Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Обилни снежни врнежи го блокираа аеродромот во Минхен – патници на Луфтханза ја поминаа ноќта во авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarycmvnv5id63kg3GRHqKy

Патниците на летот LH2446 на компанијата Луфтханза од Минхен до Копенхаген ја поминаа ноќта во авионот откако летот беше откажан поради обилни снежни врнежи и затворање на аеродромот.

Летот беше закажан за петок во 21:30 часот, но по повеќе одложувања целосно беше откажан додека патниците веќе беа качени во авионот Ербас A320neo, кој се наоѓаше на оддалечена позиција на пистата, пренесува германскиот портал T-online.

— реклама —

Според пишувањата на медиумите, екипажот ги информираше патниците на секои 30 минути за обидите да се организираат автобуси кои би ги вратиле до терминалот.

Околу два часот по полноќ, патниците беа информирани дека аеродромот е затворен и дека нема повеќе возачи на автобуси, па мораа да останат во авионот до утринските часови. Ситуацијата беше дополнително отежната поради конфигурацијата на кабината наменета за кратки летови, со тесни седишта и без ќебиња и перници, додека залихите на храна и пијалоци беа ограничени.

— реклама —

Аеродромот во Минхен, едно од главните јазли на Луфтханза, има строга забрана за ноќни летови од полноќ, што дополнително го комплицираше решавањето на ситуацијата. Патниците беа пренесени до терминалот дури во раните утрински часови и пренасочени на други летови за Копенхаген. Првиот утрински лет во 6:40 часот исто така каснеше околу еден час.

Од Луфтханза соопштија дека причината за нарушувањето биле обилните снежни врнежи кои довеле до привремено затворање на пистите и дека компанијата жали за непријатностите кои ги претрпеле патниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqkd6bvftg02ndOxZnwy

Германија ја зајакнува одбраната и планира проширување на армијата

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Германија го менува индустрискиот курс: од автомобилски ленти кон одбранбени погони

Свет | пред 1 ден

germanija-zname

Берлин и возврати на Москва: „Нема да не заплашите“

Свет | пред 2 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Германците предупредени: „Шокот од цените на енергенсите ќе потрае“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања