагласи дека нема да коментира ничија изјава. Исто така, тој потенцира дека е на функцијата само неколку дена и дека за сите предмети, вклучително и за гласините за „предмети што се чуваат во фиока“, јавноста ќе биде навремено известена.„Приоритет во овој момент е учеството на седниците, пополнување на испразнетите места и создавање на услови за работа таму каде што има недостаток на персонал. Секое постапување на Јавното обвинителство произлегува од законските регулативи“, нагласи Савески.Во однос на барањата за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, како и на информациите во врска со гувернерот Трајко Славески, Савески потенцира дека за сите постапки ќе се следат законските процедури и дека јавноста ќе биде информирана преку официјални соопштенија.„Имајте во предвид, само неколку денови сум на функција. Сè што ќе дојде по редослед на одлучување, ќе биде известено на јавноста преку медиумите“ заклучи Савески.

Македонија | пред 3 дена

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски: Очекувам јавниот обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител.„Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока или на дното од приоритетите. Често пати на седница на Влада имаме точка на која што ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи кои што ДЗР ги доставува до Владата и до сега јас лично, може стотина пати, имам прашано ако ова го констатирал Државниот завод за ревизија, дали ова е некаде процесуирано? Одговорот без исклучок е „да процесуирано е до Јавниот Обвинител“. Очекувам сите овие предмети да бидат извадени и да се работат и да се види дали таму има основано сомнение за сторен криминал од луѓето кои ги воделе тие институции или нема“, посочи премиерот Мицкоски. Тој истакна дека очекува од новиот јавен обвинител да направи детална анализа и да се постапи по овие веќе доставени предмети.„Лично очекувам најмалку уште две работи кои се многу важни во историска смисла на зборот за иднината на оваа држава. Ако не ја откриеме вистината за тие две работи, тогаш цело време ќе живееме во илузија. Првата работа е како магично тогаш затвореникот Катица Јанева, предметите кои беа дел од СЈО ги достави повторно во судската пракса. На ова прашање мора да најдеме одговор. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем и владеењето на правото. И второ, исто така според мене многу важно, ако сакаме вистинска иднина, а ова ќе го поделиме на две подгрупи, како се судеше група на луѓе за тероризам и врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од тогаш така наречен заштитени сведоци и втората подгрупа прашања за колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за така наречен специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите“, рече Мицкоски. Тој порача дека ако тоа не се направи тогаш ќе имаме ситуација кога една група на луѓе во државата ќе биде повластена, а најголемиот дел од нашите граѓани ќе бидат тие кои што ќе живеат во разочарување дека правдата не владее за сите. „Јавно упатувам апел до јавниот обвинител, без разлика за кого и да постои основано сомнение дека сторил криминал, вклучително и за актуелната влада, да отвори истрага и да ја истурка до крај, не смее да има повластени“, кажа премиерот Мицкоски и дополни: „Не постои поголема ахилова пета за една нација и држава, од луѓе кои носат одлуки во името на таа нација и држава, а се корумпирани. Затоа што тие веќе не се свои и стравувам дека одлуките што ги носат можат да бидат на штета на целата нација и држава. Затоа е подобро да се спречи, отколку потоа да се лечи.“

Македонија | пред 4 дена

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески ќе бара од колегите поретко да предлагаат затворски притвор

Во гостувањето во „360 степени“на МРТ 1, новиот државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се употребуваат гаранциите.„Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа“, рече тој.Савески вели дека како држава треба да се однесуваме во согласност со нашите можности.

Македонија | пред 6 дена

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не гледа простор за зголемување на платите во судството и обвинителството, но е подготвена да разговара за подобрување на ресурсите и условите за работа.Тој посочи дека веќе е одобрен план за нови вработувања во судовите, со цел зајакнување на капацитетите на судската администрација.„Во делот на платите не гледам простор за зголемување, но во делот на ресурсите и алатките секако дека може да разговараме, не само со обвинителството туку и со судовите“, изјави Мицкоски.Премиерот информира дека ќе бидат вработени 200 лица во судовите низ државата, главно судски соработници и административен кадар.„Тие сами ја изработија систематизацијата и планот, добивме допис, истиот беше одобрен, а средствата се обезбедени од Министерството за финансии“, додаде тој.Во однос на барањата за повисоки плати, Мицкоски нагласи дека тие мора да се разгледуваат во поширок контекст на платите во државата.„Не гледам простор за зголемување на платите, особено ако се земе предвид нивото на платите генерално во државата. Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да“, потенцираше премиерот.Изјавата доаѓа по барањето на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за зголемување на буџетот на обвинителството.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3pde7g0e1dcqdxWVdlr

Изборот на Савески е историска шанса за реформи, потребна е „свежа крв“ во правосудството, вели Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески за државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите.Туфегџиќ посочи дека очекувал честитки и поддршка од судските власти, како и од Советот на јавни обвинители, имајќи предвид дека Савески доаѓа од судиската функција и има искуство и како јавен обвинител.Според него, токму ваквиот професионален профил носи потенцијал за промена на досегашните практики и за наметнување нов пристап во функционирањето на обвинителството.„Јавното обвинителство предолго е затворено само во себе и нема контакт со реалноста. Кога системот е затворен, не може да ги согледа сопствените слабости“, оценува Туфегџиќ.Тој смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да иницира позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите.Воедно, Туфегџиќ се залага за законски измени со кои би се овозможил поголем проток на кадри меѓу различните сегменти на правосудниот систем, вклучително и судиите, обвинителите и адвокатите.„Потребно е внесување ‘свежа крв’ – барем 10 проценти трансфер на кадар меѓу институциите. Тоа е здраво за развој и носи нова перспектива“, наведува тој.Како дополнителен аргумент, посочува дека според светските стандарди, промената на работната средина на секои десет години придонесува за професионален развој и нови идеи.На крајот, Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска трансформација на обвинителството.

Македонија | пред 1 седмица

media-library67c4ji2b8svt3Cd55vx

Савески ја презеде функцијата државен обвинител, седна на маса со републичките обвинители меѓу кои е и Стефановска од СЈО

Новоименуваниот Јавен обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител.„Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска.Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител на РСМ Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 седмица

Jane-Cento-696x371

„Да се исправат неправдите“ – порака од осудениот Ченто до Савески

Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, му честиташе на новоименуваниот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството.„Очекувам и се надевам дека конечно ќе видиме правда што ќе се применува еднакво за сите – без селекција, без притисоци и без политички нарачки“, порача Ченто.Тој нагласи дека по години, како што вели, исполнети со сериозни сомнежи во работата на обвинителството, неопходно е отворање и преиспитување на предметите кои ја разнишаа довербата на граѓаните во правниот систем.„Македонија не смее да остане заробена во неправда“, истакна Ченто.Во пораката до Савески, тој му посака успешна работа, но потенцираше дека уште поважно е да се покаже храброст за исправување на неправдите.„Потребна е храброст да се стави крај на користењето на институциите како средство за политички пресметки. Државата мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава“, додаде Ченто.

Коментари | пред 1 седмица

media-library5671oo59c22e9ItTT2O

Ленче Ристоска беше оттурната и покрај кредбилитетот, рече Зајкова која упати порака до идниот државен обвинител Савески

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, во обраќање до јавноста оцени дека изборот на нов јавен обвинител не е само кадровско прашање, туку клучен тест за тоа дали државата конечно ќе обезбеди вистинска правда или ќе продолжи практиката на селективност.Таа посочи дека со години се води иста дебата за правосудството, без суштински промени, и ја критикуваше постапката во која прво се избира обвинител, а потоа се менуваат законските решенија.„Ова е избор кој значи тест за институциите и за тоа дали конечно ќе имаме вистинска правда или ќе продолжи селективната правда“, истакна Зајкова.Според неа, иако формално процедурите биле испочитувани, суштинскиот впечаток е дека Владата ја има клучната улога во изборот.„Повторно се создаде впечаток дека политиката има последен збор таму каде што треба да владее правото“, рече Зајкова.Таа го посочи и случајот со обвинителката Ленче Ристоска, за која оцени дека била оттурната и покрај нејзиниот кредибилитет.„Кога се оттурнуваат професионалци, а се туркаат погодни решенија, довербата кај граѓаните ќе продолжи да паѓа“, додаде таа.Зајкова нагласи дека проблемот не е во поединечни имиња, туку во системот на избор кој, според неа, секогаш остава простор за сомнеж за политичко влијание.Во своето обраќање таа упати порака и до новиот јавен обвинител, Ненад Савески, оценувајќи дека пред него стои голема одговорност.„Не е доволно да сте добар правник, потребна е храброст – да се оттурне политиката од обвинителството, да се отворат предмети што со години стоеле затворени и да се покаже дека законот важи за сите“, истакна Зајкова.Таа порача дека граѓаните не бараат совршен обвинител, туку праведен и независен.„Имате шанса да ја вратите довербата и да покажете дека правдата не е мртва. Или ќе ја ослободите правдата, или ќе останете соучесник“, рече Зајкова.Воедно, таа упати порака и до власта да не се меша во правосудството.„Правдата не е ваша алатка. Институциите не се партиски продолжетоци и секое вмешување ќе биде препознаено и осудено“, нагласи таа.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg8kq3540ska70a6Ygqs

(Видео) Нема да гласаме „против“ изборот на Савески, а тој е партиски обвинител и нема наша поддршка, рече Тренчевска од СДСМ

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, во Собранието оцени дека изборот на нов државен јавен обвинител не треба да се сведува само на личноста на кандидатот, туку на контекстот и системот во кој тој ќе функционира. Таа кажа дека СДСМ нема да гласа „против“ изборот на предлогот.„СДСМ јасно порачува дека Савески е партиски обвинител на ВМРО-ДПМНЕ. Во мандатот влегува без поддршка на опозицијата. Секое сомнително постапување ќе се смета за директно исполнувње на долгот кон партијата која го избрала“, рече ТренчевскаТаа посочи дека кандидатот Ненад Савески има професионално искуство кое, како што рече, не може да се игнорира, но предупреди дека постои ризик од политичко влијание врз обвинителството.„Не зборуваме против човек, туку против систем кој се гради. Најголемата опасност е намерата обвинителството да стане продолжена рака на политиката“, изјави Тренчевска.Според неа, предлогот за нов Закон за јавно обвинителство содржи одредби кои отвораат простор за, како што оцени, прикриена партизација на институцијата. Таа ги посочи можностите за преземање предмети и оценување на обвинителите како механизми што може да се злоупотребат.„Се создава систем во кој еден човек може да блокира предмети поврзани со афери, под изговор на нестручност“, нагласи Тренчевска.Пратеничката упати и директни прашања до Савески, повикувајќи го да ја гарантира својата независност доколку биде избран.„Дали ќе ги користите овие механизми за да казнувате обвинители кои истражуваат тендери? Дали ќе поднесете оставка ако Владата врши притисок преку буџетот?“, праша таа.Тренчевска додаде дека новиот обвинител ќе треба да покаже дека може да се спротивстави на политичките притисоци и да обезбеди еднаква правда за сите граѓани.„Правдата не смее да биде партиска и контролирана“, порача Тренчевска.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Собранието денес одлучува дали Ненад Савевски ќе биде нов државен јавен обвинител

Пратениците во Собранието на Македонија денес треба да гласаат за избор на нов државен јавен обвинител.Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.За да ја преземе функцијата, потребна е поддршка од најмалку 61 пратеник.Роден е во 1976 година и живее во Гостивар. По професија е магистер по правни науки од областа на казненото право, а студиите и магистерските студии ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосудниот испит го положил во 2003 година.Од 2016 година работи како судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, од 2009 до 2016 година бил јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година работел како стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Кариерата ја започнал како судски приправник во истиот суд.Во својата професионална биографија има и повеќе меѓународни ангажмани, меѓу кои како експерт во ОБСЕ во Македонија, како и во проекти на Советот на Европа и УСАИД. Учествувал и во работни групи за судски и законски реформи и во проекти поврзани со кривичната постапка, притворот и посебните истражни мерки.Покрај судската кариера, Савевски е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и автор и коавтор на повеќе стручни трудови и публикации од областа на кривичното право и човековите права.На огласот за избор на државен јавен обвинител се пријавија и в.д. обвинителката Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати – Тополова-Исајловска, Ристовска, Савевски и Раичевиќ, додека за кандидатурата на Панчевски беше утврдено дека не ги исполнува законските услови во однос на работниот стаж.По оставката на Љупчо Коцевски, функцијата привремено ја извршуваше Анита Тополова-Исајловска како вршител на должност. Според Законот за јавното обвинителство на Северна Македонија, новиот државен јавен обвинител се избира во Собранието со најмалку 61 глас од пратениците.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycl110j678ql5ce0jFtP

Мицкоски: Не го познавам лично Савески, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савески, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави:Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савески, може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Јас лично не го познавам Ненад Савески, но од она кое што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно да не речам одличен нов државен јавен обвинител“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања