Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски од Давос, лобира за стратешки енергетски проекти: „Бошков мост“, „Чебрен и Галиште“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library9mfic5t8cgbl8fsPH2a

Премиерот Христијан Мицкоски од Светскиот економски форум во Давос порача дека Македонија активно лобира за реализација на клучни стратешки енергетски проекти, нагласувајќи дека „Бошков мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ веќе го привлекле интересот на меѓународни инвеститори.

— реклама —

Мицкоски информира дека денот го започнал со билатерална средба со претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, по што следувале низа разговори со претставници на мултинационални компании со значајна улога во глобалниот бизнис. Во фокусот на дискусиите биле темите што доминираат на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, развојот на дата-центрите и зголемените потреби од електрична енергија.

— реклама —

Според него, разговорите со водечки компании во управувањето со дата-центри ги отвориле прашањата за идниот раст на производството на електрична енергија и потребата од зајакнување на енергетската инфраструктура. Во тој контекст, Мицкоски ги истакнал проектите за производство на струја, како и инвестициите во подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас, кои Владата ги смета за приоритетни.

— реклама —

На панел-дискусија во Давос, премиерот за првпат пред меѓународната публика ги презентирал проектите „Бошков мост“, „Чебрен“ и „Галиште“, оценувајќи дека тие се од суштинско значење за енергетската иднина на државата. Тој изрази уверување дека проектите предизвикале голем интерес, посочувајќи дека по завршувањето на панелот биле остварени директни контакти со потенцијални инвеститори.

„Ги поканив да дојдат во Македонија, да ги презентираме нашите потенцијали и инвестициските можности. Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата и ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Премиерот најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел посветен на промоција на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, изразувајќи оптимизам дека и тој ќе резултира со конкретни интереси и партнерства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 16 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања