Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ ќе биде наш главен фокус на Самитот на ЕПП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryqlb7mrfnpo75fHGOOS9

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брисел информира дека партијата учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде во фокус ќе бидат глобалните предизвици, но и процесот на проширување на Европската Унија.

— реклама —

„Два дена сме овде во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека покрај официјалната прослава, ќе се одржи и Самит на лидери од партиите членки на ЕПП, на кој ќе се разговара за клучни глобални теми.

— реклама —

„Ќе разговараме за економската перспектива на Европа, за глобалните предизвици, војната во Украина, состојбите во Заливот и Иран, но и за зголемување на конкурентноста“, рече Мицкоски.

Како што нагласи, за ВМРО-ДПМНЕ особено важна тема ќе биде проширувањето на Европската Унија, како и презентацијата на реформите што, според него, ги спроведува Владата.

„Наш посебен интерес е разговорот за проширувањето на ЕУ и постигнувањата и реформите што ги реализиравме во изминатиот период како Влада“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 14 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања