Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ленче Ристоска беше оттурната и покрај кредбилитетот, рече Зајкова која упати порака до идниот државен обвинител Савески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library5671oo59c22e9ItTT2O

Пратеничката Моника Зајкова (ЛДП) оцени дека изборот на нов јавен обвинител е тест дали државата ќе обезбеди вистинска или селективна правда. Таа критикуваше што прво се избира обвинител, па потоа се менуваат закони, и дека иако процедурите се испочитувани, впечатокот е дека Владата има клучна улога. Зајкова го спомена и случајот со обвинителката Ленче Ристоска како пример за оттурнување професионалци, што ја руши довербата. До новиот обвинител Ненад Савески порача дека е потребна храброст за независност, отворање застојани предмети и еднаквост пред законот, а до власта – да не се меша во правосудството.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, во обраќање до јавноста оцени дека изборот на нов јавен обвинител не е само кадровско прашање, туку клучен тест за тоа дали државата конечно ќе обезбеди вистинска правда или ќе продолжи практиката на селективност.

Таа посочи дека со години се води иста дебата за правосудството, без суштински промени, и ја критикуваше постапката во која прво се избира обвинител, а потоа се менуваат законските решенија.

— реклама —

„Ова е избор кој значи тест за институциите и за тоа дали конечно ќе имаме вистинска правда или ќе продолжи селективната правда“, истакна Зајкова.

Според неа, иако формално процедурите биле испочитувани, суштинскиот впечаток е дека Владата ја има клучната улога во изборот.

— реклама —

„Повторно се создаде впечаток дека политиката има последен збор таму каде што треба да владее правото“, рече Зајкова.

Таа го посочи и случајот со обвинителката Ленче Ристоска, за која оцени дека била оттурната и покрај нејзиниот кредибилитет.

„Кога се оттурнуваат професионалци, а се туркаат погодни решенија, довербата кај граѓаните ќе продолжи да паѓа“, додаде таа.

Зајкова нагласи дека проблемот не е во поединечни имиња, туку во системот на избор кој, според неа, секогаш остава простор за сомнеж за политичко влијание.

Во своето обраќање таа упати порака и до новиот јавен обвинител, Ненад Савески, оценувајќи дека пред него стои голема одговорност.

„Не е доволно да сте добар правник, потребна е храброст – да се оттурне политиката од обвинителството, да се отворат предмети што со години стоеле затворени и да се покаже дека законот важи за сите“, истакна Зајкова.

Таа порача дека граѓаните не бараат совршен обвинител, туку праведен и независен.

„Имате шанса да ја вратите довербата и да покажете дека правдата не е мртва. Или ќе ја ослободите правдата, или ќе останете соучесник“, рече Зајкова.

Воедно, таа упати порака и до власта да не се меша во правосудството.

„Правдата не е ваша алатка. Институциите не се партиски продолжетоци и секое вмешување ќе биде препознаено и осудено“, нагласи таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 23 часа

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања