Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИНХЕН

media-librarycmvnv5id63kg3GRHqKy

Обилни снежни врнежи го блокираа аеродромот во Минхен – патници на Луфтханза ја поминаа ноќта во авион

Патниците на летот LH2446 на компанијата Луфтханза од Минхен до Копенхаген ја поминаа ноќта во авионот откако летот беше откажан поради обилни снежни врнежи и затворање на аеродромот.Летот беше закажан за петок во 21:30 часот, но по повеќе одложувања целосно беше откажан додека патниците веќе беа качени во авионот Ербас A320neo, кој се наоѓаше на оддалечена позиција на пистата, пренесува германскиот портал T-online.Според пишувањата на медиумите, екипажот ги информираше патниците на секои 30 минути за обидите да се организираат автобуси кои би ги вратиле до терминалот.Околу два часот по полноќ, патниците беа информирани дека аеродромот е затворен и дека нема повеќе возачи на автобуси, па мораа да останат во авионот до утринските часови. Ситуацијата беше дополнително отежната поради конфигурацијата на кабината наменета за кратки летови, со тесни седишта и без ќебиња и перници, додека залихите на храна и пијалоци беа ограничени.Аеродромот во Минхен, едно од главните јазли на Луфтханза, има строга забрана за ноќни летови од полноќ, што дополнително го комплицираше решавањето на ситуацијата. Патниците беа пренесени до терминалот дури во раните утрински часови и пренасочени на други летови за Копенхаген. Првиот утрински лет во 6:40 часот исто така каснеше околу еден час.Од Луфтханза соопштија дека причината за нарушувањето биле обилните снежни врнежи кои довеле до привремено затворање на пистите и дека компанијата жали за непријатностите кои ги претрпеле патниците.

Свет | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Си-Ен-Ен: Рубио и се закани на Европа од Минхенската безбедносна конференција

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остра порака до Европа на Минхенската безбедносна конференција, повикувајќи ги долгогодишните сојузници на суштинска промена на вредносниот систем, со предупредување дека во спротивно ризикуваат да бидат оттурнати на маргините на новата геополитичка реалност. Иако говорот беше обвиен во пријателски тон и потсетување на заедничката историја, суштината на пораката беше недвосмислена – Вашингтон очекува реформа не само во одбранбените буџети, туку и во идеолошката и политичката ориентација на европските држави.Рубио нагласи дека Соединетите Американски Држави се „дете на Европа“ и дека нивните судбини се нераскинливо поврзани, изјава која беше поздравена со аплауз од присутните. Но зад реториката за заедништво се наѕираше пораката дека Соединетите Држави се подготвени за „обнова“, но исклучиво во согласност со сопствените вредности.Меѓу нив ги навел заштитата на христијанското наследство, построга гранична политика и напуштање на одредени климатски стратегии. Според Си-Ен-Ен, пораката кон европските либерални лидери била јасна – нивниот светоглед е доведен во прашање, а политичкиот притисок може да се засили.Пораката беше интерпретирана како директен предизвик за либералните европски влади, особено во контекст на засилените внатрешнополитички турбуленции и подемот на популистичките движења.Говорот на Рубио дојде во момент кога неколку европски лидери претходно ја нагласија потребата од автономна европска безбедносна политика. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека културните конфликти од американската политичка сцена не се битки што Европа треба да ги води, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја потенцираше важноста на територијалниот суверенитет и правото на државите самостојно да ги уредуваат прашањата поврзани со демократијата и дезинформациите.На конференцијата силен впечаток остави и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој говореше за тешката состојба во својата земја и за цената што Украина ја плаќа во одбрана на својот суверенитет. Тој потсети дека енергетската инфраструктура е постојана цел на напади и дека, според украинските податоци, секој освоен километар од страна на Русија чини човечки животи. Зеленски укажа дека притисокот за отстапки премногу често се насочува кон жртвата, а не кон агресорот.Во исто време, Рубио само накратко се осврна на Украина, навестувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не е уверена дали Русија навистина е подготвена за траен мир. Таа изјава делумно се разликува од претходните ставови на Трамп, кој тврдеше дека постои волја за договор.Општата атмосфера во Минхен откри дека Европа се соочува со ограничени финансиски ресурси и внатрешни политички предизвици, што дополнително ја усложнува нејзината позиција во односите со Вашингтон. Иако се најавуваат зголемувања на трошоците за одбрана, конкретните резултати сè уште изостануваат.Перспективата за наредната година останува неизвесна. Во неколку европски држави се очекуваат изборни процеси, а и во Соединетите Американски Држави политичката динамика ќе продолжи да влијае врз надворешната политика. Во таков контекст, иднината на трансатлантските односи ќе зависи од тоа дали ќе преовладаат компромисот и соработката или ќе се продлабочат разликите во визиите за улогата и вредностите на Западот.

Свет | пред 1 месец

media-library6pgjnjf7i9843kq2MSq

Мицкоски од Минхен: Европа и Америка мора да останат партнери во решавањето на глобалните предизвици

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, од Минхен информираше за активностите во рамките на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција, каде што остварил повеќе средби и присуствувал на обраќања посветени на глобалните безбедносни и економски предизвици.Денот, како што посочи, започнал со средба со Тед Дојч, претседател на Американско-еврејскиот комитет, на која биле разгледани актуелните безбедносни прашања и потребата од зачувување на мирот како врвен политички приоритет. Мицкоски истакна дека мирот мора да остане основна цел кон која политичарите треба постојано да се стремат.Потоа присуствувал на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, кое го оцени како инспиративно и значајно во контекст на глобалните односи. Според Мицкоски, во фокусот на говорот биле светските безбедносни предизвици, како и, како што нагласил Рубио, нераскинливата врска меѓу Европа и Америка. Посебно била потенцирана потребата од продолжување на партнерството и соработката, не само во рамките на НАТО-алијансата, туку и во поширокиот контекст на справување со безбедносните и економските предизвици.На маргините на конференцијата, Мицкоски остварил билатерална средба со холандскиот премиер. Во разговорите, како што наведе, биле отворени три клучни теми за Македонија. Првата се однесувала на заедничката конституенца со Холандија во рамките на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Втората тема била насочена кон холандските инвестиции во земјава и можностите за соработка со мултинационалната компанија „Филипс“, особено во здравствениот сектор. Третата тема се однесувала на евроинтегративниот процес на Македонија и напредокот кон членство во Европската Унија.Мицкоски најави дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни средби, меѓу кои и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и со амбасадорот Ричард Гренел и претставник на финансиската групација „Голдман Сакс“. Тој порача дека активностите во Минхен ќе донесат позитивни вести и нови можности за македонските граѓани и за државата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvceernmqv5uc4ILdCFW

Десетина летови пренасочени, хаос на аеродромот во Минхен

Двете писти на аеродромот во Минхен синоќа беа затворени по вторпат за помалку од 24 часа, откако службите повторно пријавија забележани дронови над аеродромското подрачје. Германската контрола на летање, како мерка на претпазливост, ги ограничи летовите и ги запре сите слетувања и полетувања до понатамошно известување, соопшти управата на аеродромот.Според податоците од системите за следење на летови, најмалку два авиона кои летаа кон Минхен кружеле во близина на аеродромот, а најмалку десет планирани пристигнувања биле пренасочени по 20:35 часот. Од аеродромот посочија дека, доколку летовите не се обноват истата вечер, бројот на патници кои ќе останат заглавени би можел да биде поголем од претходниот ден, кога околу 3.000 лица преноќија на терминалите.Германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добриндт, најави законски измени со кои ќе се олесни постапката полицијата да побара ангажирање на вооружените сили за неутрализирање дронови што ја загрозуваат безбедноста на воздушниот сообраќај.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqjm2pgvnpaksaIQOuT8

Експлозии и пукање во Минхен, на улиците се распоредени специјални полициски сили

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“. За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryd75r7m54g94reXqzV87

Случаи на сексуално насилство и апчиња за силување забележани на Октоберфест

Во првата недела од светски познатиот фестивал на пиво Октоберфест во Минхен се зголемил бројот на девојки и жени кои побарале помош во споредба со претходната година. Иницијативата „Безбеден Октоберфест за девојки и жени“ забележала 197 случаи, во споредба со 181 лани, според организаторите.Во шест случаи постоело сомневање дека на гостинките им биле дадени апчиња за силување. Организаторите предупредуваат дека бројот на непријавени случаи е многу поголем.Многу од оние кои побарале помош биле од странство, главно од САД, а две третини биле помлади од 30 години.Во 12 случаи посетителките побарале помош поради сексуално или физичко насилство, додека 14 случаи биле поврзани со напади на паника предизвикани од големите толпи или проблеми со менталното здравје.Октоберфест оваа година трае од 20 септември до 5 октомври. Според портпаролот на градот Минхен, на првиот ден имало 300.000 посетители. Цената на литар пиво надминува 15 евра.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања