Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски од Минхен: Европа и Америка мора да останат партнери во решавањето на глобалните предизвици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library6pgjnjf7i9843kq2MSq

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од Минхен информираше за активностите во рамките на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција, каде што остварил повеќе средби и присуствувал на обраќања посветени на глобалните безбедносни и економски предизвици.

— реклама —

Денот, како што посочи, започнал со средба со Тед Дојч, претседател на Американско-еврејскиот комитет, на која биле разгледани актуелните безбедносни прашања и потребата од зачувување на мирот како врвен политички приоритет. Мицкоски истакна дека мирот мора да остане основна цел кон која политичарите треба постојано да се стремат.

— реклама —

Потоа присуствувал на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, кое го оцени како инспиративно и значајно во контекст на глобалните односи. Според Мицкоски, во фокусот на говорот биле светските безбедносни предизвици, како и, како што нагласил Рубио, нераскинливата врска меѓу Европа и Америка. Посебно била потенцирана потребата од продолжување на партнерството и соработката, не само во рамките на НАТО-алијансата, туку и во поширокиот контекст на справување со безбедносните и економските предизвици.

— реклама —

На маргините на конференцијата, Мицкоски остварил билатерална средба со холандскиот премиер. Во разговорите, како што наведе, биле отворени три клучни теми за Македонија. Првата се однесувала на заедничката конституенца со Холандија во рамките на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Втората тема била насочена кон холандските инвестиции во земјава и можностите за соработка со мултинационалната компанија „Филипс“, особено во здравствениот сектор. Третата тема се однесувала на евроинтегративниот процес на Македонија и напредокот кон членство во Европската Унија.

Мицкоски најави дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни средби, меѓу кои и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и со амбасадорот Ричард Гренел и претставник на финансиската групација „Голдман Сакс“. Тој порача дека активностите во Минхен ќе донесат позитивни вести и нови можности за македонските граѓани и за државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 6 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 13 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања