Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Собранието денес одлучува дали Ненад Савевски ќе биде нов државен јавен обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Пратениците во Собранието на Македонија денес треба да гласаат за избор на нов државен јавен обвинител.

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.

— реклама —

За да ја преземе функцијата, потребна е поддршка од најмалку 61 пратеник.

Роден е во 1976 година и живее во Гостивар. По професија е магистер по правни науки од областа на казненото право, а студиите и магистерските студии ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосудниот испит го положил во 2003 година.

Од 2016 година работи како судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, од 2009 до 2016 година бил јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година работел како стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Кариерата ја започнал како судски приправник во истиот суд.

Во својата професионална биографија има и повеќе меѓународни ангажмани, меѓу кои како експерт во ОБСЕ во Македонија, како и во проекти на Советот на Европа и УСАИД. Учествувал и во работни групи за судски и законски реформи и во проекти поврзани со кривичната постапка, притворот и посебните истражни мерки.

Покрај судската кариера, Савевски е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и автор и коавтор на повеќе стручни трудови и публикации од областа на кривичното право и човековите права.

На огласот за избор на државен јавен обвинител се пријавија и в.д. обвинителката Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.

Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати – Тополова-Исајловска, Ристовска, Савевски и Раичевиќ, додека за кандидатурата на Панчевски беше утврдено дека не ги исполнува законските услови во однос на работниот стаж.

По оставката на Љупчо Коцевски, функцијата привремено ја извршуваше Анита Тополова-Исајловска како вршител на должност. Според Законот за јавното обвинителство на Северна Македонија, новиот државен јавен обвинител се избира во Собранието со најмалку 61 глас од пратениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 21 час

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања