Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarys80ub7ej27glaHIc48F

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел соопшти дека имал, како што ја опиша, „пријателска и продуктивна средба“ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласувајќи дека разговорот бил во духот на заемна доверба и поддршка за европскиот пат на Македонија.

— реклама —

„Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта. Првата средба ја имавме точно пред една година кога тој беше избран на оваа функција и од тогаш негуваме пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба,“ изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој истакна дека повторно било разговарано за приближувањето на земјата кон Европската Унија и формалното отпочнување на преговорите, при што македонската страна ги потврдила „единствените и достоинствени позиции“ кои произлегуваат од досегашното искуство во евроинтегративниот процес. „Сето она што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта,“ рече Мицкоски, наведувајќи дека меѓу темите биле и гасниот интерконектор со Србија, крак од гасоводот кон Косово, како и прашањето со тарифите за извоз на челик и челични производи.

— реклама —

Како дел од разговорите, Мицкоски посочи дека бил разгледан и заеднички проект со Европската комисија, поврзан со развојни инвестиции во Кочани и кочанскиот регион, што тој го оцени како стратешки важен за земјата.

Премиерот најави дека престојот во Брисел продолжува со настан организиран од „Еуроњуз“, а вечерта ќе има работна вечера со европската комесарка Марта Кос. „Сè на сè, можам да кажам дека беше исклучително успешна средба и сигурен сум во позитивни вести,“ изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 13 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 20 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања